• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Со Зборникот на Браќаат Миладиновци започна националното освестување на македонскиот народ

Со Зборникот на Браќаат Миладиновци започна националното освестување на македонскиот народ

Во Струга, синоќа се чествуваше јубилејот 150 години од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци.

 |  Валентина Нелоска  | 
Miladinovci
Миладиновци

Во Струга, синоќа се чествуваше јубилејот 150 години од излегувањето на Зборникот на Браќата Миладиновци. На свечената академија беше потенцирано значајното дело на струшките преродбеници во средината на 19 век.

150-god-zbornik

Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов истакна дека Македонија  годинава одбележуваат два знајачни јубилеи. Со Зборникот на Браќата Миладиновци се одбележува духовното освестување на Македонците, а со јубилејот 20 години независна Македонија се слави политичката слобода. „Овие два настани ги поврзува стремежот на македонскиот народ за ослободување. На 8 август 1991 година ја достигнавме политичката слобода за која копнееле и Илигденците и борците  од периодот на НОБ  и  АСНОМ. Нивната мечта за слобода своите корени ги има во Македонските преродбеници, кои  доведоа до духовно ослободување на Македонскиот народ“, потенцираше претседателот Иванов.

jubilej zbornikАкадемик Георги Старделов во своето обраќање пред голем број стружани, гости, академици, политичари и црковни велико достојници се наврати на колосалниот  национален лик на преродбениците Димитар и неговиот брат Константин. Постариот брат Димитар  како просветен деец и  полиглот, а помладиот Константин како прв македонски лиричар. Академик  Старделов потсети на духовниот потенцијал настанат со излегувањето на Зборникот во 1861 година во Ѓаково. „Со Зборникот на Браќата Миладиновци започна отфрлање на асимилацијата и системското погрчување на македонците. Нивното дело го сметам за национална и просветна програма околу кој се собрале Григор Прличев, Кузман Шапкарев , Марко Цепенков, Партение Зоогрфаски.“ истакна Професор  Старделов.  Македонските инстелектуалци од овој период се залгаа за напуштање на грчкиот јазик од црквите и училиштата и воведување на словенскиот национален говор.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top