ДПМНЕ манипулира со охридската јавност, обвинуваат од СДСМ

Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвинуваат од општинската СДСМ.

 |  Јаковлева Лионела  | 
sdsm
сдсм

 

Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвинуваат од општинската СДСМ. Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. За блокираните сметки на училиштата во Охрид вината исклучиво ја сноси Министерството за образование и наука, велат од СДСМ. По освојувањето на локалната власт, за таквата состојба неоправдано и популистички ја  обвинија поранешната локална власт и директорите на училиштата, додаваат од таму Сметките на училиштата, на спектакуларен и бомбастичен начин, преку вистински медиумски театар, беа одблокирани од истата власт на ДПМНЕ, но сега на локално ниво. Таквата состојба беше искористена на најгруб начин, со закани и притисоци, да бидат сменети директорите на училиштата. Веднаш потоа, на првиот ден од учебната година, преку 60 стручни, соодветни и искусни наставници и професори беа на крајно непрофесионален и штетен начин отстранети од системот на образованието во општината, поради непродолжување на договорите за работа. александар кузески

Еве ја и основната причина за блокирањето на сметките на училиштата – непочитување на Законот за работни односи на РМ, т.е. неисплаќање на отпремнина на пензионираниот наставен кадар од страна на Министерството за образование и наука. Наставниците, што по сила на закон се пензионираа во текот на 2011, 2012 и 2013 год., а во поголемите основни училишта во овој период имаше по 6-7 пензионирани наставници, кога видоа дека имаат работа со власт која не ги почитува законите, поднесоа тужби до училиштата. Отпремнината за секој од овие наставници изнесуваше околу 40 илјади денари, но со судските трошоци и каматите оваа сума достигна и до 80 илјади денари по човек. Тоа значеше дека секое училиште, поради извршни судски одлуки, за наведениот период требаше да исплати повеќе од половина милион денари. Со оглед на фактот што училиштата не располагаат со толкави средства, нивните сметки беа блокирани со судски извршни решенија, рече Александар Кузески, оиртпаролот на ОО на СДСМ.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top