Кој е Пабло Карено Буста?

Пабло Карено Буста оваа сезона одигра неверојатни 110 натпревари, а победи дури на 92.

 |  Голабовски Крсте  | 
Pablo Carenno Busta
Пабло Карено Буста

На почетокот на минатата година Пабло Карено Буста беше 715 тенисер во светот, а напредуваше за дури 651 позција за една година и сега се наоѓа на 64 место.

Оваа сезона имаше и значително поголем успех на финансиски план. Во 2012 година тој заработи нешто помалку од 5000 долари, што е и очекувано за некој кој е 715 во светот, но со неговиот голем успех на АТП листата награден е со 182 илјади долари во 2013, а самиот Карено Буста истакна дека спознзорите многу му помогнале во тешките моменти.

Pablo Carenno BustaВо еден момент минатата година тој имаше одлична низа од дури 39 победи во 77 дена, што е значително повеќе од некој познати рекорди, како што се 34 победи во низа на Серена или 22-те на Надал. Секако Пабло не играше против класа играчи, но сеедно бројот на 92 победи и само 18 порази е одличен успех.

Дури и за некој кој е толку издржлив Буста признава дека ќе мора малку да успори во наредната година. Поради својата позиција нема да мора да игра на поголемите турнири, а тој планира во 2014 да настапи на околу 30 турнири, иако се смета дека и 25 се многу за еден професионалец. Како 64 на светот се очекува повеќе да заработи бидејќи сигурно дека на АТП турнирите ќе заработи повеќе од “бедните” 1300 долари кои ги доби за освојување на Ф7 Шпанија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top