Надал најдобар во Барселона

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал, вчера беше крунисан во срцето на Каталонија. Во финалето на АТП турнирот од серијата 500 во Барселонa.

 |  Голабовски Крсте  | 
Rafael Nadal
Рафаел Надал

Матадорот со 2:0 во сетови славеше против сонародникот Давид Ферер. До седмиот наслов во каталонската престолнина стигна по тешка битка која траеше 2 часа и 40 минути. Посебно неизвесен беше првиот сет, кој Рафа го доби во тај –брејкот со 7:6 (7:1). И вториот понуди многу борба, меѓутоа вториот светски рекет, овој пат му дозволи еден гем помалку на противникот и славеше со 7:5.

Rafael NadalОд статистиката која можеби му ја донесе победата важно е да се издвои дека Надал многу подобро ги користеше брејк-шансите во однос на ривалот, 40 наспроти 20 отсто во негова корист, а имаше и четири аса, наспроти ниеден сервис-поен на Ферер.
Ова е втората титула во низа на земја за Надал, откако минатиот викенд се радуваше и во Монте Карло триумфирајќи во финалето против најдобриот на АТП, Новак Ѓоковиќ.

Турнирот во Барселона се играше за награден фонд од 1 627 500 евра.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top