Ознака: кои

edrilici

Периодот на подоготвки заврши

Post Views: 1 Прва станица Бургас, соседна Бугарија. За најдобриот македонски едриличар, Ердал Љушо оваа регата ќе биде увертира пред учеството на Европското првенство ова лето во Холандија. Струшките едриличари подговтвени за претстојните натпревар. После периодот на неколкумесечни интензивни подоготовки, започнаа со тренинзите во вода. Пред нив  учество на многу регати, едно Балканско и едно Европско првенство. Ердал Љушо, од Е.К „Снегар“, подготвен за првата овогодишна меѓународна регата, на која е најавено учеството на претставници од речиси сите држави од Балканот. Иако не е...

Continue reading

kosarka

Охрид добива младинска кошаркарска лига

Post Views: 4 Младите таленти на охридската кошарка денес зачекорија по стапките на своите идоли. Во Охрид се формира младинска кошаркарска лига. Оваа лига е составена од четири екипи меѓу кои Езерца, Освојувачи, Рисови и Величенствени. Ваквиот начин на натпреварување ќе им овозможи на младите кошаркари да покажат што знаат пред јавноста. „Со големо задоволство сакам да ве известам вас и охридската јавност дека започнуваме со ГЛОБАЛ кошаркарската лига која е во организација на кошаркарскиот клуб ГЛОБАЛ од Охрид. Учествуваат 4 екипи и се натпреваруваат во лига систем.“-рече Дарко...

Continue reading

crvena karpa

Какви тајни крие „Црвената карпа“ на Кожуф планина?

Post Views: 59 Од дедовци и прадедовци сме слушале приказни дека во внатрешноста на црвената карпа има долги ходници во кои во минатото било скриено големо богатство, раскажуваат постари луѓе од овој крај за карпата која се наоѓа во близина на тиквешкото село Радња. Црвената боја ја зголемува нејзината магичност и ги подгрева разните мислења за тоа што се крие во нејзината утроба. Грандиозноста од околу стотина метри височина ја прави своевидна господарка во дивината. Мистериозната црвена камена маса во срцето на Kожув, на петнаесетина километри од ски-центарот на оваа планина, како...

Continue reading

protesti Struga deca Podgorci

Протести пред општинската зграда во Струга

Post Views: 0 „Еден затвор помалку“, „Заменик министре имате страв од образовани албанци“, „Во Македонија има 28 училишта со 3 -5 ученици, а во Подгорци сме 23 ученици“, се дел од пораките кои децата од Подгорци ги носеа денеска на протестите пред општина Струга. „Денеска протестираме за правата на нашите деца“, велат родителите кои беа исто така пред општинската зграда во Струга. „Си ги бараме правата. Нашите деца да одат во своето училиште  во селото каде што се родени. И ние како и сите граѓани плаќаме данок за деца, за се плаќаме данок. Овде сме родени и овде бараме права ние“,...

Continue reading

podmladok

90 години од првата фудбалска топка во Охрид

Post Views: 8 „Средбата на генерациите“ на охридскиот фудбал која се одржа денес, не врати со години наназад до самите почетоци на фудбалската игра во нашиот град. Најзначајните фудбалери од Охрид низ годините од генерациите `48ма, `54та, па се до денес како и екипи и гости, на денешната свечена седница одбележаа еден значаен датум за охридскиот фудбал. „Денешнава седница е одржана по повод 90 години од првата фудбалска топка во Охрид и првиот фудбалски клуб формиран во 1921 година. Се смета дека првата топка била донесена од француските војници кои враќајќи се од Солунскиот фронт...

Continue reading

Четири начини со кои Ikea успешно ги придобива купувачите

Post Views: 1 Ikea освен по производите, позната е и по интересно уредените продавници кои функционираат како голема самопослуга во која лесно се доаѓа до посакуваната роба, а често се купува и она што не било во план. Заслугите за овој бизнис успех најнапред одат на нивниот концепт кој го создале овие четири дизајнерски правила: –Намалување на трошоците на секој чекор – Во процесот на производство, Ikea држи голем нагласок на што помалку трошоци. Така, за изработка на мебелот користи евтини плочи од влакна кои ги нарачуваат во големи количини. Ikea, исто така, ги намалува трошоците...

Continue reading

niva

Македонија ја очекуваат „изгор“ лета и благи зими

Post Views: 1 Пеколни лета и благи зими кои директно ќе влијаат на водните ресурси – вакви ќе бидат ефектите од климатските промени во земјава, предупредуваат експертите. Во проекциите направени за нашата земја, проценето е дека во периодот 2025-2100 година ќе дојде до континуирано зголемување на просечната годишна температура особено во летниот период од годината. Ќе има и екстремни пикови на високи температури и долги периоди на т.н. топли бранови  со  континуиран број на денови над 40 степени, сметаат добро упатените. Според проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје...

Continue reading

sednicast

Стружани куртулија од поскапување на водата

Post Views: 7 Стружани нема да добијат повисоки сметки за вода. На овој став цврсто застанаа и го одбранија  струшките советници на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ПЕИ. Околу предлог одлуката за зголемување на цената на водата два дена во струшкиот совет се одвивала вистинска драма, обвинуваат советниците на ВМРО – ДПМНЕ. Координаторот на оваа политичка партија Момчило Аврамоски вели дека советниците на седницата се држеле како заложнци без можност да гласаат. „За една точка гласавме дури по десеттина пати, и воопшто не се успеваше да се донесе одлука. Поради немање на доволно гласови за да...

Continue reading

mreza

МВР отвара широк фронт против дрогата

Post Views: 2 Министерството за внатрешни работи, денеска отпочна со реализација на Оперативната обработка „Мрежа“ за сузбивање на недозволената трговија со наркотици. Со отпочнувањето на оваа акција, отвараме широк фронт против дрогата која се растура на улиците низ целата држава и очекуваме широка поддршка од граѓаните. Веќе профилиравме поединци и групи кои на ситно препродаваат различни видови дрога, доведувајќи ги во опасност животите на илјадници млади лица во Скопје и во останатите градови. За старт на оваа акција, која ќе продолжи и во наредниот период, обезбедени се материјални...

Continue reading

gradinka

Во „Сонце“, студи

Post Views: 3 Децата од струшката градинка немаат греење. Станува збор за објектот „Сонце“ од ЈОДУГ 8 ми Март. До нашата редакција се обратија загрижени родители кои не само што забележаа дека децата во градинката престојуваат без огрев, туку посочија на низа други проблеми  поради кои објектот се наоѓа во катастрофално лоша состојба. Тие бараат одговорност поради таквата состојба. „Покрај тоа што градинката се наоѓа во очајна состојба, кровот е стар, мувла има насекаде, зидовите паѓаат, тоалетите се распаѓаат паркетот е во страшна мувлосана состојба и во целата оваа трегедија значи...

Continue reading

kandidati

Заклучен избирачкиот список за претседателските избори

Post Views: 0 За изборите за шеф на државата право на глас имаат 1.779.552 избирачи. Од нив 1.707.828 се регистрирани во Македонија, а од дијаспората за гласање се пријавени 8332 лица. Останатите македонски иселеници со право на глас, околу 62 000 бидејќи не пополниле пријава за гласање во странство, се префрлаат во посебен дел од избирачкиот список во Македонија. Најголем дел од иселениците, 5892 ќе гласаат во 7 – та изборна единица во Европа, 1426 во осмата ИЕ Америка и 1014 во деветтата изборна единица во Австралија и Азија. 40 македонски државјани со престој или привремена...

Continue reading

morbili

Вo Скопје прогласена епидемија на морбили

Post Views: 0 На територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили. Регистрирани се 25 случаи на оваа болест, од кои осум се поврзани случаи, поради што е и прогласена епидемија. Дел од заболените се од околните села, а дел од градот. Од Центарот апелираат децата да се вакцинираат и предупредуваат дека од 2012 година е намален опфатот на деца кои се вакцинираат против заразни болести. Првичните симптоми на морбили се слични на настинка и грип, кивање и покачена телесна температура поради што и болеста потешко се дијагностицира во првата фаза. Инкубацијата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top