Ознака: кои

PayPal во Македонија

Post Views: 1 Оnline сервисот за плаќање и трансакции, PayPal, од вчера е достапен и во Македонија.Освен во Македонија, PayPal вчера соопшти дека е присутен и во 9 други држави: Монако, Белорусија, Молдавија, Парагвај, Камерун, Брегот на слоновата коска, Нигерија, Црна Гора, и Зимбабве. Директорот на PayPal, Rupert Keeley, најави дека на почеток корисниците од Македонија и другите 9 држави ќе можaт само да плаќаат оnline преку овој сервис но нема да може да примаат пари преку него.“Во прво време ќе се нуди само испраќање пари, односно плаќање за стоки купени на интернет, додека корисниците...

Continue reading

ucilista

Училиштата подготвени за школската година

Post Views: 43 Учиштата се подготвуваат за почетокот на школската година. Пред ширум да ги отворат вратите за учениците, се гланцаат дворовите, но и училишните простории. Додека учениците одмараа во училиштата се работеше. Генерално сите општински училишта преку локалната добија помош од Јавните претпријатија. „Изградивме парк со забавни реквизити за најмладите. Посадивме садници, цвеќиња. Нашите ученици во акција ги избоија бетоните во зелена боја. Исековме дрва кои беа со дозвола и нашите вработени изработија клупи и столчиња во еко стилот. Изработивме од рециклирани матријали,...

Continue reading

болница

Професори од Клиника лекуваат пациенти во охридската болница

Post Views: 11 Веќе шест месеци на интерното одделение во охридската болница пациентите закажуваат медицински прегледи кај тројца врвни специјалисти, професори од Клиниката во Скопје. Оваа  можност следува  по владиниот проект во насока на ублажување на дефицитот од лекари специјалисти во болницата. Со ваквото решение  и пациентите и  болницата имаат голем бенефит, информира портпаролот на болницата д-р Сашо Василески. Болницата на тој начин го пополнува недостигот од специјалисти, а пациентите заштедуваат време и пари за патување до Скопје, појаснува Василески. „ Професор Тања Чапаровска...

Continue reading

mladi aktivisti

Колку активен е македонскиот граѓански активизам?

Post Views: 2 Како изгледа македонскиот граѓански активизам од прва рака? Изминативе неколку години, неколку јавни прашања кренаа вистинска прашина по што групи на граѓани решија да го изразат своето мислење преку мирни протести. Некои од граѓанските иницијативи постигнаа позабележителен, некои помалку забележителен успех, но според граѓаните активисти, за жал заедничко за сите нив е дека во јавноста ваквите иницијативи воглавно добиваат етикета дека се политички мотивирани. „Етикетирањето прави огромна штета врз активизмот во Македонија. Во суштина тоа не е одржлива и нормална работа....

Continue reading

taksi

Охриѓани незадоволни од такси превозот во градов

Post Views: 6 Охриѓани со низа забелешки во врска со такси превозот во градов. Тие велат дека и ова лето присутни биле старите проблеми. Повторно имало случаи кога таксистите одбивале да возат на кратки релации, а доколку ги однеселе до саканото место цената која им ја наплаќале ја треселе од ракав. Од Секторот за туризам и локален економски развој велат дека свесни се за проблемите со такси превозот. Токму поради тоа на самиот старт на сезоната превзедоа низа мерки за воведување ред во такси превозот. Ѓоко Апостолов, раководителот на ТЛЕР вели дека во текот на летото поради поплаки...

Continue reading

Професии кои ќе бидат најбарани до 2020 година

Post Views: 7 Спортски и фитнес тренери, физиотерапеути, регистрирани медицински сестри, и масери. Училишни психолози, професори по музика, негователки во градинки и логопеди. Лични финансиски планери, возачи и приватни детективи. Ова се професиите кои до 2020 година ќе бидат најмногу барани на берзата на трудот, пишува Forbes. Се очекува дека овие професии ќе вработат и до 20% повеќе луѓе во САД, до 2020 година. Што е заедничко во сите овие професии? Заедничка линија им е емпатијата, односно способноста за соживување во емоционалната состојба на друго лице и разбирање на неговата...

Continue reading

minerali

„Минералите од Република Македонија“-доказ за минералното богатство на нашата земја

Post Views: 8 Монографијата „Минералите од Република Македонија со вовед во минералогијата“ со промоција и во Охрид. Оваа сликовита монографија е резултат на 25 годишно истражување на тројцата главни автори, академик Глигор Јовановски, проф.д-р Блажо Боев и проф.д-р Петре Макрески, но и на триесетината соработници вклучени во овој обемен проект. Според Јовановски, Македонија е мала земја по површина, но според бројот на минералите со кои располага таа е многу богата. „Во книгата се опишани 66те локалитети во земјава од кои што се собрани минералите и опишани се и изучени окол 80 минерали,...

Continue reading

bolnica

На нервно во охридската болница се бара кревет повеќе

Post Views: 0 Болнички кревет повеќе се бара на нервното одделение во охридската болница. Просторните услови на одделението се со мал капацитет и не може да ги примат  сите пациенти кои бараат лекарски третман. Портпаролот на болницата д-р Сашо Василески појаснува дека  станува збор за најчест случај на пациенти со  мозочни удари, а капацитетот на одделението е стопроцентно оптоварен. Болницата е од регионалне карактер па лекарска помош на одделот не бараат само охриѓани туку и жителите од југозападниот регион, од градовите Македонски Брод, Кичево, Дебар, Ресен и  Струга, укажува...

Continue reading

brisevi

Годинава брисеви од грло и нос се земаат и во централната градинка

Post Views: 0 Градинките се спремаат за големиот почетокот на 02 септември. Законска обврска на родителите кои ги запишуваат дечињата во градинка е да донесат негативен бактериски наод од грло и нос на своите деца. Годинава за прв пат центарот за јавно здравје обезбеди мобилна екипа која брисеви на дечињата им зема во централната градинка. За дечињата земањето брис во градинка, наместо во просториите на центарот за јавно здравје помалку стресно. Целта на акцијата на градинката и центарот з ајавно здравје е да им ја олесниме работата на родителите, нои стресот на дечињата, велат од...

Continue reading

sofra

Туристи, локално население, денес сите уживаа во Охридска софра во Скребатно

Post Views: 1 Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013.  Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење. „Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно,...

Continue reading

ohridski plivacki maraton

ПФМ тврди: „Се е подготвено за Охридскиот пливачки маратон“

Post Views: 2 Четири македонски меѓу 28 те маратонци кои ќе се борат за првото место  на 27-от Охридски пливачки  маратон. Нашите надежи дека можеби годинава сепак македонец ќе биде прв или меѓу најдобрите, насочени кон најискусниот маратонец Томи Стефаноски, кој заедно со Евгениј Поп Ацев го делат второто место во генералниот пласман, но не помалку надежни се и останатите двајца Александар Илиевски и Александар Панчевски. За тоа дека Стефаноски е навистина подготвен за победа говори и фактот што дел од неговиот тим е Бугаринот, Петар Стојчев, кој од 20 учества на маратонот победи...

Continue reading

matova

Три генерации на охридски уметници во 20 век

Post Views: 7 Историчарот на уметност Јорданка Матова е автор на 4-тата книга посветена на уметноста под наслов „Сликарството во Охрид во 20 век“. Матова во едно сеопфатно издание ги поместува охридските уметници кои биле активни во  уметничкото творештво. Сликарството во Охрид  во 20 век и на почетокот од 21 претставува  спој  на уметници, скулптори,  иконописци и фрескописци продолжувачи на богатата охридска сликарска традиција. 10 години  истражувала во богатиот фонд на уметнички дела во Завод и Музеј, а на книгата работела 2 години. „Од самото истражување произлезе дека во Охрид...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top