Лајонизмот делува јавно

Потсетување на реализираните хуманитарни акции и поттикнување на интерес за нови. Ова беше главната цел на денешниот прес на охридските лајонисти од клубот „Охрид“. Тие потсетија дека хуманитарните дела во денешно време се повеќе од потребни.

 |  Билјана Николовска  | 
logo
лого

press na Lajons klub OhridПотсетување на реализираните хуманитарни акции и поттикнување на интерес за нови. Ова беше главната цел на денешниот прес на охридските лајонисти од клубот „Охрид“. Тие потсетија дека хуманитарните дела во денешно време се повеќе од потребни.

„Лајонизмот делува јавно, тоа треба да се знае“. Охриѓани не се доволно информирани за бројните активности на лајонистите од Охрид, кои што се спроведени во периодот од 4 години, вели портпаролот на Лајонс клубот „Охрид“, Ѓоко Апостолов. Тој кажа дека нивниот клуб се издвојува од останатите, не само по тоа што се првоформирани во внатрешноста на Македонија после Скопје, туку и по неброените одработени часови и вложен труд. Апостолов зборуваше и за големината на Новогодинешниот хуманитарен концерт планиран за декември годинава.

Овогодинешниот претседател на Лајонс клубот „Охрид“, Ангел Јанев, се осврна на активноста ТОП 10 или циклус за избор на најдобар ученик на Охрид, каде очекува соработка и со државните училишта во општина Охрид.

Павел Попоски, поранешен потпретседател, го најави новитетот за наредната година на активноста ТОП 10. Тој рече дека проектите на лајонистите биле од големо значење, а посебно очекува, наградата за најдобри ученици на Охрид кои ќе добијат стипендија,  да прерасне во традиција.

Вице гувернерот на „Дистрикт 132“ Сашо Василески, сублимирано потсети за тоа, која е лајонистичката организација во светот. При тоа, тој рече дека се работи за најголема сервисна хуманитарна организација во светот, која има повеќе од 45.000 клубови и околу еден милион четиристотини и педесет членови од 209 земји во светот, од кои само 32 клуба опстојуваат во Македонија. Василески рече дека лајонистите се советодавна членка на ОН и нашата земја таму е под уставно име.

Лајонс клубот „Охрид“, најави бројни активности за 2011та година,  меѓу кои, подготовка  за ИТ курсеви за лица со оштетен вид, збратимување со ЛК од Словенија, помош кон проектите на другите ЛК во Охрид, како што е тоа ЛЕО клубот и Охрид-Град со тврдина.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top