Ознака: македонскиот

ministerstvo

Остварена Билатерална средба помеѓу министерот Јолески и Тодешини францускиот државен секретар

Post Views: 0 Остварена билатерална средба помеѓу македонскиот министер за одбрана Зоран Јолески и Државниот секретар  за поранешни борци и историски настани од Министерството за одбрана на Франција, Жан – Марк Тодешини. Министерот Јолески ја отцени досегашната соработка како одлична.„ Разговаравме за зајакнување на соработката во областа на одбраната. Го информиравме гостинот за приоритетите на РМ  и  на Владата,  за интеграциите во НАТО и ЕУ и затоа што РМ придонесе во Нато мисиите особено во Авганистан. Се договоривме оваа соработка да продолжи и понатаму на поинтензивен...

Continue reading

библиотека

Објавено цеде со аудиозапис од животот на македонскиот поет Григор Прличев

Post Views: 0 Издадено цеде со аудиозапис  од животот на поетот и преродбеникот  Григор Прличев. Александра Белеска, директор на охридската  библиотека, е автор на цедето посветено на Прличев, вториот Хомер. Ова е продолжение на првиот дел од аудио записот издаден минатата година, а содржи моменти од  животот и творештвото на Григор Прличев. Цедето ќе може да се позајмува од  охридската библиотека Цедето е издадено во 30 примероци, со финансиска помош на министерството за култура, а техничката обработка на Славчо Спростран. „ Библиотеката за прв пат добива материјал во аудио форма...

Continue reading

Rio

Македонците наскоро без визи во Бразил

Post Views: 15 Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски е во работна посета на Бразил, соопшти денеска МНР во Скопје. На оваа прва билатерална посета на министер за надворешни работи од Република Македонија,Милошоски ќе оствари средба со својот бразилски колега Антонио де Агујар Патриота. Се очекува да бидат разменети мислења за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави како и за можностите за интензивирање на соработката во повеќе области, како економија,образованието, културата и туризмот. За време на средбата со...

Continue reading

Dosta Dimoska

Почина Доста Димовска

Post Views: 4 Доста Димовска, директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, почина денеска по кратко боледување. Таа беше во тешка здравствена состојба, во софиската болница Токуда, како последица на доживеан мозочен удар на 19 март, годинава. Родена е на 17 февруари 1954 година во Скопје, а своето образование го завршила на филозофскиот факултет во Скопје, каде работела и како стручен соработник. Димовска од почетокот на 2007 година е директор на Културно – информативниот центар на Македонија во Софија. Таа е позната поетеса и политичар. Нејзината политичка...

Continue reading

Dosta

Доста Димовска во тешка здравствена состојба

Post Views: 6 Директорот на македонскиот културно- информативен центар во Софија, Доста Димовска е во тешка здравствена состојба, по доживеан мозочен удар, јавува Бгнес. Во моментов таа се наоѓа на лекување во болницата „Токуда“ и веќе втор ден е на реанимација, откако во петокот Димовска го доживеала тешкито мозочен удар.Доста Димовска во политичка кариера беше на високи државни и партиски функции. Беше потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, а откако партијата првпат дојде на власт во владтаа на Љубчо Георгиевски ја извршуваше функцијата  министер за надворешни работи на која ја затекна и...

Continue reading

azbest

Проверете дали живеете со тивкиот влакнест убиец

Post Views: 2 Азбестот е реликт од едно друго време, кога Македонија беше во градежна експанзија и поради комерцијалните својства се сметаше за градежен материјал број еден. Статистиката вели дека во Македонија бројот на заболени од рак на белите дробови константно расте. Азбестните влакна се сметаат како еден од причинителите за ова болест. Од април 2009 година во примена е Правилник за заштита при ракување со азбест, вели Соња Липиткова, заменик министер за заштита на животна средина : „Се одлучивме за депонијата Дризла. Таму имаме посебна локација, опремена со посебни комори,...

Continue reading

it obuki

Македонија со дефицит на ИТ кадри

Post Views: 8 Бесплатните обуки кои се организираат за невработени лица имаат за цел да се зголеми бројот на лицата кој имаат познавање во овој сектор, бидејќи македонскиот пазар се соочува со дефицит на ИТ кадри. „Проектот е за доедуцирање на невработените кадри со цел да се запознаат со најсовремени технологии и да се вклопат во приватниот сектор за развој на информатичкото општество поради тоа што во приватниот сектор има најголем дефицитарен кадар од овој вид“, рече Иво Ивановски, министер за информатичко општество. Тој додаде дека сертификатот на запад се вреднува исто како и...

Continue reading

svecena sednica

Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври

Post Views: 8   Фрлена сенка на свеченоста по повод одбележувањето на 11-ти Октомври, денот на востанието на македонскиот народ. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, пратеникот Сашо Василевски, претставниците на Локалната самоуправа, директори на јавните претпријатија и на охридските училишта денеска ја напуштија свечента академија изреволтирани од вториот дел на говорот на Гоце Георгиески, претседателот на Општинската организација на Сојзуот на борците од Охрид и Дебрца. Георгиески откога во своето излагање се осврна на значењето на овој историски датум, даде и свое видување,...

Continue reading

tradicionalni specijaliteti

Македонскиот штанд меѓу најпосетените на базарот на НАТО

Post Views: 0 Националните специјалитети, македонската гостопримливост, разните видови на вкусната традиционална кујна, добропознатото македонско вино, како и многуте други изложени македонски производи и прикажувањето документарен филм за убавините на Македонија, беа причините што ги привлекоа многубројните посетители.НАТО секоја година организира хуманитарен базар на кој учествуваат сите дипломатски преставништа во седиштето на Алијансата во Брисел. Собраниот приход од базарот е наменет за добротворни цели. На овој хуманитарен базар, Македонија  учествува по 5-ти пат, каде што...

Continue reading

mob.

Македонија доби прв виртуелен мобилен оператор

Post Views: 2 Агенцијата за електронски комуникациии денеска соопшти дека компанијата „WTI Macedonia“ е првата која се нотифицирала на македонскиот пазар како виртуелен мобилен оператор. Тоа значи дека компанијата има право да ги користи мрежите на останатите оператори во земјава за да дава телефонски услуги на македонските граѓани. За таа намена АЕК на WTI и доделила 100 илјади броеви кои компанијата ќе може да ги продава на СИМ картички. Според првичните информации компанијата базирана во Холандија ќе почне со работа во земјава за два до три месеци и прво ќе нуди меѓународни разговори....

Continue reading

pres

Вечерва завршува музичката програма на 54-то Охридско лето

Post Views: 1 На кинеската вечер на фестивалот,  насловена како „Музиката  на Шенжен“ ќе се претстави Симфонискиот оркестар на Шенжен. Куриозитет на вечерта ќе биде нивната изведба на „Недовршената рапсодија“ на македонскиот композитор Томислав Зографски. Деведесет кинески музичари од симфонискиот оркестар на Шенжен, Народна Република Кина, вечерва ќе ја имаат честа да бидат уметниците кои последни ќе настапат како дел од музичкиот дел на програмата на 54-то „Охридско лето“. Покрај изведбите на „Ода на човештвото“ на кинеските композитори  Ван Нинг, и „Љубители на пеперутки“ на Чен...

Continue reading

cveke

Илинден одбележан во Охрид

Post Views: 3 Македонија и Охрид знае кое е значењето на втори август, рече градоначалникот Никола Бакрачески на денешното чествувањето на Денот на републиката. Тој на сите македонци каде и да се им го честита најголемиот македонски празник и истакна дека денес живееме во време кога еден мал народ по број, но голем по душа се уценува да биде обезличен и идентитетски избришан и да се откаже од заветот кој го дадоа нашите предци пред 111 години и пред 70 год на двата Илиндена од заветот  за кој тие крвареа и страдаа. „Денес во овој нов милениум во време на модерен живот прогрес и просперитет...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top