Ознака: Македонија

advokati

Македонските адвокати со австриски искуства за примена на современа технологија во работењето

Post Views: 1  Македонските адвокати ќе влечат австриски искуства за примена на современи технологии во адвокатското работење. Ваквите искуства, според претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски во голема мера ќе придонесат во унапредувањето на двањето на правна помош од страна на адвокатите. 17Ина адвокати од македонската комора денес на заедничка средба австриските искуства во оваа област ги слушнаа лично од претседателот на Австриската комора на адвокати. „Кај нив има интересни искуства околу ангажманот на адвокатите во земање на тестаментални изјави на...

Continue reading

AMAK SP

АМАК успешен

Post Views: 17 Денеска продолжува купот на Македонија во кошарка. По вчерашните победи на фаворитите и денеска не се очекуваат изненадувања па во финалето веќе се гледаат Пелистер и Работнички кои се апсолутни фаворити против  Вардар Осигурување односно Торус. Домаќинот АМАК СП го декласира МЗТ со 81:59. Агресивната одбрана на домаќините даде резултат па така ни еден гостински играч не забележа двоцифрен број на поени. Од друга страна дури 5 играчи на охридскиот тимимаа повеќе од 10 поени. Најефикасен на теренот беше Фрај со 16 поени. По натпреварот тренерот на Амак изјави дека е...

Continue reading

tasna

Огромен е процентот на деформитетите на рбетот и стоплата кај децата во Македонија

Post Views: 8 Од година во година расте бројот на деца кои страдаат од најразлични видови деформитети како на рбетниот столб така и на стопалата. Бројките се алармантни, во Македонија речиси и да нема дете без деформитет на стапалата. Деформитетите на стапалата можат да бидат најразлични, од рамни стапала па се до вродени деформитети, додека деформитетитите на рбетот  кај децатата обично се јавуваат во форма на сколиоза и кифоза.  Кога станува збор за деформитетите на рбетниот столб кај децата, физијатрите го демантираат популарното мислење, дека причина се претешките училишни чанти....

Continue reading

mleko

На повидок нова млечна криза

Post Views: 2 На Македонија и се заканува млечна криза која најверојатно прво ќе се одрази на производството на свежо млеко. Најголемите млекарници во земјава ИМБ Битола и Бучен Козјак најавуваат намалување на производството на свежо млеко. Причината ја лоцираат во недостигот на суровина. Овој проблем постојано се провлекува по пропаѓањето на млекарницата Сведмилк, кога фармерите значително го намалија сточниот фонд.– Во Битолската млекарница недостигот на млеко не е многу голем. Ние сепак откупуваме околу 40 милиони литри сурово млеко годишно. Меѓутоа движењата на пазарот покажуваат...

Continue reading

logo

Сложен е процесот на спроведување на полициската обука

Post Views: 0 Центарот за обука во рамките на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е носител на основната обука за полицаец заснована на програма што ги задоволува критериумите за квалитет на национално и меѓународно ниво. Тука, процесот на селекција на полициски службеници е доста сложен,  истакна Гоце Бачанов  началник на Центарот за обука при Биро за јавна безбедност на МВР. „Откако ќе заврши процесот на селекцијата, сите селектирани кандидати за полицајци потпишуваат договор за обука.Тоа не значи дека тие се полицајци туку во периодот додека трае обуката...

Continue reading

wikileaks

И Македонија во документите на Викиликс

Post Views: 6 Грчкиот министер за надворешни работи, Димитрис Друцас врачил протестна нота на американскиот амбасадор во Грција, Даниел Смит, и побарал Вашингтон да стори се за да се спречи објавувањето на тајни документи кои можат да и наштетат на Грција. Ова информација ја објави Канал 5, повикувајќи се на дипломатски извори во Атина. Претседателот на ДПА Мендух Тачи вчера најави дека во наредниве денови се очекува Викиликс да објави документи кои што ќе ја потврдат грчката поврзаност со лица инволвирани во конфликтот од 2001 година. Во 250 илјади страници документи кои ја ставија...

Continue reading

turci rumeli

Турскиот канал Румели ќе пишува за Охрид

Post Views: 5 Tурски новинари од познатиот медиум Румели се во посета во Охрид. Тие подготвуваат материјал за документарна емисија со која сакаат да воспостават Мостови на пријателство помеѓу двете земји. Целта е луѓето кои некогаш се отселиле од Македонија во Турција да погледнат колку напреднале местата во кои некогаш живееле нивните предци вели директорот на Кушукавак, Рифат Јакупоглу. Тој веќе 28 години е иселен од Бугарија во Турција и вели дека неговото срце е во Балканските земји. „Има многу луѓе кој што се иселени од овој простор во Турција и затоа што нивните внуците кои...

Continue reading

ELEM

„Вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“

Post Views: 3 Целта на кампањата, што ќе се спроведува во наредните три месеци, е да го иницира подигнувањето на јавната свест за потребата од рационално однесување кон електричната енергија, како и поттикнувањето на широката јавност кон преземање конкретни акции за одговорно користење електричната енергија како дома, така и на работното место. Кампањата ги поддржува и обновливите извори на енергија, притоа промовирајќи ја идејата за заштита на животната средина. Покрај видео, радио и печатените материјали кои ќе го поддржат имплементирањето на кампањата, ќе биде организиран и „Едукативен...

Continue reading

badminton

Охрид домаќин на најмасовниот Балкански бадминтон шампионат досега

Post Views: 11 Нашиот град од денес па се до недела е домаќин на најмасовниот балкански турнир во бадминтон. Преку 120 учесници во конкуренција на сениори и ветерани ќе ги одмерат силите во овој интересен спорт, прилично невообичаен за нашите простори. Претседателот на Македонската бадминтон федерација, Диме Стефановски смета дека значењето на овој шампионат е од огромно значење не само поради својата масовност туку и поради квалитетот на натпреварувачи кои на него учествуваат. Меѓу другите, дел од него се и три поранешни европски шампиони како и еден учесник на олимписки игри. Додава...

Continue reading

nato

Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато

Post Views: 1 Во Охрид се крои нова стратегија до приклучување кон Нато. Денес голем број експерти, политичари , дипломати и професори  разговараа на тема  „Нато самитот во Велс: иднината на Алијансата и регионалната стабилност на Западен Балкан“.  Она што е договорено на НАТО самитот во Велс, претстојните  предизвици со кои се соочуваат Алијансата и нејзините партнери, како и утврдувањето на модалитетите како општествата треба да се прилагодат на ново настанатите околности се темите на кои се дискутира на работилницата во Охрид.  Владите на 10 држави од регионот преку ваквите состаноци...

Continue reading

inovacii

Ивановски: Македонија една од малкуте земји со отворени бази на податоци

Post Views: 3 Во хиперповрзаниот свет на глобални случувања, големите бази на податоци го менуваат светот. Вистински предизвик е начинот на кој се разбираат податоците, истите може да бидат сфатени како јавен ресурс, како приватна сопственост или како израз на индивидуален идентитет. Ова се дел од поентите искажани на затворањето на 18та конференција за достигнувањата во доменот на базите на податоци и информациони системи АДБИС и почетокот на 6та ИЦТ конференција за иновации кои се одржуваат во Охрид. Според претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во обидот да се достигне...

Continue reading

velosipedska pateka

На Охрид му е потребна велосипедска инфраструктура

Post Views: 1 Освен на булеварот „Туристичка“ во градов нема обележани велосипедски патеки ниту пак уредени паркиралишта за точаци и друга велосипедска инфраструктура. Граѓаните реагираат дека патеката на булеварот Туристичка во делови е избришана а на делови се вратени назад контењерите врз патеката. А на добар дел од неа се паркираат автомобили. Факт е дека во општина Охрид не постои велосипедска инфраструктура, но и основна култура на третирање на велосипедистите и пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот, вели Жанко З`Ш Голабоски од ВК З`Ш Точак. Тој смета дека итно треба...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top