Ознака: која

nagradeni

Награда по пошта

Post Views: 7 Годинава највисокото општинско признание Светиклиментовата награда и плакета беа врачени на Свечената академија која се одржа на 8ми декември по повод патронот на градот Св. Климент Охридски. Но сеуште остана неврачена минатогодишната награда од овој карактер, која требаше да се падне во рацете на пратеникот Цветко Грозданов, професорката Милена Главинчева, и архитектот Димитар Зарчев. Нормално е да се наметне прашањето во охридската јавност кога ќе минатогодишните добитници на Светиклиментовата награда и плакета ќе си ја добијат наградата. Претседателот на Комисијата...

Continue reading

rushevina

Сами од себе нема да се санираат

Post Views: 10 Да можеа да зборуваат опасните рушевини во градов ќе имаа што да кажат. Во централното градско подрачје на ул „Богомилска“ во Охрид, постојат неколку ризични куќи кои од забот на времето се распаѓаат и претставуваат вистинска опасност по безбедноста на луѓето. ТВМ во неколку наврати информира, предупредува и апелира за можните последици доколку истите сами се срушат, но надлежните досега не мрднаа ниту со малиот прст. Реагираа и граѓаните кои живеат во непосредна близина на опасните објекти. Тие позади камерата на ТВМ велат дека сериозно се загрижени за безбедноста...

Continue reading

priredba

Малечки протагонисти, но големо финале

Post Views: 1 Синоќа учениците од О.У. „Св.Климент Охридски“ со свечената приредба, која мина во знакот на екологијата, ги заокружија активностите по повод одбележувањето на патрониот празник на училиштето. Некои со големи, некои со помали улоги во училишниот настан, но сите среќни поради придонесот во чествувањето на светецот чие име го носи нивното училиште. Директорката на училиштето, Славица Илич кажа дека намерата е секоја наредна година да биде што поинтересна и секоја година со различен белег. Оваа година, истакна Илиќ активностите траат во текот на цела оваа недела, од кои...

Continue reading

kniga Cuvstva bez naslov

Чувства без наслов

Post Views: 2 „Срцето му беше разнежено како песна, душата опиена како мирисна пољана, а разумот исполнет со свети слики“. Преку оваа карактеризација на главниот лик од новелата „Чувства без наслов“, советникот за култура Митре Вељаноски ја опиша личноста на доајенот на охридското новинарство, Никола Маневски. Вељаноски додаде дека преку ова негово дело имаме можност да се запознаеме со сета големина на личноста на Маневски. Вељаноски потенцира дека станува збор за личност, поет, хуманист и филозоф. Личност која секогаш се спротивствауваше на малограѓанштината и политиканството, кое...

Continue reading

ucenici

Само да се речело „НЕ“ !

Post Views: 7 Учениците и нивните наставници од основното училиште „Св Климент Охридски“ секоја година мора да се изборат за учество на свечената академија која општината ја организира по повод патронот на градот, Св.Климент Охридски. „Едноставно ни кажаа, не!“ Сеуште, наставниците и третооделенците од основното училиште „Св Климент Охридски“, чекаат на потврда од општината за нивното учество на свечената академија, која треба да се одржи во среда, во чест на патронот на градот, Св.Климент Охридски. Со танталови маки некако им успеа да учествуваат пред две години, на последното издание...

Continue reading

Opshtina Ohrid

Ставен на увид ПРЕДЛОГ “АКЦИОНЕН ПЛАН И ПРОГРАМА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БУЧАВАТА“

Post Views: 1 Од денес, во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа, ставен на увид предлог акционен план и програма за управување со бучавата во Охрид. Граѓаните своите забелешки и сугестии по ова прашање ќе можат да ги доставуваат до 21 Јануари идната година, а јавната расправа по истиот план ќе се одржи на 25-ти Јануари. Еден од главните проблеми со кои се соочува општина Охрид , градот Охрид , а особено стариот дел од Градот е зголемено ниво на бучава .Илјадниците гости, зголемената фрекфенција на возила, забавните и рекреативните активности...

Continue reading

paten pravec

Охридските автопатишта дел од западната концесија

Post Views: 5 Некои од струшките и охридски автопатишта ќе бидат дел од таканаречената Западна концесија. За неа се заинтересирани 7 врвни светски компании кои работат во оваа област. Од нив две веќе се квалификувале за понатамошната постапка. Според првичните проценки, во изградба на патните правци од двата пакета идниот инвеститор треба да вложи околу милијарда евра.И струшките и охридските автопатишта ќе бидат предмет на концесија. Патиштата ќе бидат под концесија 35 години, а концесионерите ќе имаат осум години за нивна изградба. Станува збор за давање под концесија на патните...

Continue reading

globus travel

ТА „Глобус Травел“ дел од проектот за самовработување

Post Views: 1 Туристичката агенција „Глобус травел“  е дел од проектот за самовработување поддржан од владата и UNDP.  Сопственичка на агенцијата е Елена Лотеска Наумоска која започнува сопствен бизнис во туристичката сфера.„4 години работам во туризмот, имам контакти и сум во таа бранша вели Лотеска Наумоска. Сметам колку и да има туристички агенции нивниот број е мал бидејќи имаме добри атрибути за да го развиеме туризмот на максимално ниво, да не е само во лето туку преку цела година,“ објаснува таа. На гостите кои ќе доаѓаат во Македонија преку Глобус травел ќе им бидат презентирани...

Continue reading

krv

Најдобро се учи преку пример

Post Views: 2 На денешната кводарителска акција, реализирана на иницијатива на О.У. „Св.Климент Охридски“ а со помош на О.О. на „Црвениот Крст“ од Охрид, најмладите од ова основно училиште се „заразија“ со вирусот на хуманоста. На акцијата беа собрани 38 единици на крв кои ќе бидат искористени за потребите на пациентите во Општата болница .Директорката на училиштето Славица Илиќ кажа дека оваа година во чест на патрониот празник, одлучиле програмата да биде малку поразлична. „Освен што традиционално имаме свечени приредби, одлучивме годинава да ја покажеме нашата хуманост со организирање...

Continue reading

nagradena slika

Молитва за радоста

Post Views: 0 Охридскиот сликар Јордан Манасијески беше еден од учесниците на годинешната изложба насловена “Големите мајстори на утрешнината” што се одржа од 22 до 24 октомври во Музејот Лувр во Париз. Како доказ за вистинската вредност на неговите уметнички дела е и почитта што му ја укажа Јапонската Асоцијација за современа уметност, прво поканувајќи го да биде дел од нивната изложбена колекција, а потоа  доделувајќи му специјална награда за неговата слика “Молитва за радоста”. Присуството на Јордан Манасијески на Големите изложби во Париз започна пред две години на Есенскиот...

Continue reading

vmro-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ најавува бојкот на свечената Академија

Post Views: 1 Телевизија ТВМ дознава дека за вечерва координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ свикал вонреден состанок, на кој ќе се дискутира за добитниците на наградите, но и за можен бојкот на централната свеченост, која треба да се одржи во хотел Метропол на 8ми Декември. ТВМ исто така дознава дека е свикана вонредна седница на управниот одбор на Националната Установа Фестивал „Охридско лето“ за сабота, по која ќе следува прес конференција на која ќе се изнесе официјалниот став, во врска со скандалозното доделување на наградата св.Климент Охридски. Не е исклучена можноста...

Continue reading

Vodici

Кој ќе биде кум за Водици?

Post Views: 1 Неофицијално ТВМ ги дознава годинешните аспиранти за кум на Водици. Меѓу пристигнатите апликации за оваа престижна улога годинава се и браќата Јован и Климент Љотески, познати охридски бизнисмени, Верица Хајба – туристички работник од Охрид и сопственикот на туристичката агенција „Контики“ во Македонија – Зоран Миневски. Кумот на Водици го има едно од најзначајните места во целата религиозна церемонија која се одвива за време на овој голем христијански празник. Најголеми шанси за добивање на годинешното кумството имаат браќата Љотески.   {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top