Нови чартер линии кон Охрид

Со нови чартер линии, Охрид многу поблиску за потенцијалните туристи.

 |  Маленкова Татјана  | 
aerodrom Ohrid
аеродром Охрид

Дали конечно од листата проблеми поради кои трпи туризмот ќе го прешкртаме недостатокот од директни чартер летови. Се зголемува раздвиженоста на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле. Воведени неколку aerodrom ohrid Sv Apostol Pavleнови чартер линии преку кои туристите побрзо и поевтино ќе стигнат на одмор во Охрид. Српската авиокомпанија „ЈАТ ервејз“воведе летен возен ред, во чии рамки ќе биде воспоставена и линијата Белград – Охрид – Белград. Од овој месец од скопскиот и од охридскиот аеродром ќе летаат нови нискобуџетни авиокомпании кон Брисел и кон Амстердам. Летово благодарение на авиосообраќајот на охридско струшкото крајбрежеје ќе летуваат и гости од Холандија, Белгија и Финска.
Иницијатор за воведување на две линии Охрид – Истамбул и Истамбул – Охрид, е ТА „Летс Травел“. Оваа агеција е една од ретките во државава која работи  со incaming туризам и која покрај чартер  летови од и кон Охридскиот аеродром иницираше и воведување на чартер летови од и кон аеродромот Александар Велики во Скопје.   

„Воведени се од наша страна чартер линии од Истамбул за Охрид. Воведена е нова дестинација Белград – Охрид. Само од турскиот пазар минатата година донесени се над 25 000 гости. Србија во последниве 4 – 5 години е најголем пазар. Македонија оди во позитивен правец. Субвенциите кои владата на Р Македонија ги воведе за авионските директни линии се дополнителна мотивација. Субвенциите за секој странски гостин е добра мотивација за странските оператори да инвестираат во Р Македонија“, вели директор на Т.А. lets travel“, Филип Стефаноски.

Стефаноски е реален дека Охрид и Македонија како туристичка дестинација имаат недостатоци, но во Ohridski aerodromспоредба со порано, од година во години се прават напори тие да се незначителни, а гостите да бидат задоволни и од тоа што ќе го видат, но и од условите каде ќе престојуваат.

„Секогаш ќе има недостатоци. И како агенции и како хотелиери сфативме дека ќе треба  да инвестираме во квалитет. Гостите се задоволни и од Охрид и од Македонија. Може да продадеме приказна во стариот град. Имаме и капалишта. Одлични услови за странските гости“, вели Стефаноски.

Стефаноски кој е еден туристичките работници кој е во постојана комуникација со туристите и е оптимист дека  ни претстои успешна сезона.

Останува да се надеваме дека сите заложби на надлежните ќе вродат со плод и охридските  капацитети оваа сезона ќе се исполнат.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top