• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар

Нови лица, нови претстави и детско драмско студио-дел од новитетите на Охридскиот народен театар

Шест нови лица вработени во Охридскиот народен театар. По двајца актери, режисери и драматурзи ќе се придодадат на постоечката екипа на театарот кој на крајот од месецов започнува со репертоарот за 2015та година. Најавуваат три театарски премиери, детска претстава и младинско театарско студио.

 |  Мишел Наумоски  | 
teatar
театар

Актерите Филип Кировски и Елизабета Стефановска, режисерите Ирена Стеријовска и Ѓорѓи Ризевски, како и двајцата драматурзи Зоран Пејковски и Кристина Тодороска-Петреска се новите лица во Народниот театар од Охрид. Дополнувањето на постоечката екипа на охридскиот театар, според директорот Горан Стојаноски значи проширување на капацитетите на театарот, а со тоа и намалување на потребата за ангажирање на режисери, драматурзи и актери од страна.

novi akteri teatar„Очекуваме крајот на месецов, ова е фаза на планирање и веќе стартување на подготовки на дел од репертоарот со проби како и нова претстава, детска претстава за која треба да почне со подготовки на 21ви Јануари. За текстот и за авторот ќе ве известиме подоцна, во моментов е прашање кој текст ќе биде избран. Очекуваме веќе на 30ти да почнеме со репертоарот и нормално континуирано во текот на февруари ќе се играат оние претстави кои се веќе на репертоарот и оние луѓе кои не ги виделе, ќе можат да ги видат.“-вели директорот на Народниот театар од Охрид, Горан Стојаноски.

Во делот на програмата за 2015та година, Стојаноски вели дека имаат одобрено три проекти од страна на Министерството за култура и тоа колаж од Харолд Пинтер на режисерката Нела Витошевиќ, „Бегство“ од  Булгаков во режија на Драгана Танески и претставите кои во својата работна верзија се насловени „Псалми“. Освен новите претстави, Стојаноски најави и други новитети во Народниот театар.

teatar pretstavi„Планираме некаде во средината на февруари да започне детско младинско театарско студио, на некој начин тоа би било како расад понатамошен за таленти, така да очекувам да има една фузија помеѓу аматерскиот дел и професионалниот дел, така да без аматеризмот, не може да проникне професионализмот, а професионализмот и сами гледате дека со она што се случува како концепт и програма наша и на Министерството за култура, продолжува со еден силен чекор и дека тоа се виде дека може да функционира и функционира, така да секое зголемување на капацитетите на една институција навистина е за поздрав.“-рече Стојаноски.

Инаку во моментов, со новите членови, ансамблот на Народниот театар од Охрид брои 16 луѓе и тоа 12 актери, и по двајца драматурзи и режисери. За 2015та година, Стојаноски очекува театарот да одигра барем пет премиери, но и учество на бројни фестивали на драмата, меѓу кои и фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top