Ознака: Македонија

Од денес горивата во Македонија поскапи

Post Views: 5   Според одлуката што ја донесе Регулаторната комисија за енергетика зголемување има кај бензинот и кај дизелот од два денари. Согласно методологијата за формирање на цените, горивата сега се поскапи во просек за 4,37% Според тоа од полноќ ЕУРОСУПЕР 95  чини 61,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава за 63,5 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛ за 48 денари за литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 36,5 денари за литар. Цените кои ги корегираше регулаторното тело се однесуваат за следните две недели.

Continue reading

Се намали кредитниот рејтинг на Македонија

Post Views: 0 Рејтинг агенцијата Фич го намали кредитниот рејтинг на Македонија од „ББ+“ на „ББ“, го објави Ројтерс во соопштението на агенцијата доцна во петокот навечер.Намалувањето на кредитниот рејтинг со натамошна негативна перспектива се должи на политичката криза во Македонија, која започна со објавувањето на големи обвинувања за корупција во февруари 2015 година, пишува Ројтерс. Според кредитната рејтинг агенција „обвинувањата за корупција ги потврдуваат недостатоците во стандардите на добро владеење“. Како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведува и неуспехот...

Continue reading

paraolimpijci

Подобри услови за спортистите со инвалидитет

Post Views: 1 Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески,  оствари средба со претседателот на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија Бранимир Јовановски. Претседателот на Федерацијата Јовановски го информираше Спасески дека состојбите во оваа сфера изминатите години благодарение на Агенцијата за млади и спорт се значително подобрени, спортистите со инвалидитет имаат пристап до спортските објекти и достапност до спортските реквизити. Јовановски додаде дека оваа федерација како членка на Меѓународниот параолимписки комитет и на Асоцијацијата на...

Continue reading

Денес е ден на жалост во Македонија

Post Views: 17 Според одлуката на Владата донесена вчера по страшното невреме кое зема 21 жртва, денес е Ден на жалост во Македонија. Знамињата пред владата се на половина копје во знак на жалост.Според последната информација од Министерството за внатрешни работи по катастрофалното невреме во Македонија на викендот, од пронајдените 21 загинато лице, 20 се идентификувани и предадени на семејствата, а една жртва не е идентификувана. Загинатите се главно во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци. Најголем дел од жртвите се удавиле, меѓу...

Continue reading

Квалитетот на живеење во Македонија на последно место во Европа

Post Views: 2 Консултантската фирма за глобален менаџмент Бостон консалтинг груп во својот извештај за 2016 година ја рангира Македонија на последното место според одржливиот квалитет на живеење. Одржливиот квалитет на живот се мери со 44 различни индикатори, меѓу кои се: БДП по глава на жител, стапката на невработеност, инфлацијата, распространетоста на болестите, очекуваниот животен век, квалитетот и достапноста на образованието, квалитетот на инфраструктурата, состојбата на животната средина, контролата на корупцијата и слободата на печатот. Македонија е најлоша во Европа со оценка...

Continue reading

Freedom House: Македонија делумно слободна земја

Post Views: 8 Изминатата година била 11-та година по ред со пад на глобалната слобода. Ова го покажува новиот извештај на Фридом Хаус објавен деновиве, кој сугерира и назадување во политичките права и граѓанските слободи, дури и во држави во категоријата „слободни“, меѓу кои се САД. Од вкупно 195 земји, 87 земји (45%) се оценети како слободни, 59 од нив (45%) се делумно слободни, а 49 или (25%) се неслободни. Најлоши резултати се забележани кај земјите од Блискиот Исток и Северна Африка за 2016-та година, а недалеку од нив се наоѓа и Евроазија. Македонија според статусот на слобода...

Continue reading

Petar Miloshevski

Трагична смрт на поранешниот репрезентативен голман Петар Милошевски

Post Views: 15 Директорот на фудбалската репрезнетација на Македонија, Петар Милошевски трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случија вчеравечер, еден час пред полноќ. Во автомобилот биле и претседателот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски кој управувал, Зоран Зафироф и Рахила Илиевска, кои за среќа се здобиле со полесни телесни повреди. Поранешниот голман на фубалската репренетација на Македонија заедно со Илчо Ѓорѓиоски вчеравечер биде дел од ревијален фудбалски меч меѓу фудбалските ветерани од Куманово и ветераните од Македонија. Немилиот настан се случил на враќањето кон...

Continue reading

Завод за статистика: просечната нето плата во Македонија за месец мај 363 евра

Post Views: 1 Просечната месечна нето-плата по вработен се зголемила за 1,1 % минатиот месец во споредба со мај минатата година и изнесува 363 евра, пресмета Државниот завод за статистика. Бруто платата по вработен за мај месец изнесува 532 евра. Иако е тоа зголемување во споредба со истиот период лани, просечната нето плата е намалена во споредба со минатиот месец за 0,1 %. Во мај е забележано зголемување на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво за 8,7%, административни и помошни услужни дејности за 7,6 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 5,7 %. Највисоки...

Continue reading

Македонија денес во жолта алертна фаза

Post Views: 1 На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза. Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени. Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се внимава при...

Continue reading

Просечната нето плата во Македонија е…

Post Views: 1 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%). Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016, изнесува 22 380 денари. Во ноември 2016 година, 1.4% од вработените во Република Македонија...

Continue reading

Влатко Милошевски, Македонец кој живее во Холандија создаде веб страница каде претстави 250 странски сликари кои твореле инспирарани од Македонија

Post Views: 4 Влатко Милошевски, инженер по електротехника кој живее во Холандија неодамна на интернет објави Лексикон на странски сликари кои биле инспирирани во творештвото од престојот во  Македонија. Создал веб страна „Лексикон на странски сликари во Македонија од 1850 до 1950 година“. Може да се види  обемен материјал со уметнички дела кој го собирал 15 години и содржи податоци за над 250 уметници. Во неговата збирка се застапени уметници од западноевропските земји меѓу кои Велика Британија и Германија, но и од балканските простори. „Она што најмногу ги воодушевувало и привлекувало...

Continue reading

Европската комисија ги крати ИПА-фондовите за Македонија

Post Views: 2 Европска комисија одлучила да скрати 27,1 милион евра од ИПА-фондовите за Македонија, јавува „Алсат М“. Европска комисија ја известила македонската Влада, а според информациите на овој медиум планирано е кратење и на останатите 50 милиони евра од ИПА-фондовите. Европската канцеларија што е надлежна за истраги поврзани со измами при Европската комисија, ОЛАФ, потврди дека води истрага за злоупотреба на средствата од ИПА-фондовите во Македонија. Отаму додаваат дека додека трае истрагата, не можат да говорат за детални информации за тоа, за колкави суми се води истрага. Вчера,...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top