Ознака: нови

logo

СДСМ: Градските власти повторно полнат со партиски кадри

Post Views: 0 Само неколку седмици по објавениот оглас за прием на 10 нови државни службеници во општинската администрација, градските власти во Охрид повторно полнат со партиски кадри на товар на општинскиот буџет. Овој пат во ЈП Охридски комуналец, за каде што е објавен оглас за прием на 38 нови работници кои би биле работно ангажирани во рок од 45 дена. Зошто и понатаму се вработуваат луѓе во општинските служби и јавни претпријатија, кога градските власти од ВМРО-ДПМНЕ веќе две години се жалат на превработеност во општинските институции? Во периодот од 4-ти до 9-ти февруари 2015...

Continue reading

lezecki pol

Се уништуваат „Лежечките полицајци“ во Охрид

Post Views: 17 Појавата на уништување на сообраќајната сигнализација низ охридските улици, загрижувачка. Тие се предмет на вандалско однесување на несовесни поединци. Речиси и да не постои успорувач на брзина или народно кажано лежечки полицаец во градов кој е во добра состојба. На места фалат делови, а има и такви улици каде успорувачите се целосно откорнати. Ваквата состојба не ги задоволува стандардите за безбеден сообраќај, велат граѓаните. Овој проблем добро им е познат и во Секторот за комунални дејности сообраќај и патишта при општина Охрид. Љупчо Танески од овој сектор вели...

Continue reading

sdsm

Вмро Дпмне вработува партиски војници во администрација, обвинуваат охридските социјалдемократи

Post Views: 2 На Нова година и Божик  течеше оглас за 10 нови вработувања во општинската администрација, рече на денешната прес конференција советничката од редовите на СДСМ, Жаклина Лазареска. ВМРО ДПМЕН не реализира ни еден од капиталните проекти кои ги ветија, а немаат капацитет да организираат ни ефикасна и професионална општинска администрација, потенцира Лазареска. „ Се прашуваме зошто Бакрачески не ги искористи постоечките кадровски потенцијали во општината и ЈП туку ја оптеретува општинската каса со нови вработувања на партиски војници на ВМРО ДПМНЕ“, запраша  Лазареска. Во...

Continue reading

teatar

Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар

Post Views: 3 Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна. „Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и нова...

Continue reading

Осум нови наслови во Охридската Библиотека

Post Views: 0 Побарајте ги:  „Сребрениот дух на езерото сонува“ од Мерсиха Исмајлоска во издание на Бата Прес, „Мајчината порака“ од Атанас Бојаровски, самостојно издание помогнато од Министерството за култура. Не помалку провокативни со својата содржина се и следните наслови: „Човек без адреса“ од Јусуф Сулејман во издание на Академски печат , „Училиште за скандал“ од Ричард Шериден во издание на Перун Артис и „Нож“ од Владимир Попов, Култура. Свои пораки и животни приказни меѓу кориците „кријат“ и книгите: „Патешествие низ времето“ од Ибраим Џемаил и драмите „Трудница“ и „Тајни“...

Continue reading

logo

Во новата година обавезно ќе …

Post Views: 1 Доаѓањето на Новата година, кај нас често предизвикува ентузијазам, возбуда и можност за нови одлуки, резолуции и промени. Календарската промена е најпогодна почва за симболични и идни јубилејсни победи и успешни потфати кои ќе си ги зацртаме во овие празнични денови.  Д-р Јулијана Василевска- Специјалист по психијатрија – Општата болница во Охрид вели дека овие денови знаат да бидат вистински засилувачи на вољата особено во овие стресни времиња. „Добро е за луѓето што постојат овие празници и традиции кои не враќаат во минатото во детството што е една безбедна...

Continue reading

Facebook воведе нови опции во својата мобилна апликација

Post Views: 0 Facebook  воведе неколку нови функционалности во својата мобилна апликација за iOS и Android, со што искуството со управување на фотографии го приближи со можностите на десктоп апликацијата. Имено, мобилните корисници сега можат да го избираат саканиот редослед на фотографии при нивното поставување на Facebook. Откако ќе се одбере фотографијата има можност да се види и прегледа галеријата како ќе изгледа по објавувањето. Корисниците исто така ќе можат да напишат краток опис на целата “фото-приказна” и да додадат текст на секоја поединечна фотографија, како и да ги распоредат...

Continue reading

reka

Ќе се анализира загадувањето кое го предизвикуваат реките Сатеска, Велгошка и Коселска

Post Views: 13 Реките Коселска, Сатеска и Велгошка идентификувани како системски загадувачи на Охридското Езеро. Главната причина според еколошкото друштво „Грашница“ се пестицидите и вештачките ѓубрива кои земјоделците по течението на овие реки ги користат. Екологистите од „Грашница“ заедно со „Гаус институт“-Фондација за нови технологии како и Институтот за еколошки политики од Тирана ќе го следат загадувањето токму од овие три реки, но и реките од албанска страна кои се вливаат во Охридското Езеро. Воедно, во рамките на проектот „Инцијатива за одговорно планирање и управување со...

Continue reading

tezgi

Новогодишните дрвени тезги се модифицираат

Post Views: 0 И денеска нови модификации на новогодишните тезги на плоштадот Крушевска република. Само 24 часа после нивното поставување дрвените тезги претрпуваат измени. Денес затекнавме како вработени од ЈП Охридски пазар поставуваа шиндра на тезгите. Додека пак дел од закупците, за да создадат повеќе продажен простор за изложување на новогодишните украси, поставуваа  дрвени летви. „Па како што е кажано од градоначалникот така да се средат, да личат на тезга, да немаме проблеми со луѓево, бидејќи така рекоа дека не биле добри, ќе дојдат гости за да биде убаво. Луѓе сме можеби...

Continue reading

patlizan

Кинезите создадоа „супер зеленчук“ во вселената

Post Views: 9 Кинески научници создадоа „супер зеленчук“ од семе испратено со сателит во вселената, благодарејќи на вселенската радијација која ги смени гените на испратените видови. Од вселената со сателит се вратија џиновска краставица и домат со уште некој брзорастечки зеленчук, памук и цвеќе, добиени со помош на оваа нова техника. Научниците соопштија дека доколку се потврдат резултатите од вселенското одгледување, тоа би можело да им претставува конкуренција на генетски модифицираните видови кои се добиваат со скапи лабораториски промени. – Кинеските резултати докажаа...

Continue reading

posta

Охридската пошта кубури со кадар

Post Views: 7 Охридската пошта кубури со поштари и шалтерски работници. Дека има потреба од нови вработувања потврдува и директорот на Македонска пошта подружница Охрид, Сејфула Хани. Во моментов околу 20 работни места се празни и потребно е нивно потполнување. Првиот човек на охридската подружница  додава дека прават напори за брзо време да се надмине овој горлив проблем и веќе од Министерството за финансии чекаат согласност за нови вработувања. „Според законот имаме монопол за поштенски услуги,  посебно за работата што ја вршат поштарите за доставувањето и мислам дека тука имаме...

Continue reading

bolnica

Нова програма во болничките установи

Post Views: 8 Директорот на Општа болница Охрид, еден ден во неделата после работно време, три часа ќе биде резервиран за пациентите и персоналот. Тоа го налагаат новините од Министерството за здравство вели Љубен Арнаудов, првиот човек на Општа болница Охрид. „Конкретно за нас определивме во четврток од 17 до 20 часот во мојата канцеларија можат да доаѓаат сите лекари кои имаат забелешки пофалби или поплаки исто и пациентите за било кој проблеми, кои сметаат дека ги имаат и дека можат да се решат тука можат да доаѓаат. Ние сме должни тоа јавно да го објавиме на огласни табли“ –...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top