Ознака: имаше

sofra

Туристи, локално население, денес сите уживаа во Охридска софра во Скребатно

Post Views: 1 Денес, божественото парче земја, високо таму во Скребатно со својата убавина на едно место обедини луѓе од најразлични краеви. Од домашно, локално население, до туристи од земјава, но и од странство. Денес, Скребатно беше домаќин на манифестацијата Охридска софра 2013.  Како дел од неа, 26 натпреварувачи, мајстори во правење на ѓомлезе, или тури-потпечи како што е инаку познато ги покажаа своите вештини во подготовката на ова традиционално охридско јадење. „Нема тајна. Внимание на печењето, да не се изгори, мрсење на време и тоа. Нема никаква тајна. Вода, сол, брашно,...

Continue reading

mitingsdsm

Петрески по трет пат ја побара довербата на охриѓани

Post Views: 11 Охрид не го даваме. Вака се обрати Александар Петрески кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојуз на иднината“ , на митингот кој синоќа се одржа на градскиот плоштад, од каде што всушност Петрески и официјално ја започна својата кампања. Петрески на своите симпатизери кои вчечра излегоа во голем број да го поддржат, им предочи дека следуваат многу непроспиени ноќи, тешки утра и уште потешки денови, за да успеат во намерата да се зачува светоста на градот. Тој исто така со остра реторика во неколку наврати се обрати до Премиерот Груески.   „Само премиер...

Continue reading

kazan corba Ginis

Рибна чорба за Гинис

Post Views: 3 Охриѓани подготвија 3,3 тони рибина чорба, со која најверојатно го соборија Гинисовиот рекорд поставен од американски колеџ, за најголема количина рибна чорба. Сето ова се случуваше вчeра под будното око на преставниците на Гинис, на празникот Св. Јован кога традиционално се одбележува Денот на рибарите. „Еве можам да кажам дека Гинисовиот рекорд е соборен, затоа што тој досега изнесуваше 3 тони и 25 литри рибна чорба, а ние правиме 3 тони и триста. Се е снимено и заверено на нотар. Направивме се според инструкциите на Гинис“, вели Љупчо Арнаудов, преставник на здружението...

Continue reading

jovan babace

Јован Бабаче најсреќен од сите

Post Views: 17 Јован Бабаче најсреќен од сите кои денес скокнаа во студените и разбранувани води на езерото за да го фатат светиот крст. Околу 1100 капачи 17 минути го бараа крстот, но тој како да чекаше токму Бабаче да го фати. Него веќе петти пат му се посреќува. Тој вели дека нема никакво правило и дека се е божја воља. Објаснува дека оваа година воопшто не планирал да се фрла по крстот, но кога видел дека капачите неможат да го најдат некоја внатрешна сила го натерала да скокне за да го најде. Кумот на овогодинешната манифестација Водици, Стојан Ѓоргоски на Јован Бабаче му подари...

Continue reading

jahja kemal

Од натпревар по англиски, до стипендии за „Јахја Кемал“

Post Views: 28 Осмоодделенците од Христо Узунов растураат по англиски. Нивната постојана работа на усовршување на овој јазик се исплаќа на најдобар можен начин. Тие постигнаа одличен успех на регионалниот натпревар по англиски јазик и се закитија со прво, второ и четврто место. Младите Петар Пипоски и Ѓорѓи Ристески се осмоодделенците кои ги освоија првите две места на овој натпревар во огромна конкуренција. „Тестот беше поделен во два дела. Првиот дел имаше да одредиш кој збор каде треба да се вметне. Имаше текстови да ги прочиташ, па потоа прашања имаше да ги одговориш од тие текстови,...

Continue reading

aerodrom na voda

Екологистите против идејата за аеродром на вода во Охридското езеро

Post Views: 4 Идејата за изградба на аеродром во водите на Охридското езеро, наиде на остра осуда кај еколозите.  Тие сметаат дека наместо вакви проекти, треба повеќе да се размислува за редуцирање на пловните објекти во Охридското езеро кои користат течно гориво. Ѓоко Зороски од Здружението на еколози „Грашница“ вели дека за ваков тип на проекти треба да се праша и другата страна, односно соседите од Албанија со кои го делиме езерото. Зороски вели дека според ЕСПО конвенцијата за прекугранични влијанија, секој проект кој може да предизвика штетни последици од евентуална хаварија,...

Continue reading

itna pomos

Охридскиот здравствен дом ќе се поднови

Post Views: 31 Охридскиот здравствен дом по речиси една деценија ќе добие нов персонал, а ќе се поднови и со нови возила. Директорот Митко Дабески за ТВМ откри дека се бројат деновите кога четирите нови современи комби возила марка Пежо, кои ги обезбеди министерството за здравство, ќе ги заменат дотраените Мерцедеси и Лади.   Со ова ќе се овозможи охриѓани да добиваат побрза и подобра 24 часовна помош.     Возилата наменети за итната медицинска служба во Охрид се дел од проект за набавка на 80 амбулантни возила на ниво на држава, како и едно возило специјално изработено за потребите...

Continue reading

SVR Ohrid

Отворен ден во СВР Охрид

Post Views: 35 Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, денеска одржа отворен ден во СВР  –  Охрид. Целта на проектот со кој граѓаните директно се среќаваат со министерката за внатрешни работи е во рамки на стратешката определба на министерството за транспарентно работење. „Ваквите посети се секогаш една добра можност за да размениме мислење и информации околу тековни прашања, а кога станува збор за Охрид  секако дека во периодот на летото и туристичката сезона интензитетот на движење на патници, интензитетот на посетители е значително поголем отколку...

Continue reading

leten kamp deca

Младинскиот камп ги обедини децата од сите националности и вери

Post Views: 9 Вчера официјално започна младинскиот спортски камп под името „Младите преку спортот и екологија до меѓуетничко разбирање и одржлив развој.“ Насловот е долг, но ги опфаќа веројатно најпозитивните насоки кои треба да им се дадат на најмладите со цел да се развиваат во вистински правец. А нема подобар пример за тоа како влијае овој камп врз развојот на младите од средношколката Тања Јованова. Таа е тим-лидер на групата од Велес, и вели иако е тешко да се работи со деца, сепак научиле да се снаоѓаат во секакви ситуации. Своите способности ги развивала на мартовскиот камп...

Continue reading

pozar

Полесни труења во опожарениот студенски дом

Post Views: 23 Пожар го зафати студенскиот дом „Никола Карев“. Оган и чад утрово околу 9. 30 минути  ги вознемири гостите сместени во овој објект. За среќа повредени во пожарот нема. Оганот започнал во помошната просторија на домот и предизвикал паника кај гостите и неколку  случаи на полесно труење. Очевидците раскажуваат дека чадот ги исполнил собите до 4 спрат.„ Имаше голема паника меѓу луѓето, чадот беше проширен нагоре. Имаше мајки со мали деца, се обидовме да ги извлечеме безбедно. Им кажавме да стават влажни крпи на устата, а од кога видовме дека нема оган ги отворивме прозорците...

Continue reading

konferencija mak. jazik

Академиците со осврт кон делото на Гане Тодоровски

Post Views: 1 Лесно е да се сеќаваш на оние кои оставиле голема оставнина зад себе. Посебно ако оставнината се сите дела и размисли, запишани од единствениот поет и академик, Гане Тодоровски. Неговото име и неговото творештво добија посебен осврт на 39та меѓународна конференција за македонски јазик. Голем број поети, професори и академици, но и негови блиски пријатели ги споделија сопствените сеќавања на поетот, но и начините на кои неговата поезија допрела до секој еден од нив. Огромно влијание поезијата на Гане Тодоровски има и врз неговиот син, Бојан кој вели: „Тој беше голем визионер...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top