Ознака: миладиновци

Miladinovci

Со Зборникот на Браќаат Миладиновци започна националното освестување на македонскиот народ

Post Views: 0 Во Струга, синоќа се чествуваше јубилејот 150 години од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. На свечената академија беше потенцирано значајното дело на струшките преродбеници во средината на 19 век. Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов истакна дека Македонија  годинава одбележуваат два знајачни јубилеи. Со Зборникот на Браќата Миладиновци се одбележува духовното освестување на Македонците, а со јубилејот 20 години независна Македонија се слави политичката слобода. „Овие два настани ги поврзува стремежот на македонскиот народ за ослободување....

Continue reading

naucen simpozium

Отворен научен симпозиум во Струга

Post Views: 7 Поводи кои секогаш даваат можност да се вратиме на својата историја. Во рамките на одбележувањето на големите јубилеи и годишнини поврзани со делото на браќата Миладиновци, 200 години од раѓањето на Димитар, 150 години од излегувањето на зборникот е и научниот симпозиум кој денес свечено беше отворен во спомен домот на браќата Миладиновци. Директорот на НУ Музеј „Др Никола Незлобински“, доц. Др Сашо Цветкоски вели дека уште при основање на спомен домот на Браќата Миладинвци, некаде во 70 сетите години од минатиот век, замислата била овој простор да биде музејска институција,...

Continue reading

Jubilej Strushki veceri na poezijata

Јубилеј за паметење

Post Views: 1 Струга, еден од највоспеаните градови во светската литература во Македонија, е прагот низ кој поминале илјадници поети, кои на илјадници јазици ги испеале своите поеми. Со музичката изведба на антологиската поема Т’га за југ, од страна на тенорот Благој Нацески и палењето на фестивалскиот оган, синоќа беше означен почетокот на 50-то јубилејно издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. На свеченото отворање на манифестацијата кои се случи на Мостот на поезијата,  беа прочитани и стихови од досегашни добитници на Златниот венец на поезијата како и од годинешниот...

Continue reading

Иван Џепароски ја понесе наградата „Браќа Миладиновци“ за „Светлината на Света Гора“

Post Views: 9 Иван Џепароски, ја понесе наградата „Браќа Миладиновци“, за книгата „Светлината на Света Гора“. Паричната награда авторот во целост ја донираше за две намени. Првата во полза на настраданите од поплавите во Скопје, а втората за Бигорскиот манастир во фондот за изградбата на конаците, бидејќи Џепароски смета дека овој манастир најнепосредно е врзан за Света Гора кој ја подржува Светогорската и монашката традиција. Авторот изрази голема благодарност кон жири комисијата и кон организацијата на СВП за искажаната доверба „Она што се случуваше изминативе 5-6 години по завршување...

Continue reading

Spomenik Miladinovci

150 години од Зборникот на Миладиновци

Post Views: 4 Стихови кои се кажувале, се кажуваа и ќе се кажуваат. Едно од најголемите сведоштва дека македонскиот народ има богата и разновидна народна книжевност е Зборникот на народни умотворби, од надалеку прочуените македонски просветители, браќата Миладиновци.  Денес се навршија 150 години од  издавањето на Зборникот, кој како јубилеј за жал се одбележа скромно. Потомокот на браќата Миладиновци, Ристе Миладин, вели дека ова одбележување треба да биде на повисоко ниво бидејќи не се работи за излегување на една секојдневна книга, туку дека се работи за едно библиско и капитално...

Continue reading

Radomir Andric

Радомир Андриќ, лауреат на „Година на есејот“

Post Views: 9 Струга во знакот на меѓународната манифестација „Година на есејот“. Оваа реномирана манифестација годинава го бележи своето петто издание. Организатор е Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, а по повод 150 годишнината од објавувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. Разме Кумбароски кој во рамките на одбележувањето, освен во тимот на организатори беше вклучен и со промоција на својата книга „Минатата година во Енхалон“, рече дека Струга е спремна за меѓународната манифестација „Година на есејот“. Годинешниот лауреат Радомир Андриќ, вели дека чест е да се...

Continue reading

SVP

Јубилејното издание на СВП ќе се одбележи со бројни содржини

Post Views: 1 Подготовките за јубилејното изданиe на поетската манифестација Струшки вечери на поезијата се во завршна фаза, информира претседателот на Управниот одбор на поетската манифестација, Славе Ѓорго Димоски. Најголемата и најважната поетска манифестација во земјава во последните години добива  нова концепција, а таков  е случајот и со овогодишното издание. Се очекува да биде промовирана поштенска јубилејна марка, издавање на луксузна Монографија на македонски и англиски  јазик, документарен филм посветен на 5-те  децении од  Струшки вечери на поезијата , како и одбележување...

Continue reading

Miladinovci

Свечена академија во чест на раѓањето на Димитар Миладинов

Post Views: 47 Синоќа во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ одржана свечената Академија по повод јубилејот, 200 години од раѓањето на Димитар Миладинов. На неа претседателот на МАНУ академик Георги Старделов, се осврна на значењето и белегот кој браќата Димитар и Константин Миладинови го оставиле врз македонското духовно и културно творештво. Директорот на НУ „д-р Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, истакна дека за прв пат се прославуваат двеста години од еден наш преродбеник, национален деец и личност која ја пали искрата на националната преродба во средината на 19-от век. Министерката...

Continue reading

Braka Miladinovci

Струга бележи голем јубилеј

Post Views: 0 Јубилеј кој е чест да се доживее. Од денес во Струга отпочна одбележувањето на двеста годишнината од раѓањето на најголемиот македонски преродбеник Димитар Миладинов. Првиот човек на НУ „Др. Никола Незлобински“, Сашо Цветкоски, во присуство на  ученици од ОУ „Браќа Миладиновци“, положи свежо цвеќе пред споменикот на Браќата Миладиновци во близина на истоимената спомен куќа. Тој ја потенцира големата важност на браќата Миладиновци, нивниот животен пат и дело. Историчарот Петар Аврамоски цели 10 години го водел спомен домот на браќата Миладиновци, кој се наоѓа во централното...

Continue reading

strosmaer

Јосип Јурај Штросмаер го задолжи македонскиот народ

Post Views: 8 Денес во Охрид се одржа чествување по повод 200 години од раѓањето на хрватскиот културен деец, бискупот Јосип Јурај Штросмаер, познатиот голем народен добротвор. Иницијативата за едно вакво одбележување во Охрид потекна од  М-р Разме Кумбароски, изјави директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“, Александра Белевска. Таа истакна дека Штросмаер се што успеал да направи во животот било во знакот на доблеста, која до особен израз дошла со поддршка за издавањето на капиталното дело Зборникот на Миладиновци. За животот и делотo на Штросмаер се обрати М-р Разме Кумбароски...

Continue reading

Miladinovci

Иницијатива за пронаоѓање на посмртните останки на Миладиновци

Post Views: 6 Друштвото на писателите на Македонија со иницијатива за пронаоѓање и враќање на коските на браќата Миладиновци во Македонија. „За оваа иницијатива македонските писатели ќе ги извести домашните фактори, а од властите во Република Турција ќе побара помош за достапност на архивите и истражување на целокупната документација за Димитрија и Константин Миладинови кои под неразјаснети околности го завршија својот живот во Цариград во 1862. година“, соопштуваат од македонската писателска асоцијација. Денеска ќе му биде оддадена почит на големиот македонски преродбеник од 19....

Continue reading

izgrev

Оркестрирана хајка

Post Views: 0 Овој месец, се очекува да се донесе конечната пресуда за 15 те инволвирани лица во аферата „Изгрев“. Бранителите се пред завршните зборови. Тие побараа ослободителна пресуда бидејќи според нив во досегашната постапка и од материјалните и вербалните докази не биле докажани делата за кои се товарат 13 месечниот притвор на браќата Миладинови сеуште трае и засега нема судска разрешница. Познато е дека Јавното обвинителството  ги терети за организиран криминал и корупција. Деновиве за 7 од вкупно 15 обвинети, за случајот „Изгрев“, бранителите изнесоа завршен збор. Адвокатите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top