Ознака: Македонија

svilar

Нема благодарам за мојот хуманизам

Post Views: 4 Интересна живота сторија на Дмитар Свилар. 178 кратниот крводарител кој цели 36 години живее и работи во Охрид, нема државјанство. Трнливиот пат до потребните документи започнува од распадот на Југославија, вели Свилар. И покрај регуларниот 12 годишен брак со македонка, кој завршил со развод и од кој има син, тој досега не успеал да се стекне со право на државјанство. Сите негови обиди да поднесе документи биле неуспешни и задоцнети. Барем така му кажувале претпоставените во надлежните служби. „Па јас ги поднесував документите, па ме одбиваа. Прв пат кога ги поднесов...

Continue reading

колектор Пештани

Јапонците заинтересирани за Охридскиот колектор

Post Views: 5 Јапонската агенција за меѓународна соработка заинтересирана да и помогне на Македонија. Веќе неколку месеци претставници од оваа агенција го скенираат регионов и собираат информации за можноста за изградба на современа депонија, но и реконструкција и довршување на колекторскиот систем на Охридското езеро.  Се остварија повеќе средби со сите надлежни структури на локално и државно ниво кои се поврзани со работата на колекторскиот систем. Преставникот на Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро, Дејан Паноски е категоричен дека Јапонската влада ќе ги...

Continue reading

logo

Наскоро „Охрид ОПЕН 2012“

Post Views: 2 За прв пат во Македонија и Охрид меѓународен отворен Taekwon-Do ITF турнир „Охрид ОПЕН 2012“. Турнирот оваа година ќе го доживее своето прво издание, а се одржува по највисоки светски стандарди. Исто така овој турнир ќе биде дел од светскиот годишен календар на Интернациналната Taekwon-Do Федерација. Ова е особен успех за македонската Taekwon-Do Федерација, а целта е само една, објаснува Саша Попоски првиот човек на федерацијата. „Работиме, да дојдат квалитетни натпреварувачи, затоа што во интерес ни е теквондото во Македонија да го издигнеме на едно високо ниво“ вели...

Continue reading

zemjodelie

Младите не сакаат мотика

Post Views: 0 Младиот човек не може да се мотивира да ја засака природата и родината. Иако во многу рурални средини е сменет амбиентот на живеење сепак младите не се доволно мотивирани за да егзистираат од интензивно сточарство или земјоделство, велат повозрасните земјоделци. Излезот од таквата ситуација го гледаат во ангажирање на државата за подобрување на законските нормативи, образованието на младите и во субвенционирање на прозиводителите, вели познатиот калемар од Завој, Крсте Трајчески. Активните пак земјоделци, ги мачат бројни проблеми. Бараат државата преку ресорните министерства...

Continue reading

slim i gruevski

Брз интернет во сите земји

Post Views: 0  Република Македонија е една од 112те земји кои уживаат во широкопојасниот интернет. Или во превод, македонците се служат со супер брз и ефтин интернет преку кој лесно добиваат пристап до бараните информации. Петтиот по ред состанок на Комисијата за широкопојасен интернет и дигитален развој, со заклучок дека токму оваа технологија е основа за економскиот развој на земјите во светот. Според премиерот Груевски, Македонија не е исклучок од тоа. „Развојот на информациските и комуникациските технологии во Република Македонија е ставен многу високо на списокот на приоритети...

Continue reading

aerodrom Ohrid

Нови чартер линии кон Охрид

Post Views: 5 Дали конечно од листата проблеми поради кои трпи туризмот ќе го прешкртаме недостатокот од директни чартер летови. Се зголемува раздвиженоста на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Воведени неколку нови чартер линии преку кои туристите побрзо и поевтино ќе стигнат на одмор во Охрид. Српската авиокомпанија „ЈАТ ервејз“воведе летен возен ред, во чии рамки ќе биде воспоставена и линијата Белград – Охрид – Белград. Од овој месец од скопскиот и од охридскиот аеродром ќе летаат нови нискобуџетни авиокомпании кон Брисел и кон Амстердам. Летово благодарение на...

Continue reading

plaza

Распишан конкурсот за давање на oхридските плажи под концесија

Post Views: 3 За помалку од еден месец ќе се знаат новите газди на Охридските плажи. Министерството за транспорт и врски го распиша јавниот конкурс за давање под краткотраен закуп земјиште сопственост на Република Македонија, наменето за плажи на охридското крајбрежје. Условите наведени во него се крајно неповолни и арогантни, речиси за сите поранешни, а и потенцијални концесионери, вели Љупчо Нечкоски – поранешен концесионер на плажа. „ Условите за конкурирање за секоја плажа се крајно неприфатливи, пред се од финансиска гледна точка . А не знам и од кои причини и голем број од плажите...

Continue reading

Volers i Petreski

Средба Волерс-Петрески

Post Views: 1 Остварена средба помеѓу Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс и Охридскиот градоначалник Александар Петрески. Градоначалникот на Охрид задоволен од средбата истакна дека на неа биле разменети мислењаОколу процесот на  децентрализацијата за тоа како тој се одвива насекаде низ Македонија, со посебен акцент на Општина Охрид. „Сметам дека беше многу добар разговорот и сигурен сум дека од тоа ќе излезе уште поголема соработка, дирекно и со Амбасадата меѓутоа и со невладините организации како UNDP и USAID, кои постојано не подржуваат како општина и нашите јавни...

Continue reading

виктор мирхази конзул израел

Израелски искуства за развој на руралниот туризам

Post Views: 0 Проектот е граѓанска иницијатива која ја отпочна Локалната Агенција за Развој од Струга, во соработка со Израелската агенција за интернационална соработка и развој (МАШАВ). „Резултатите ќе бидат тоа што ќе имаме 30 тренери кои понатака ќе ја шират и водат идејата за развој на рурален туризам во нашите села, а опфатени се и Албанија, Поградец и Тушемиште. За десет дена ќе ги имаме првите тренери, а понатаму од нив ќе зависи како тоа ќе се развива“, истакна координаторот на проектот, Катерина Василеска. Во насока на зајакнување на односите помеѓу Израел и Македонија,...

Continue reading

plaketi crven krst

Охриѓани докажани крводарители

Post Views: 0 Охриѓани докажани крводарители. Рекордот од 178 подарени единици на крв на ниво на општината го држи Димитар Свилар. За него тоа претставува обновување на живот, се чуствува помлад и кај него сеуште постои желба да дарува крв. Свилар кажува дека не знае колку животи досега спасил, бидејќи понекогаш од својата драгоцена течност давал и повеќе од потребната количина. Тој е крводарител четири децении, а во Охрид живее 36 години. „Крводарител станав уште како војник  од 1968 год. Потоа редовно давав нон стоп, по еднаш во месецот. Добив златна плакета и многу други републички...

Continue reading

digitron

Нова можност за отварање сопствен бизнис

Post Views: 7 Ова е резултат на посетувањето на едногодишната ипа програма за меѓугранична  соработка меѓу Р.Македонија и Р. Албанија,а финансирана и подржана од Европската унија. Елизабета Петанова, координаторот на проектот вели дека очекуваат дел од кандидатите кои ги посетувале обуките да се пријават на програмата за самовработување и да добијат грант од 3000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис. За полесно остварување на целта, а тоа е започнување со сопствен бизнис креиран е меѓуграничен советодавен комитет. Тој се состои од три членови од Македонија и три...

Continue reading

sud

Милчо Клишески претседател на Основниот суд во Охрид

Post Views: 121 Судијата Милчо Клишески досега ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на Основниот суд во Охрид. Тој за функцијата Претседател беше избран во конкуренција од пет пријавени кандидати на конкурсот за избор на претседател кој неодамна го распиша Судскиот совет на Република Македонија. Инаку Клишески на функцијата претседател на Основниот суд Охрид доаѓа на местото на Владо Дејаноски. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top