На Охрид му е потребна велосипедска инфраструктура

На Охрид му недостасува велосипедска инфраструктура. Тоа е општ впечаток на охридските велосипедисти и на луѓето од двата ВК „Еко Дром“ и З`Ш Точак.

 |  Николоска Биљана  | 
velosipedska pateka
велосипедска патека

Оvelosipedska patekaсвен на булеварот „Туристичка“ во градов нема обележани велосипедски патеки ниту пак уредени паркиралишта за точаци и друга велосипедска инфраструктура. Граѓаните реагираат дека патеката на булеварот Туристичка во делови е избришана а на делови се вратени назад контењерите врз патеката. А на добар дел од неа се паркираат автомобили. Факт е дека во општина Охрид не постои велосипедска инфраструктура, но и основна култура на третирање на велосипедистите и пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот, вели Жанко З`Ш Голабоски од ВК З`Ш Точак. Тој смета дека итно треба да се пристапи кон решение на овој проблем.

„Не само градот, на Македонија и се потребни велосипедски патеки, затоа што да сме реални во Македонија нема велосипедска патека во ниеден град, и не е велосипедска патека, кај нас велосипедските патеки се делимични, има 100 метра па нема, ако ги има ќе се растерети сообраќајот бидејќи навистина е ризично автомобили се движат па велосипеди. Во странство имаме пример Холандија несакам ни да ја спомнам Италија, Шведска и другите развиени земји има подобри велосипедски патеки отколку што се патеките за автомобил. Посебно за вака мали градчиња како Охрид  јас мислам дека 80% од луѓето своите работни обврски можат да ги завршат со велосипед“ – категоричен Голабоски.

velosipedska patekaВо градов скоро и да нема велосипедски паркинг пред ниту една од институциите, имавме една идеја, еден проект кој за жал не се реализира, вели  Александар Јованоски од Еко Дром. Но тој сепак е оптимист и смета дека Локалната самоуправа на Охрид презема некакви мерки во тој правец.

„Од страна на одделението за сообраќај при Локалната самоуправа е изготвен проект каде бевме повикани и ние да дадеме наше мислење и тој проект ја помина првичната ревизија при органите на сообраќајната полиција, во некој сегмент е корегиран, но пред се најголем проблем се финансиите кој што буџетот не ги дозволува ов моментов, но се надеваме дека за скоро време ќе има средства и ќе се реализира овој проект кој што ги опфаќа целосно бул, Туристичка, Македонски Просветители, Партизанска, АСНОМ, Јане Сандански. Проектот пак кој што се работи ов Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ја опфаќа целосно Македонија како планинските патеки за спортистите со повеќе адреналин така и целосно постоечката  инфраструктура да биде дополнително означена и обележана за движење на велосипедистите“ – вели Јованоски.

Јованоски иднината на велосипедскиот туризам ја гледа во Охрид како центар во Македонија, како бренд, и смета дека можеме да се претставиме заеднички како земја пријател на велосипедистите.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top