Ознака: Македонија

Охридската работна единица на Македонија пат располага со застарена механизација

Post Views: 1 Државното јавно претпријатие Македонија пат  работи со застарена механизација. Одамна  нема обновено возила и  механизација. Претпријатието години наназад функционира со застарен возен парк. Во моментот имаат на расплагање една мала товарна машина и еден стар фап камион од 10 кубици и 20 вработени, велат извори од охридската единица на македонија пат.  Потребата од нова механзиација повторно исплива на површина со  поплавите кои се случија изминатиот викенд. Охридската работна единица интервенираше само со она што го има на располагање, што ни оддалеку не беше доволно...

Continue reading

logo

Македонија остана на 53-то место на ранг листата на ФИФА

Post Views: 2 Македонската фудбалска репрезантација во изминатиот месец не одигра ниту еден натпревар со што остана на 53-тото место на најновата ФИФА ранг листа. Иако во однос на претходното рангирање, Бразил загуби 30 бодови, „Кариоките“ остануваат на врвот на листата на ФИФА. Актуелниот европски шампион Шпанија, со која македонската селекција за седум дена во Скопје ќе одигра пријателски натпревар и натаму е второпласирана пред треторангираната Холандија.Промена меѓу првите 10 има единствено на пласманот на Германија и Италија, со што актуелниот светски првак (Италија) падна на...

Continue reading

Заев во Охрид ја презентира “Визијата за Македонија”

Post Views: 1 Вечерва во Охрид, СДСМ пред охриѓани го претстави првиот столб, Одговорна власт и контрола над власта, од проектот „Визија за Македонија“. Промените во Македонија доаѓаат, порача првиот социјал демократ Зоран Заев. Охриѓани знаат најмногу да сугерираат за Охрид и затоа бараме памет, сугестии, корективи и забелешки на проектот кој го нарековме „Визија за Македонија“.  „Знаете дека Охрид е посебно богатство за сите нас, не само на Охриѓани туку и на Струмичани, Скопјани, Кумановчани и сите за Охрид имаме посебни делови од нашата визија, нашата програма. Според нас овие...

Continue reading

kosarkari

Втор пораз на Македонија од Словенија

Post Views: 8 Македонската кошаркарска репрезентација и во вториот натпревар синоќа во Домжале  загуби од Словенија. Конечниот резултат беше 80 : 75 (21:21, 21:17, 16:18,22:19), а овојпат избраниците на селекторот Јовица Арсиќ прикажаа подобра игра за разлика од претходнната вечер. Се уште се чуствува проблемот на невоиграноста на екипата, а повторно противникот имаше повеќе скокови (Македонија 27, Словенија 39). Во нашиот тим најмногу поени постигнаа Гечевски и Антиќ по 16, додека Врбица Стефанов реализираше 15 поени со 8 асистенции. Натурализираниот Македонец Џеремаја Мејси и...

Continue reading

ucime za EU

Продолжува мини проектот „Учиме за Европската унија“

Post Views: 5 Денес францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже и Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, во средното училиште Нико Нестор во Струга одржаа час, на кој можеа да ги слушнат размислувањата на средношколците за Европската Унија. Амбасадорот Шлумберже, при својата посета на општинското средно училиште „Ибраим Темо“, пред одржувањето на самиот час истакна дека многу важно е да се разговара за заштитата на животната средина и да се направи споредба на критериумите кои треба да се исполнат доколку Македонија сака да биде дел од европското...

Continue reading

Porta Makedonija

Грција вложи протест за портата „Македонија“

Post Views: 9 Грчкото министерство за надворешни работи вложи официјална реакција за отворањето на портата „Македонија” во Скопје, јави Катимерини. Според весникот, се работи за голем објект сличен на Триумфалната капија во Париз и на неа се наоѓаат прикази на историски личности вклучувајќи го, како што се вели, грчкиот војсководец Александар Велики. Весникот потсетува дека објектот е дело на Валентина Стевановска, која е и автор на Воинот на коњ. Од грчкото МНР, исто така, ја обвинија Македонија дека не покажува волја за изнаоѓање на решение на спорот со името.{loadposition...

Continue reading

Заштитата на Охридското езеро заеднички именител за Македонија и Албанија

Post Views: 1   Или ќе го заштитиме Охридското езеро на прекуграничен начин или никако, ова беше истакнатo на денешниот работен состанок во рамки на Проектот за интегрална заштита на културното и природното наследство на Охридскиот регион поддржан од ЕУ и УНЕСКО кој се одржува во Охрид. Главни цели на состанокот се идентификација на постојните структури и процеси во Прекуграничната соработка и воспоставување на прекугранична платформа за управување со наследството во регионот околу Охридското Езеро. Не може само едната страна на пример македонската да се грижи за заштитата на езерото...

Continue reading

mizerija

Економист: Најмизерна земја во светот е … Македонија

Post Views: 1 Угледниот британски весник Економист ја стави Маедонија на прво место во светски рамки според мизеријата во која живеат нејзините граѓани.Од 92 земји во светот за кои имаме податоци, Македонија има најголема стапка на невработеност од 32 отсто, додека стапката на инфлација изнесува 3 отсто, пишува лондонскиот весник. Истиот извор додава:”Македонија е на врвот на мизеријата, кој е комбинација од два силни показатели на еконмската темнина – невработеноста и инфлацијата”. Во текстот на Економист се посочува дека цените неконтролирано растат и тие се главно...

Continue reading

karta Fox News

Fox News ја избриша Македонија

Post Views: 1 Американската ТВ станица Fox News во вестите во вторникот објави неточна слика од Европа на која Бугарија беше ставена на просторот од некогашната СФРЈ.Тоа не беше единствена грешка на познатата ТВ станица, со оглед на тоа дека името на Србија беше впишано на територијата на денешна Унгарија и спрема мапата на телевизијата нашиот северен сосед ги завзема териториите и на Австрија, Словачка и Чешка. На мапата на Европа прикажана во текот на вестите во кои главен фокус беше ставен на изборите во Ајова за републикански кандидат за претседател на САД, не само што беа помешани...

Continue reading

informator

Смртта на Глигоров не ги натажи Македонците во Австралија

Post Views: 0 Македонија сеуште тагува по својот прв претседател, меѓутоа тоа не е така во далечната Австралија. Нашите македонски гастербајтери со песна и ора ја дочекале тажната вест. И пред да помислите дека се работи за некоја невкусна шега, побарајте ја веб страната www.informator.wsОва е австралиска веб страна основана од Македонци, на која, благо речено излезе скандалозен текст по повод смртта на Киро Глигоров. Во овој текст авторот кој немал храброст да го стави својот потпис, починатиот претседател го споредува со диктаторите од ковот на Моамер Гадафи, Ким Јонг Ил, како...

Continue reading

Bozik

Бадник и Божиќ неработни денови

Post Views: 13 Шестти јануари, Бадник, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, а седми јануари, првиот ден на Божиќ, е неработен за сите граѓани на Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Согласно со Законот за празниците седми јануари (сабота), првиот ден на Божиќ според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Македонија. Неработен само за граѓаните од православна вероисповед е Бадник на шестти јануари (петок). {loadposition content9}

Continue reading

sneg

Сообраќајот без прекини и покрај снегот

Post Views: 0 Снежните врнежи засега не предизвикуваат прекини во железничкиот и авиосообраќајот низ државава, додека патниот сообраќај се одвива забавено. Според Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, но во зимски услови. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Од Меѓуградската автобуска станица во Скопје велат дека пристигнувањето и тргнувањето на автобусите се одвива без големи доцнења. Минимални доцнења, но без прекини, има и во домашниот и меѓународниот железнички сообраќај,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top