Ознака: која

Sv Kliment Ohridski

Познати добитниците на Св. Климентовите награди

Post Views: 0 Паметниот учи од туѓите грешки, а глупавиот од своите. Но очигледно ова не важи и за нас-охриѓани. Колку пати треба да згрешиме, за да научиме. Минатата година се посрамотивме со највисокото општинско признание, наградата на патронот на Охрид – Св. Климент Охридски. Иако се додели, на добитниците не им се врачи поради добро познатите пропусти на организаторот- Локалната самоуправа. Годинава, таа по се изгледа ќе биде врачена. И кога помисливме дека можеби некако ќе успееме, не да го заборавиме, туку само да го ублажиме горчливиот вкус кој ни остана уште од минатиот...

Continue reading

Tocko

Апел до охридските политичари да ја покажат својата хуманост

Post Views: 1 Општинската Организација на црвениот крст од Охрид, во предвечерието на празникот Св.Климент Охридски, ќе организира крводарителска акција, со која ќе се обиде да ја анимира политичката елита од градов, да престане со говорот на омраза и својата хуманост да ја покаже на дело. Претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точко објасни дека младите и влијанието кое врз нив го има говорот на омраза, се причината поради која ја организираат оваа акција. Точко додава дека крајно време е политичарите во нашата држава, вклучително и политичарите од нашиов град, да престанат...

Continue reading

SVR

Самоубиство во село Tребеништа

Post Views: 6 Утринава околу 04.00 часот (18) Н.Д. се самоубил зад семејната куќа со пушката која легално ја поседувал неговиот татко. Предходно несреќното момче имало сообраќајка со своето возило на стариот пат Волино-Мешеишта. Удрило во дрво, по што го оштетило возилото, но некако успеало да дојде до својот дом. Најверојатно, во момент на силен емотивен стрес момчето се одлучило да си го одземе животот. Полицијата, истражен судија и патолог извршиле увид на местото на трагедијата. патологот не констатирал траги на насилство врз телото на починатиот.    {loadposition content9}

Continue reading

den na drvoto

Охриѓани денес се покажаа

Post Views: 2 Денот на дрвото прерасна во традиционална акција која секоја година се спроведува во државава. Идејата на амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов која се роди во август 2007 година беше широко прифатена па од година во година оваа акција е се помасовна. Целта е преку засадување на дрво од страна на секој граѓанин на Р. Македонија да се обноват шумите и зелените појаси во државава. Годинава за прв пат во оваа акција се вклучија и од  Центарот за Јавно здравје и Општата болница од Охрид. Портпатолот Василески се пофали дека на...

Continue reading

crven krst

Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

Post Views: 2 СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и црвен крст. Во контекст на овие целни групи овој проект е најголем од ваков вид во Р Македонија“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски. Тој додаде дека оваа сезона ја започнаваат со нова кампања во која се вклучени повеќе лица од Охрид – од светот на музиката, естрадата, култура…. „ Сметаме...

Continue reading

kej

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Post Views: 13 Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна. Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината. Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните...

Continue reading

pres

Кина, преку Охрид клуч за македонскиот пазар

Post Views: 4 Со сеуште свежи сеќавања од посетата на Кина, од пред околу 5 години, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ја најави посетата на високата делегација од градот Далиан. Придружуван од тогашниот претседател на Советот на општината Владо Чинго и Венко Шапкар, Петрески со воодушевување ги пренесе своите импресии за ова специфично место. Но и во оваа пригода не испушти да ја искритикува актуелната власт на ВМРО –  ДПМНЕ, која не го поканила минатата година, при посетата во Кина. Постојат реални изгледи збратимувањето со кинескиот град Далиан да резултира со...

Continue reading

vmro-dpmne

Новинарите на испит во ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 8 Отворен и слободен начин на комуникација со медиумите. ОК на ВМРО – ДПМНЕ за реализација на своите активности ќе работи по европски терк. Денешната средба со новинарите беше пример за тоа. Раководната гарнитура на овој политички блок даде одврзани раце новинарите слободно да поставуваат прашања без разлика од која област произлегуваат, само да се во интерес на јавноста. Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид Илија Мојсоски рече дека целта е интерактивна дискусија меѓу челните луѓе на партијата и новинарите. Претседателот на партијата Атанаско Михаилов акцент даде на нашето...

Continue reading

logo

Лајонизмот делува јавно

Post Views: 1 Потсетување на реализираните хуманитарни акции и поттикнување на интерес за нови. Ова беше главната цел на денешниот прес на охридските лајонисти од клубот „Охрид“. Тие потсетија дека хуманитарните дела во денешно време се повеќе од потребни. „Лајонизмот делува јавно, тоа треба да се знае“. Охриѓани не се доволно информирани за бројните активности на лајонистите од Охрид, кои што се спроведени во периодот од 4 години, вели портпаролот на Лајонс клубот „Охрид“, Ѓоко Апостолов. Тој кажа дека нивниот клуб се издвојува од останатите, не само по тоа што се првоформирани...

Continue reading

Petreski

Има ли пазарења во Советот?

Post Views: 0 Шпекулациите кои деновиве проструија во јавноста дека се разнишува мнозинството во советот градоначалникот официјално нити ги потврдува нити демантира, иако од изјавата која ја даде за ТВМ може да се заклучи дека сепак постојат пазарења во советот. „Секој може да бара што сака, но се знае што е совет, што е градоначалник. Градоначалникот согласно статутот на Охрид и законските прописи одлучува кој каде ќе биде директор. Советот ќе одлучува кој ќе биде претставник во управните и надзорните одбори. Они кои се одлучуваат да побараат вакво нешто си прават бајрам на умот....

Continue reading

imunizacija

Нов редослед, според новиот Правилник за имунизација

Post Views: 6 Раководителот на РЕ превентива за деца и млади, при Здравствениот дом од Охрид, Д-р Катерина Димитрова, вели дека во нашава општина имунизацијата уредно се спроведува и се карактеризира со 98%. Д-р Димитрова информира дека последниве неколку години се воведени неколку нови вакцини, како вакцината против хемофилус инфлуенца тип Б или (ХИБ) и најновата ХПВ вакцина. „До пред неколку месеци работевме по стариот правилник, кој беше донесен во 1991 година, меѓутоа годинава, на сила стапи нов правилник, во којшто се вметнати овие нови вакцини и има промена во редоследот на...

Continue reading

Сега за сега нема информативен екран!!!!

Post Views: 5 Од Локалната информираат дека стопирањето на изградбата на овој времен објект е резултат на низа недоследности кои биле воочени во договорот помеѓу локалната и инвеститорот „Медиа инвестмент груп“. Прекинато поставувањето на информативниот екран во близина на градскиот плоштад. Иако изутринава на локацијата пристигнаа компоментите од речиси десетметарската конструкција, која требаше да никне во близина на плоштадот, сепак до нејзинио поставување не дојде. Граѓаните зачудени негодуваа околу поставувањето на овој најнов времен објект и секако изборот на оваа локација. Изведувачот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top