Ознака: кои

Kineska delegacija

Кинезите пристигнаа

Post Views: 10 Делегација на кинескиот град Далиан, денес го посети Охрид. Оваа посета е резултат на посетата на  градоначалникот Петрески, кој пред неколку години присуствуваше на Конференцијата на градовите збратимени со Далиан. Петрески убеден дека брзиот стопански развој кој Далиан и цела Кина го направи, ќе можеме и ние да го направиме овде, во Охрид, со помош на збратимениот кинески град. „Во целокупното стопанство, тргнувајќи од туризмот каде што како што кажав доволно е администрацијата на Далиан да не посети и сите капацитети да ги пополни. Покрај туризмот разговаравме и...

Continue reading

crven krst

Започна третата сезона од проектот „Дрога, вистини, заблуди“

Post Views: 2 СВР, Црвениот крст, познати лица од Охрид и локалните самоуправи кои ги покрива секторот, од денеска ја започнаа третата фаза од проктот „Дрога, вистини, заблуди“.Станува збор за проект во кој како целни групи се вклучени учениците од основните, средните училишта и црвен крст. Во контекст на овие целни групи овој проект е најголем од ваков вид во Р Македонија“, изјави портпаролот на СВР Стефан Димовски. Тој додаде дека оваа сезона ја започнаваат со нова кампања во која се вклучени повеќе лица од Охрид – од светот на музиката, естрадата, култура…. „ Сметаме...

Continue reading

kej

Рачна граната покрај кејот на Охридското Езеро

Post Views: 13 Туристите и граѓаните на Охрид кои денеска шетаа на кејот на Охридското Езеро, на само пет метри од брегот, можеа да забележат неексплодирана рачна граната, најверојатно, од Втората светска војна. Се работи за рачна граната која се наоѓа на длабочина од околу половина метар од десната страна на рекреативниот мост пред хотелот Палас. Се очекува надлежните служби и експерти пиротехничари да ја отстранат бомбата, која е потенцијална опасност за околината. Се претпоставува дека гранатата на ова место во Охридското Езеро пред два дена, за време на невремето, ја донеле силните...

Continue reading

pres

Кина, преку Охрид клуч за македонскиот пазар

Post Views: 4 Со сеуште свежи сеќавања од посетата на Кина, од пред околу 5 години, градоначалникот на Охрид Александар Петрески, ја најави посетата на високата делегација од градот Далиан. Придружуван од тогашниот претседател на Советот на општината Владо Чинго и Венко Шапкар, Петрески со воодушевување ги пренесе своите импресии за ова специфично место. Но и во оваа пригода не испушти да ја искритикува актуелната власт на ВМРО –  ДПМНЕ, која не го поканила минатата година, при посетата во Кина. Постојат реални изгледи збратимувањето со кинескиот град Далиан да резултира со...

Continue reading

Sv Kliment Ohridski

Некои кренаа раце од наградите но некој и ќе тужи

Post Views: 4 Конкурсот за најпрестижната награда на градов „Наградата  за животно дело“ и Повелбите „Св. Климент Охридски“, заврши. Дали годинава ова признание, а и неговите добитиници ќе го добијат третманот и вниманието кое го заслужуваат? Ќе заврши ли конечно наградата во рацете на оние кои по заслуга ја добиле? Иако некои од минатогодишните добитници на Св Климентовата награда веќе не се ни надеваат дека таа ќе дојде во нивните раце, некои ќе одат до крај. Минатогодишниот добитник на Наградата за животно дело, пратеникот Цветко Грозданов за ТВМ изјави дека, иако честа да се...

Continue reading

VMRO-NP

Конкретен проект за решавање на проблемите со водоснабдување на Општина Охрид

Post Views: 2 Капитален проект, со кој би се решил проблемот со водоснабдувањето во Охрид. Од О.О на ВМРО Народна велат дека станува збор за изградба на нов водовод во должина од 25 км. Со овој водовод, капацитетите на извориштето Дувло, од атарот на Сел.Свиништа како и на изворите на Коселска река ќе бидат искористени за водоснабдување на селата кои гравитираат по течението на Коселска река, како и на Општина Охрид. Костоски вели дека изворите се со капацитет од 135-2000 л/с. Станува збор за квалитетна вода чиј состав не е толку богат со варовник, со чија помош ќе се реши водоснабдувањето...

Continue reading

gradinka

Решен статусот на дел од вработените во охридската градинка

Post Views: 16 Принципиелно решавање на статусот на ангажираните со договор на дело во детските градинки. Четири негувателки и три воспитувачки веќе се стекнаа со долгоочекуваните решенија за регулирање на редовен работен статус во охридската детска градинка „Јасна Ристеска“. В.Д. директорот на оваа установа Марина Петроска Тодороска вели, дека се` поминало согласно законските пропозиции, а тоа е исполнување на условите по конкурсот и давање предност на оние кои имаат подолг работен стаж со договор на дело. Тодороска кажа дека ова е реализација на првата зацртана фаза од страна на...

Continue reading

logo

Лајонизмот делува јавно

Post Views: 1 Потсетување на реализираните хуманитарни акции и поттикнување на интерес за нови. Ова беше главната цел на денешниот прес на охридските лајонисти од клубот „Охрид“. Тие потсетија дека хуманитарните дела во денешно време се повеќе од потребни. „Лајонизмот делува јавно, тоа треба да се знае“. Охриѓани не се доволно информирани за бројните активности на лајонистите од Охрид, кои што се спроведени во периодот од 4 години, вели портпаролот на Лајонс клубот „Охрид“, Ѓоко Апостолов. Тој кажа дека нивниот клуб се издвојува од останатите, не само по тоа што се првоформирани...

Continue reading

sdsm

Инцидент во ОО на СДСМ Охрид

Post Views: 0 Познат изнудувач од Охрид, вчера околу 20 часот, во просториите на ОО на СДСМ, вербално и физички го нападнал претседателот на огранокот, Науме Јованоски. Ова за ТВМ го потврди портпаролот на СВР, Стефан Димоски, каде случајот бил пријавен. Портпаролот рече дека во текот на денешниот ден, стручните екипи на СВР работат на пронаоѓање и повикување на лицата кои се пријавени, со цел да се изврши разговор со нив, како би се утврдиле сите наведени искази од страна на пријавувачот. Димоски додаде дека доколку се потврдат исказите, ќе следуваат соодветни пријави против сторителите. ...

Continue reading

lanci

Охрид се подговува за сообраќај во зимски услови

Post Views: 0 На одржаниот работен ссотанок, во организација на Секторот за внатрешни работи, ажурирани и дефинирани работните планови и програми за одржување на патиштата во пресрет на зимската сезона, кај сите субјекти кои директно или индиректно се повикани за решавање на оваа проблематика. Командирот на ПС за безбедност во сообраќајот Страшо Миленкоски, изјави дека што се однесува до сообраќајните несреќи во зимскиот период, бројките охрабруваат. Тој додава дека иако бројот на сообраќајните несреќи во 2009 година е поголем отколку во 2008-та година, сепак нивната тежина и фаталноста...

Continue reading

opshtina

Вина кај сите, само не кај Охрид!

Post Views: 0 Сивите зони до израз. Предлог одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот за периодот од 01.07 до 30.09 годинава, темпирана бомба. Јованка Дамоска, советничка на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека слабостите за кои редовно укажуваат, со кварталниот извештај доаѓаат до израз. Според неа сивите зони посебно се очигледни во контото за субвенции и трансфер. Дамоска потенцира дека најголемата слабост е процесот на реализација на буџетот, како и нереалните соништа на градоначалникот Петрески. „Кварталниот извештај е образец кој во целост е преземен онака како што...

Continue reading

kamion za otpad

Одобрен е планот за управување со отпад

Post Views: 3 Донесен еден од најважните документи за управување со отпад во нашата општина. Планот за управување со отпад кој беше доставен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, претставува стратешки документ на активностите што следат и основа за пресметување на потребните средства кои ќе се одделуваат од буџетот на општина Охрид во врска управување со комуналниот отпад. Вишиот соработник од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина од општина Охрид, Хавза Реџеп Какел вели дека нашава општина е една од првите кои во РМ го донесе овој план...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top