Новинарите на испит во ОК на ВМРО – ДПМНЕ

Челните луѓе на ВМРО – ДПМНЕ дадоа одговори на неколку новинарски прашања.

 |  Билјана Николовска  | 
vmro-dpmne
вмро-дпмне

vmro-dpmneОтворен и слободен начин на комуникација со медиумите. ОК на ВМРО – ДПМНЕ за реализација на своите активности ќе работи по европски терк. Денешната средба со новинарите беше пример за тоа. Раководната гарнитура на овој политички блок даде одврзани раце новинарите слободно да поставуваат прашања без разлика од која област произлегуваат, само да се во интерес на јавноста. Портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид Илија Мојсоски рече дека целта е интерактивна дискусија меѓу челните луѓе на партијата и новинарите. Претседателот на партијата Атанаско Михаилов акцент даде на нашето прашање, “Кое е неговото мислење во врска со објективноста на локалните медиуми?“.

„Медиумите се тука не следат и постојано информираат за нашите активности и настани. Ние немаме проблем со комуникацијата со медиумите и во Охрид имаме голем медиумски простор. Медиумите се тука за да на виделина излезат сите помали или поголеми проблеми“, рече Михаилов.

Надоврзувјќи се на одоговорот на претседателот, координаторот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, даде и свој коментар. Тој нагласи  дека местото и улогата на медиумите во последнава година е изразена во една  нагорна линија која се движи во рамките на објективноста.

Паноски прокоментира и за седниците на општинскиот совет.Беше реален и го потврди фактот дека заедничките координации пред секоја седница не се во функција на нивната цел. Потенцираше дека последнава седница на Советот на општината била најдобра, бидејќи до израз дошле спротивставените ставови на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, а не злоупотреба на говорницата од страна на градоначалникот.Паноски дециден дека на ова поле недостасува демократски капацитет и критика.

Денешниот прес на ОК на ВМРО – ДПМНЕ на испит ги стави мислењата и ставовите на новинарите. За возврат добија канонада од прашања за проблемите кои секој ден се се поголеми и побројни, а нормално теретот го носи кој друг ако не граѓаните.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top