Post Views: 11
Ова е краткото име на долгиот пат кон успехот на Нијази Махмуд или онака како што сите го знаеме, СУНА бои и лакови. Емотивни говори, благодарници за верните соработници и пријатели. Златниот јубилеј на една од првите приватни фирми во Охрид прославен на еден посебен начин.
Една од првите приватни фирми во градов го доживеа својот златен јубилеј. Мајсторот Нијази Махмуд и неговата СУНА денес одбележаа успех каков што ретко се одбележува. Од скромните почетоци далечната 1961ва година кога на мала троколка си го терал својот занает, денес Нијази Махмуд е едно од најпознатите...
Post Views: 4
Налог за наплата на гробарина. 1200 денари е износот на сумата, која корисниците на гробно место на охридските градски гробишта треба да ја издвојат за 2011 година. Дел на охриѓани кои не сакаа да коментираат пред нашата камера кажаа дека новата давачка на ЈП им дошла како гром од ведро небо, бидејќи сумата не е мала за да се плати одеднаш посебно ако се земе предвид дека има и такви корисници кои имаат и повеќе од едно гробно место. За оваа забелешка на јавноста надлежните на ЈП Градски гробишта имаат свое оправдување. Според координаторот на ова претпријатие, Драган...
Post Views: 9
Подобра патна инфраструктура, решавање на разни видови комунални проблеми, изградба на дом за стари лица и спортски игралишта, отстранување на физичките препреки за лицата со хендикеп се дел од барањата на месните заедници, здруженијата и граѓаните за реализација во 2012 година.На јавната дебата, за Фискалната стратегија за 2012 година на Локалната самоуправа, градоначалникот Петрески и раководителите на секторите ги сослушаа граѓаните кои бараат како приоритени потреби да влезат за реазлизација од општинскиот буџет за престојната година. Се дискутираше што е можно...
Post Views: 7
Отпадните води на потегот Градиште-Свети Наум ќе се пречистуваат во две пречистителни станици. Според физибилити студијата која ја изработија Хидро Енерго Инженеринг и Поинт про од Скопје, беа предложени 6 можни решенија од кои три се базираа на досегашниот систем на собирање и пречистување на водата. Поради специфичноста на подрачјето изработувачите на студијата гарантираат задолжително терцијарно прочистување на отпадните води. Според нив, водата која ќе биде испуштана во езерото по терцијарното пречистување, ќе биде со исклучително висок квалитет.„Заедно со Проаква...
Post Views: 8
Од суровата реалност поврзана со инцидентите не тргна директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче. Тој ги повика камерите да бидат подготвени уште вечерва и да го регистрираат ефектот на комплет поставените светлечки реквизити.Димитар Пендо, претставникот на угостителскиот еснаф, вели дека се спремни за пречек на гостите кои ќе го посетат Охрид. Тој додава дека добро би било до година акцент да се стави и на католичкиот Божиќ, бидејќи и тој верски празник привлекува големемо внимание кај туристите.Да се надеваме дека теоретските претпоставки на надлежните и во пракса...
Post Views: 23
Селска ѓурултија со ѕенѕање, тропање и скокање или тетарска претстава која на охридската публика ќе и понуди несекојдневна забава и уживање. Охридскиот Народен театар, ви ја претставува четвртата охридска премера насловена „Ајде да си речиме уште една“.Станува збор за своевиден мјузикл, работен два месеци, кој го поставува прашањето за народното творештво, вели Горан Стојаноски – директор на Н.У. Охридски Народен Театар.„Претставата е работена два месеци, ова е веќе четврта нејзина изведба, премиера може да се каже и она што е многу битно за оваа претстава е дека е...
Post Views: 1
Започна промоцијата на протоколите или упатните механизми за постапување во случаи на семејно насилство. Националниот совет за родова рамноправност, во соработка со Светската здравствена организација и Министерството за труд и социјална политика, во рамки на Заедничката програма на Обединетите нации за превенција од семејно насилство организираат серија дводневни обуки за употреба на овие механизми во случаи на семејно насилство. Благородна Шопова од Националниот совет за родова рамноправност објасни кое е знаечењето од протоколите во овој случај.
„Проблемот е многу...
Post Views: 3
На студентите на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид кои дипломираа во претходната академска година, или до месец септември денеска свечено им беа врачени дипломите. „Особена чест и задоволство ми беше што бев избрана за најдобар студент, ова е големо признание за мене. Сите колеги кои дипломиравме не застануваме тука, нашите аспирации се големи, верувам дека ќе се реализираат“, вели Ивана Ангелоска, која поради постигнатиот просек за време на студирањето од 9.96 е прогласена за студент на генерацијата од насоката Осигурување.
„Ова беше еден од најдобрите...
Post Views: 0
Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда во Холандија и Шведска. Неодамна во Светскиот трговски центар во Амстердам-Холандија, во организација на амбасадорот г-дин Никола Димитров се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација, но и промоција на македонските вина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ги презентираше туристичките потенцијали на Македонија пред повеќе од триесет холандски тур-оператори кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, но и пред тур-оператори кои пројавиле интерес...
Post Views: 8
Да го вратиме Законот за млади во собраниска процедура! Ова е иницијативата која во моментов ја спроведува Коалицијата на младински организации-СЕГА, а чија цел е добивање на сеопфатен закон за младите во Република Македонија. Овој контроверзен закон по острите критики кои ги доби во јавноста беше повлечен од собраниска процедура. Иако Владата најпрво негираше дека ќе го повлече, сепак на крајот на месец Октомври го врати на доработка. Но додека предлагачот размислува за недостатоците на законот, младите и натаму без регулирани права и обврски. Младинските организации...
Post Views: 1
Елшанци здивнаа од еден проблемРешавањето на овој проблем е само еден од повеќето инфраструктурни проблеми кои ги мачат елшанци. Тие бараат подобар асфалтен пат и водоводна мрежа. Градоначалникот ветува дека со добивањето на поголеми надлежности со влезот во втора фаза на децентрализација, Локалната самоуправа и понатака ќе ги решава проблемите на граѓаните. Општина Охрид ќе се грижи за подеднаков развој на градските населби и рурални средини, потенцира градоначалникот.„Една држава оди напред кога секој граѓанин ќе се изјасни за трошењето на парите од државната...
Post Views: 0
Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Пред присутната публика на овој уникатен настан беа претставени 28 модели изработени од хартија од самите манекенки, ученички во ОСУ „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова.
Она што синоќа беше претставено во гимназијата е за почит и воодушевување – модели уникатни, оригинални, несекојдневни.
„Современата уметност нуди многу можности, така да можеме да искористиме многу различни материјали, кои предходни имале некоја друга намена, а да ги...