Проверете дали живеете со тивкиот влакнест убиец

До пред десет години и Македонија беше дел од „азбестната треска“. Додека не се откри дека е канцероген, азбестот имаше широка примена во градежништвото. Тој не се употребува и веќе се заменува од старите градби.

 |  Маја Савиќ  | 
azbest
azbest

Азбестот е реликт од едно друго време, кога Македонија беше во градежна експанзија и поради комерцијалните својства се сметаше за градежен материјал број еден. Статистиката вели дека во Македонија бројот на заболени од рак на белите дробови константно расте. Азбестните влакна се сметаат како еден од причинителите за ова болест. Од април 2009 година во примена е Правилник за заштита при ракување со азбест, вели Соња Липиткова, заменик министер за заштита на животна средина :

„Се одлучивме за депонијата Дризла. Таму имаме посебна локација, опремена со посебни комори, фолии со кои ќе биде завиткан материјалот од азбест и препокриен со земја. Овој материјал не е штетен за почвата, туку најштетно влијание има ако во воздухот се појават иглички азбест.“

Во Македонија од азбест се најчесто покривите на градинките, училиштата и болниците. Цели населби во пост-земјотресно Скопје содржат азбест. Методија Саздов од Македонскиот зелен центар, додава:„Азбестот го има и во некои стари водоводни системи. Старите цевки што не се заменети содржат азбест.“

До 2002 година постоеше посебен државен фонд од кој на граѓаните кои ќе пристапеа кон отстранување на азбестот од своите објекти им се даваше одредена финансиска помош.
Според законите кои имаат предзнак на Европската унија, производството и градбата со азбест е забранета, а до 2016 година се планира негово тотално искоренување од Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top