Одобрен е планот за управување со отпад

Во овој стратешки документ се предвидени повеќе активности за управување со комуналниот отпад, во рамките и законските надлежности на Оштината.

 |  Крсте Голабовски  | 
kamion za otpad
камион за отпад

medicinski otpadДонесен еден од најважните документи за управување со отпад во нашата општина. Планот за управување со отпад кој беше доставен од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, претставува стратешки документ на активностите што следат и основа за пресметување на потребните средства кои ќе се одделуваат од буџетот на општина Охрид во врска управување со комуналниот отпад. Вишиот соработник од Секторот за урбанизам и заштита на животната средина од општина Охрид, Хавза Реџеп Какел вели дека нашава општина е една од првите кои во РМ го донесе овој план за периодот од 2009-2014. Таа се надева дека од овој документ во иднина ќе произлезат голем број активности.

Какел потенцира дека имплементацијата на овој план е во надлежност на ЈП „Охридски комуналец“. Директорот пак на ова јавно претпријатие Сашо Алче, вели дека уште пред 2 години ова претпријатие доенело план за управување со комунален отпад, со имплементирани европски директиви како намалување на отпадот, негова примарна и секундарна селекција и негово депонирање. Алче вели дека уредно се води евиденција за управувањето со комуналниот отпад, но за жал сериозни проблеми се јавуваат при евидентирањето на индустрискиот опасен отпад, како и медицинскиот отпад.

Алче додава дека третирањето со медицинскиот отпад е должност на Министерството за здравство, а проблемот е дотолку поголем бидејќи во Охрид има три големи здравствени центри. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ вели дека  РМ е обврзана преку МЖСПП да помогне  во делот на имплементацијата на Законот за управување со отпад и додава дека иако во нашата земја многу зе зборува за селекцијата и рециклирањето на отпадот, во оваа проблематика, која на запад веќе се третира како наука, од страна на државата многу малку се вложува.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top