Колку активен е македонскиот граѓански активизам?

Изминативе неколку години, јавноста беше сведок на неколку граѓански иницијативи, кои беа покренати за најразлични прашања и постигнаа која позабележителен, која помалку забележителен успех.

 |  Мишел Наумоски  | 
mladi aktivisti
млади активисти

Како изгледа македонскиот граѓански активизам од прва рака? Изминативе неколку години, неколку јавни прашања кренаа вистинска прашина по што групи на граѓани решија да го изразат своето мислење преку мирни протести.

Dzelal Hodzic NVO AMANНекои од граѓанските иницијативи постигнаа позабележителен, некои помалку забележителен успех, но според граѓаните активисти, за жал заедничко за сите нив е дека во јавноста ваквите иницијативи воглавно добиваат етикета дека се политички мотивирани.

„Етикетирањето прави огромна штета врз активизмот во Македонија. Во суштина тоа не е одржлива и нормална работа. Јас како граѓански активист можам да бидам симпатизер на било која партија, но треба да се посвети дебата околу прашањето. Лекот е во тоа кога ќе ве етикетираат, повторно да го артикулирате прашањето за кое се залагате и ништо повеќе. Поентата на етикетирањето е да се уништи дебатата, да не се постави прашањето кое треба граѓанската иницијатива да го постави во јавноста.“-рече активистот на АМАН, Џелал Хоџиќ.

Daniel Kalajdzieski NVO HERAДаниел Калајџиески пак од невладината организација ХЕРА, смета дека граѓанските иницијативи по дефиниција треба да се насочени условно против институциите бидејќи токму институциите се тие кои според него започнуваат процеси кои не се по волја на граѓаните.

„Не треба на граѓанските иницијативи да се гледа така, кај нас создадоа некаква атмосфера околу граѓанските иницијативи да се гледа како на некакво зло, дека се прави нешто за да им се наштети на институциите. Не! Граѓанските иницијативи се тука за да бидат одреден коректор во општеството и да им дадат до знаење на институциите што треба да се исправи за да мерките кои тие ги донесуваат, законите или одлуките бидат по мерка на граѓаните, затоа што на крајот на краиштата, одлуките тие ги донесуваат за граѓаните, и тие треба да ги прашаат граѓаните.“-вели Даниел Калајџиески од НВО „ХЕРА“.

Mladinski obrazoven forum diskusijaТокму граѓанскиот активизам е тема и на панел дискусијата која денес ја организира Младинскиот образовен форум. Насловена како „Искуства од прва рака: активизмот во македонски услови“, панел дискусијата е во рамките на петтата по ред летна академија која ја организира МОФ.

„Оваа година темата е „Граѓански и политички права“ и пред се се зборува и за теоретски и за практичен дел каде што младите можат да ги искусат овие права. Значи пред се зборуваме за знаења и вештини како да ги практикуваат нивните права и како да се залагаат за своите индивидуални слободи, како да се запознаат повеќе со политичките идеологии, како да се изразат на јавно место, како да се изразат креативно на јавно место и како да практикуваат јавна дебата, јавно да се изразат во просторот.“-изјави Сандра Анастасовска од Младински образовен форум.

Инаку активностите во рамките на летната академија се распределени во три дела и тоа дел за јавна дебата, онлајн активизам и креативно изразување на јавни простори. Младинскиот образовен форум вакви академии организира повеќе од 14 години, а на оваа летна академија учество ќе земат седумдесетина млади на возраст од 14 до 20 годино од 14 градови од македонија. Меѓу предавачите кои ќе ги водат нивните тренинг сесии и работилници, се вбројуваат и Владимир Милчин, Сања Арсовска, Искра Гешоска како и голем број на активисти во невладини организации.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top