Ознака: имаше

borko ristovski

Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристoвски, вистински „Министер за одбрана“

Post Views: 5 „Министерот за одбрана“, Борко Ристовски имаше извонредна вечер против австриската селекција, одбранувајќи 19 од 38 шутеви кон неговиот гол (50 проценти), со што беше најзаслужен за триумфот од 22:21, по кој Македонија се пласира во следната фаза. Македонските ракометари ги продолжуваат натпреварите на Европското првенство во Данска, а голманот Борко Ристовски по натпреварот истакна: -Одигравме тежок и квалитетен натпревар против ривал, кој истотака сакаше да пренесе бодови во следната фаза. Нашата репрезентација беше на ниво и колку се сеќавам ова е најдобар старт на...

Continue reading

Pablo Carenno Busta

Кој е Пабло Карено Буста?

Post Views: 8 На почетокот на минатата година Пабло Карено Буста беше 715 тенисер во светот, а напредуваше за дури 651 позција за една година и сега се наоѓа на 64 место. Оваа сезона имаше и значително поголем успех на финансиски план. Во 2012 година тој заработи нешто помалку од 5000 долари, што е и очекувано за некој кој е 715 во светот, но со неговиот голем успех на АТП листата награден е со 182 илјади долари во 2013, а самиот Карено Буста истакна дека спознзорите многу му помогнале во тешките моменти. Во еден момент минатата година тој имаше одлична низа од дури 39 победи во 77...

Continue reading

Sebastijan Fetel

Фетел најдобар во Сингапур

Post Views: 1 Откако денес во Сингапур успеа да стигне до најдоминантната победа во оваа сезона, Себастијан Фетел имаше само пофални зборови за својот тим Red Bull. Фетел имаше многу добро темпо во текот на целата трка кое што не можеше да биде следено ниту од еден од неговите конкуренти. И покрај излегувањето на безбедносното возило на половина од трката, на крајот финишираше со предност поголема од половина минута пред Фернандо Алонсо. „Стартот беше стравичен. Ми беше тешко да се справам со Нико бидејќи имаше подобар старт од мене. За среќа, влезе премногу длабоко во свикот број...

Continue reading

Grigor Dimitrov

Аутсајдерот Димитров го „преслуша“ рекетот број еден

Post Views: 2 Бугарскиот тенисер Григор Димитров со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Мадрид приреди вистинска сензација. Бугаринот за нешто повеќе од три часа игра го победи светскиот рекет број 1 со 7:6, 6:7, 6:3. Димитров во Мадрид го одигра сигурно најдобриот меч во кариерата, ги надмина проблемите со грчевите кои ги имаше кон крајот на вториот сет и заслужено стигна до победата. Ѓоковиќ, од друга страна делуваше непрепознатливо, во ниту еден момент не можеше да влезе во посакуваниот ритам, а згора на тоа имаше и проблеми со публиката. „Не разбирам...

Continue reading

andrea stramacioni

Проклетството на Интер

Post Views: 9 Тренерот на Интер, Андреа Страмачони ја продолжи традицијата вината за секој нов пораз да ја бара на друго место, а не кај самиот себе. Веднаш по непријатниот пораз од Каљари, предводникот на “нероазурите” изјави дека неговите фудбалери се проколнати. „Уште една нова повреда. Го загубивме и Валтер Гаргано. Тимот не делуваше доволно балансирано по повредата на Гаргано. Се повреди и Нагатомо. Двајцата нема да бидат во комбинација за реванш натпреварот од 1/2 финалната рунда во Купот на Италија. Секој добар фудбалер ќе има проблеми ако покрај себе ги нема Касано и Милито....

Continue reading

Tomi i Novak

Томи Хас го „преслуша“ Ноле

Post Views: 5 Новак Ѓоковиќ го одигра најлошиот натпревар во кариерата и загуби во 4. коло на турнирот во Мајами од Томи Хас со 2-6, 4-6. Ноле почна да игра дури при резултат 6-2, 2-0 за Хас, кога во два гема спаси четири прилики за брејк и направи пресврт.Сепак, Германецот не застана тука, освои три гема по ред и по 80 минути игра успеа да го елиминира најдобриот тенисер на светот. За играта на Ѓоковиќ зборува податокот дека имаше дури 30 неизнудени грешки, додека Хас имаше 12 помалку. {loadposition content9}

Continue reading

most drim

Струга градот на мостовите, остана без мост

Post Views: 6 Струга е град на мостовите. Овој епитет кој го носи градот на двете страни на реката црн Дрим не е бадијала кажан, бидејќи постарите стружани паметат дека некогаш во овој град имало над 100 мостови. Тие претежно биле од дрвена конструкција, адаптирани за разни потреби, и ги имало во секој реон. Таму жените переле алишта бидејќи порано немало водовод и канализација, се присетува нашиот соговорник Аспарух Попоски еден од постарите стружани. „Со тек на време кога се регулира нивото на езерото и Дримот се направија други мостови од бетонска конструкција, со арматура, бидејќи...

Continue reading

Rafael Nadal

Надал најдобар во Барселона

Post Views: 8 Матадорот со 2:0 во сетови славеше против сонародникот Давид Ферер. До седмиот наслов во каталонската престолнина стигна по тешка битка која траеше 2 часа и 40 минути. Посебно неизвесен беше првиот сет, кој Рафа го доби во тај –брејкот со 7:6 (7:1). И вториот понуди многу борба, меѓутоа вториот светски рекет, овој пат му дозволи еден гем помалку на противникот и славеше со 7:5. Од статистиката која можеби му ја донесе победата важно е да се издвои дека Надал многу подобро ги користеше брејк-шансите во однос на ривалот, 40 наспроти 20 отсто во негова корист, а имаше и...

Continue reading

spomenik na revolucijata

Во Струга одбележан денот на победата над фашизмот

Post Views: 3 Борците од Струга ја одбележаа 68 годишнината од победата над фашизмот. Воедно го одбележаа и денот на Европа. Во Струга и денес постојат живи сведоци, учесници во НОВ, кои сеуште не ги забораваат дамарите на 4 годишната борба против германскиот окупатор и на нив се сеќаваат како да било вчера. Еден од нив е Илија Балоски. Тој вели дека денешната годишнина е посветена на еден од најславните денови во историјата на македонскиот народ и сите народи во светот. „Периодот од 1941 – 1945 и нешто пред неа беше период на огромно злосторство над народите во светот. Една одредена...

Continue reading

bo

Меккејлеб во трка за најдобар кошаркар во Европа за 2011

Post Views: 29 Македонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Меккејлеб е номиниран меѓу 10. кандидати кои се во трка за изборот на најдобар кошаркар во Европа за 2011 година. ФИБА Европа денеска ја објави листата на номинираните, на која се наоѓаат шест кошаркари кои настапуваат во НБА лигата и четворица од европските лиги.– Лестер Бо Мекејлеб имаше година за паметење. По повторувањето на пласманот на фајнл-фор турнирот во Евролигата со Монтепаски, бекот направи голем успех со Македонија на Евробаскетот. Малкумина веруваа во потенцијалот на оваа репрезентација, но Мекејлеб...

Continue reading

mekcalebb

Мекејлеб најефикасен во победата на Монтепаски

Post Views: 7 Бо Мекејлеб беше најзаслужен за успешниот старт на Монтепаски Сиена во Евролигата. Италијанскиот шампион извојува победа на гостувањето кај Уникс Казан со резултат 71-79. Мекејлеб го предводеше својот тим со 17 поени, а забележа и 4 асистенции. Најголема помош имаше од Каукенас со 14 и Андерсен со 13 поени. Кај домаќините блескаше Хенри Домеркант со 30 поени, но ни тие не беа доволни за актуелниот шампион на Еврокупот. {loadposition content9}

Continue reading

nole

„Ураганот Ноле“ го „потопи“ Надал

Post Views: 2 На Новак Ѓоковиќ му беа потребни 4 часа и 10 минути да му докаже на Рафаел Надал дека моментално тој е најдобриот светски тенисер. Овие двајца демонстрираа неверојатен тенис во синоќешното финале на УС Опен, што ја покажа сета убавина на овој спорт. Можеби победата од 3-1 на Србинот изгледа лесна, но на стадионот „Артур Еш“ се водеше епска борба. Двајцата ја сакаа победата, немаше тактизирање и се играше агресивно. Често во поените имаше и повеќе од дваесет размени на удари, а најдолгиот имаше 31. Сепак, Ѓоковиќ ја имаше онаа „убиствена“ разлика, што го красеше Надал...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top