Меккејлеб во трка за најдобар кошаркар во Европа за 2011

ФИБА Европа денеска ја објави листата на номинираните, на која се наоѓаат шест кошаркари кои настапуваат во НБА лигата и четворица од европските лиги.

 |   | 
bo
bo

boМакедонскиот кошаркарски репрезентативец Лестер Бо Меккејлеб е номиниран меѓу 10. кандидати кои се во трка за изборот на најдобар кошаркар во Европа за 2011 година. ФИБА Европа денеска ја објави листата на номинираните, на која се наоѓаат шест кошаркари кои настапуваат во НБА лигата и четворица од европските лиги.
– Лестер Бо Мекејлеб имаше година за паметење. По повторувањето на пласманот на фајнл-фор турнирот во Евролигата со Монтепаски, бекот направи голем успех со Македонија на Евробаскетот. Малкумина веруваа во потенцијалот на оваа репрезентација, но Мекејлеб ја водеше  Македонија дури до полуфиналето, победувајќи го домаќинот Литванија попат со брилијантна игра во четвртфиналето. Поради тоа обезбеди место и во најдобрата петорка на ЕП 2011 – се вели во образложението на номинацијата на официјалната интернет страна на ФИБА Европа.
Лестер Бо Мекејлеб имаше фантастични настапи за „црвено-жолтите“ на Евробаскет 2011, каде имаше просек од 21,4 поени, 3,1 скок и 3,7 асистенции по натпревар.
Покрај популарниот Бо, за наградата најдобар европски кошаркар за 2011 година ќе се борат и: Николас Батум (Портланд), Димитрис Дијамантидис (Панатинаикос), По Гасол (ЛА Лејкерс), Марк Гасол (Мемфис), Андреј Кириленко (ЦСКА Москва), Хуан Карлос Наваро (Барселона), Дирк Новицки (Далас), Тони Паркер (Сан Антонио) и Душко Савановиќ (Анадолу Ефес).
Минатата година наградата за најдобар европски кошаркар му припадна на Милош Теодосиќ, а пред тоа две години по ред признанието го освојувашеПо Гасол. Изборот започна денеска и ќе трае до 31 јануари следната година, а својата поддршка на феноменалниот кошаркарски ас Лестер Бо Мекејлеб можете да му ја дадете гласајќи на официјалната страница на ФИБА Европа www.fibaeurope.com.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top