Протести пред општинската зграда во Струга

Родителите и децата од Подгорци бараат во Подгорци да се формираат паралелки на албански јазик.

 |  Маленкова Татјана  | 
protesti Struga deca Podgorci
протести Струга Подгорци

„Еден затвор помалку“, „Заменик министре имате страв од образовани албанци“, „Во Македонија има 28 училишта со 3 -5 ученици, а во Подгорци сме 23 ученици“, се дел од пораките кои децата од Подгорци ги носеа денеска на протестите пред општина Струга.

„Денеска протестираме за правата на нашите деца“, велат родителите кои беа исто така пред општинската protesti Struga deca Podgorciзграда во Струга.

„Си ги бараме правата. Нашите деца да одат во своето училиште  во селото каде што се родени. И ние како и сите граѓани плаќаме данок за деца, за се плаќаме данок. Овде сме родени и овде бараме права ние“, вели родителот Киметка Садикоска.

Садикоска вели дека не го прифаќаат предлогот од министсрството за образование децата доколку сакаат да учат на албански јазик, настава  да следат во селото  Лабуништа. Родителите додаваат дека Лабуништа им е далеку, посебно  во зима кога често се случува овој пат да не е прооден. Дознаваме дека и покрај тоа што родителите негодуваат, децата сепак одат во училиштето во Подгорци.  Тие се жалат дека  просторни услови имаат, но дека во моментов немаат струја.

„Таткому на ова дете со копачка го има турнато старото училиште, а другите велеа убаво ни е училиштево. protesti Struga deca PodgorciНие бараме да бидат истурени паралелки. Децата на училиште одат 1200 дена, а немаат никаво право“, додава Садикоска.

Родителите кои денеска протестираа се категорични дека и покрај тоа што во неколку наврати оствариле средба со претставници од министерството за образование со цел да се изнајде решение за проблемот, за нив е неприфатливо она што им го нуди министерот.

Проблемите во Подгорци се провлекуваат подолго време. Едните бараат настава на албански јазик, а другите појаснуваат дека овие деца доколку се категорични дека сакаат да учат на албански, школувањето да го продолжат во Лабуништа бидејќи нема доволен број на ученици за да работи школото во Подгорци.  Генерално пораката од надлежните е дека во образованието нема место за политика.  А што е уште поважно, на децата не им е местото на протести.  

{loadpostion content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top