Ознака: концерт

percan

Концерт на музичка младина со барокна музика

Post Views: 0 Камерниот оркестар на музичка младина настапува во Св. Софија. Оркестарот има долга традиција на присутност на Фестивалот Охридско лето. Вечерва настапуваат по 29-ти пат  со дела од барокниот период. Емилио Перцан е раководител на камерниот оркестар за овој концерт. Тој својата доедукација ја посветил на барокната музика, најавува музичкиот селектор  Гордана Јосифоска Неделкова, „ Посебно ни е драго што Емилио Перцан,  години наназад беше член на камерниот оркестар на музичка младина. Како фестивал,  музичка младина, но и како на педагози посебно ние драго кога нашите...

Continue reading

ох лето

На Охридско лето концерт од опусот на композитирот Томислав Зографски

Post Views: 16 На програмата на Охридско лето вечерва е концерт посветен на творечкиот опус на македонскиот композитор Томислав Зографски. Зографски  е еден од основоположниците на македонската композиторска школа. Концеротот е во знак на одбележување на 80 години од неговото раѓање.  Вечерва во Св. Софија настапуваат покрај искусни музичари  етаблирани на македонската музичка сцена, како флејтистот Страшо Темков,  и талентирани студенти како виолинистот, охриѓанецот  Ѓорѓи Петровски. Целиот креативен  век професорот  Зографски го посвети работејќи со студентите и остави композиции ...

Continue reading

mrvica

Концертoт на виртуозот на пијано, Максим Мрвица, исфрли на површина повеќе организациони фалинки

Post Views: 10 Хрватскиот пијанист Максим Мрвица на сите кои саботата навечер беа на „Антички“ им приреди едно незаборавно доживување. Овој виртуоз на пијано кој настапи во рамките на фестивалот „Охридско лето“  на начин препознатлив само за него изведе кросовер композииции од своите десет албуми, како и еден помал блок класична музика и ја стана публиката на нозе. Овој концерт по се изгледа ќе се вброи во еден од најдобрите на овогодинешното фестивалско издание. Но, зачуди фактот што и за еден ваков светски настан античкиот театар пред почетокот на концертот остана полупразен па...

Continue reading

big bend

ИмаТ и во Охрид супер музика за без пари

Post Views: 8 Нивниот фанк, џез, соул, македонските и странските песни, ги воодушеви сите присутни на плажата „Куба Либре“. Сопствениците на објектот велат дека синоќешната забава била нивниот подарок за посетителите. Синоќа охриѓани и бројните туристи имаа уникатна можност да уживаат во звуците и мелодиите на култниот Биг Бенд на Македонската радио телевизија.  Овој фантастичен состав на музички таленти, од кои голем број членови на Македонската филхармонија, на сите посетители на плажата Куба Либре на Охридското крајбрежје им понудија неверојатни џез и фанк звуци, македонски и странски...

Continue reading

Cetkar

Четкар му го честита роденденот на Аквариус со извонреден концерт

Post Views: 7 Како подарок за 23тиот роденден на култното охридско кафуле “Аквариус“, синоќа свој концерт одржа светски познатиот џез гитарист Владимир Василески – Четкар, охриѓанецот кој со својата гитара и насмевка го плени светот. Негово музичко друштво синоќа беа и Оли Јосифовски на бас и Гоце Стевковски на тапани. Веќе неколку години наназад Четкар, еден од најперспективните домашни џез музичари, на овој ден настапува во „Аквариус“ а покрај многубројната охридска публика еден од неговите најверни фанови е и Претседателот на република Македонија, Ѓорѓе Иванов. Синоќа пред публиката...

Continue reading

МП

Гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев

Post Views: 1 Одржан гала концерт во чест на 5 децении постоење на ОМУ Методи Патчев.  Околу 50тина учесници  во орекстарот и хорот во катедралната црква Св Софија исполнаа музички нумери достојни за одбележување на еден ваков значаен јубилеј. Директорката на училиштето Нина Момироска  упати благодарност до голем број нејзини поранешни колеги кои во изминативе години оставиле дел во мозаикот на музичкото училиште Методи Патчев.  За гала концеротот директорката Момиорска рече дека идејата била во програмата да  земат учество сите кои биле дел од ова музичко училиште.„ Поддршка добив...

Continue reading

logo

Хуманитарен концерт со младите охридски музички таленти

Post Views: 6 Во организација на Фестивалот „Охрид те сакам“, ЛК „Лихнидос“ и медиумската заедница од Охрид, во среда, 04.06.2014г. во големата сала на општина Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт. Настапуваат младите музички таленти: Христијан Јовановски – кларинет и Даниел Мојсоски – виолина. На програмата ќе бидат дела од Е. Илиевска. Бара, Вон Вебер, Монти, Вивалди, Черкин и други.Почеток на концертот е во 19.00 часот. Влез 100 ден.  Дел од собраните средства ќе бидат наменети за лекување на 11 годишно момче од Охрид кое боледува од ретка болест, а на кое му е потребна...

Continue reading

ohridsko leto

Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година

Post Views: 1 Фестивалот Охридско лето, најголем туристички настан за минатата година. „Оваа престижна награда која ни ја додели Министерството за економија е мотив повеќе за и оваа година да се потрудиме да донесиме светски имиња на овој фестивал кои ќе привлечет голем број посетители од земјава, но и од регионов, вели директорката на фестивалот, Елизабета Јанкуловска. Таа додава дека минатата година се закитиле со уште една многу важна награда а тоа е концерт на годината. Тоа е настапот на Шиштов Пендерецки заедно со македонската филхармонија. –Благодарение на полската вечер...

Continue reading

hor

Дански културен настан во Охрид

Post Views: 3 Општина Охрид и НУ Центар за култура “Григор Прличев”- Охрид заеднички организираат концерт на “Хорот Копенхаген” од Данска. Концертот ќе се одржи на 29-ти Мај (Четврток) во 18:00 часот во Центарот за култура во Охрид. Влезот е слободен. Хорот Копенгаген е формиран во 1951 година и има богато концертно искуство. На Програмата се дела од скандинавски автори, како и на Хендл и Вивалди.На концертот ќе настапи и Градскиот Хор од Охрид. {loadposition content9}

Continue reading

концерт

Растечката генерација македонски пијанисти со концерт во Охрид

Post Views: 0 По повод чествувањето на „Св. Кирил и Методиј”, во сабота, 24-ти мај, во катедралната црква „Св. Софија” во Охрид ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти, по уметничко ракодовство на проф. м-р Кристијан Каровски. На сцената во „Св. Софија” ќе настапат Анастасија Кочева, Амина Никочевиќ, Викторија Митеска, Дамјан Милески, Ивана Јанаќиева, Њомза Џафери и Тодор Спанџов, а ќе бидат отсвирени дела на Бетовен, Шопен, Дебиси, Брамс, Григ и Рахманинов. Настанот започнува од 20 часот, а воведна реч ќе има проф. д-р Красимира Илиеска....

Continue reading

koncert

Охридските „мозочиња“ со предвелигденски концерт

Post Views: 5 Црвен крст Охрид одржа  Предвелигденскиот концерт на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид-Центарот за развој на животни вештини. Покрај своите музички вештини и способности, 40 деца на возраст од 4-14 години  ги презентираа и техниките и вештини стекнати со Бреинобреин програмата, а кои ја потенцираат  фотографската меморија, нумеричките и вербални способности, мултитаскингот. Овој атрактивен и интересен настан се реализира синоќа во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид, со почеток во...

Continue reading

calgija saun dsistem

Концерт на “ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ” оваа сабота во Охрид

Post Views: 4 НУ Центар за култура “Григор Прличев” -Охрид,Ве поканува на ПРЕДВЕЛИГДЕНСКИ КОНЦЕРТ со “ЧАЛГИЈА САУНД СИСТЕМ”, – група која ја негува македонската чалгиска музика, но и изведува музика које е инспирирана или слична со чалгиската. Концертот ќе се одржи оваа САБОТА, 12-ти АПРИЛ 2014 година во големата сала на центарот со почеток 20.30 часот. Влез 100 денари. Чалгија саунд систем е состав формиран во 2008 година од група на млади луѓе кои претходно беа ангажирани во неколку проекти со слична музичка ориентација како Калдрма, Бидичалги и Стринг...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top