Freedom House: Македонија делумно слободна земја

Изминатата година била 11-та година по ред со пад на глобалната слобода.

 |   | 

Изминатата година била 11-та година по ред со пад на глобалната слобода. Ова го покажува новиот извештај на Фридом Хаус објавен деновиве, кој сугерира и назадување во политичките права и граѓанските слободи, дури и во држави во категоријата „слободни“, меѓу кои се САД.

Од вкупно 195 земји, 87 земји (45%) се оценети како слободни, 59 од нив (45%) се делумно слободни, а 49 или (25%) се неслободни.

Најлоши резултати се забележани кај земјите од Блискиот Исток и Северна Африка за 2016-та година, а недалеку од нив се наоѓа и Евроазија.

Македонија според статусот на слобода се наоѓа во рангот на „делумно слободните“ земји.

Извештајот нотира настани кои биле дестабилизирачки фактор. На пример, во САД на избори победи Доналд Трамп, кој се проценува како непостојана фигура со неконвенционални ставови кон надворешната политика, потоа излегувањето на Велика Британија од ЕУ и напуштањето на европските регулативи, колапсот на италијанската влада по неуспешниот референдум за уставните реформи, како и серијата антидемократски потези од страна на владата во Полска.

Во доменот на флагрантно кршење на меѓународното право, несе споменува Русија, која окупира украинска територија, а Кина тврди дека има суверенитет врз Јужно Кинеското Море.

Во извештајот се споменува и Балканот каде владеењето на правото е влошено, а Европската у7нија не била фокусирана на поправање на тамошната ситуација. Изработувачите на извештајот посочуваат и на загриженоста за намалувањето на демократските стандарди на Балканот кои се заменети со национализам, корупција и владина нефункционалност, како дополнение на руското влијание во регионот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top