Ознака: избори

Преку институционално обединување до искористување на потенцијалот на обновливите избори на енергија

Post Views: 9 Директорот на Агенцијата на Eнергетика Дарио Николовски оствари средба со претседателот Марко Бислимоски, потпретседателот Енвер Ељмази и комесарите Андријана Нелкова – Чучук  и Атанаско Тунески на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РС Македонија. На средбата беше покренато прашањето од потребата за институционална соработка преку која на инвеститорите би им се понудила подобра презентација за инвестиции во делот на обновливите извори на енергија. „Институционалната соработка значи директна помош на потенцијалните инвеститори при нивната одлука за...

Continue reading

Ohrid

Охрид во парламенот ќе го претставуваат тројца пратеници

Post Views: 7 Според досега обработените податоци на Државната изборна комисија познати резултатите од двојното гласање на вториот круг претседателски избори и на предвремените парламентарни избори. Во вториот круг на гласање за претседател на Македонија,  кандитот на Вмро Дпмне Ѓорѓе Иванов  поддршка добил од  534.699 граѓани, а  за Стево Пендароски кандидат на социјал демократите 398.050 гласачи го заокружиле неговото име.  Во општина Охрид за Ѓорѓе Иванов  својот глас  го дале 19.481 гласачи, а за Стево Пендароски 13.185 охриѓани. Резултатите од предвремените парламентарни избори...

Continue reading

izbori

Втор круг претседателски и прв парламентарни избори-денес гласаат болните и изнемоштени лица

Post Views: 10 Се е подготвено за вториот круг од претседателските и првиот круг од предвремените парламентарни избори. Претседателката на општинската изборна комисија од Охрид, Марика Костадиновска информира дека денес, ден пред останатите, своето гласачко право може да го остварат 212 пријавени болни и изнемоштени лица на 66 избирачки места, како и лица кои излежуваат затворска казна. „Во општина Охрид се гласа за 89 избирачки места на 88, со тоа што избирачкото место 1335 е заедно со 1306. избирачкиот одбор од 1306 ги покрива двете избирачки места. Во избирачкиот список за претседателските...

Continue reading

Охрид

Политичките партии со завршни обраќања до гласачите

Post Views: 9 Од ОО СДСМ на денешната завршна прес конференција повикаа гласачите да излезат на избори и да гласаат според сопствената волја. При тоа порачаа дека се согласуваат со политичките противници само со нивниот слоган  ИМА РАЗЛИКА. Според нив, наведоа  разлики, меѓу кои и  политичкото делување на партиите. Велат разликата  меѓу нив и ДПМНЕ е што политичките ривали членството во партијата го имаат сфатено како  можност за лично и партиско богатење. „За личното богатење, кое, како што видовме, се мери со милиони евра, првите луѓе во ДПМНЕ еден ден ќе одговараат пред надлежните...

Continue reading

На претстојните локални избори Охрид ќе добие листа независни кандидати за советници „Охрид пред се“

Post Views: 1 Во општина Охрид е формиран Иницијативен одбор за подготовка и поднесување на листа на независни кандидати за членови на Советот на општина Охрид на претстојните локални избори, информираат од одборот. Додаваат дека мотото и називот на листата на независни кандидати гласи „Охрид пред СЕ’“, а основна цел на Иницијативниот одбор е подготовка на граѓанска листа составена од професионалци, работливи, чесни и слободоумни охриѓани кои ќе го преземат управувањето со Советот на општината и ќе го претворат во место каде граѓаните реално ги решаваат своите локални проблеми. „Ги...

Continue reading

sdsm

Кузески:одговорните лица во ДПМНЕ даваа лажни ветувања за здравствените услуги

Post Views: 6 Непосредно пред вонредните парламентарни избори, одговорните во општата болницата се пофалија дека купиле најсoфистициран 4Д ултразвучен апарат за ран скрининг на плодот. Нека и објаснат сега на јавноста кој гинеколог е сертифициран за таков ран скрининг на плодот и каде се вршат таквите прегледи, кажа портпаролот Александар Кузески на пресот на ОО на СДСМ. Кон средината на септември минатата година истиот тој менаџмент на охридската општа болница изјави дека е направена првата лапароскопија во Охрид – ги прашуваме: колку лапароскопии се направена оттогаш во Охрид?!...

Continue reading

vmro-np

Костоски: ВМРО-НП, очекува најмалку 10 пратенички места

Post Views: 5 Голема е разликата помеѓу нашата програма и онаа на ВМРО – ДПМНЕ, односно нивната реална програма, а не онаа од бајките која ја прикажуваат во скапо платените реклами со средства од буџетот на Р. Македонија, изјави носителот на листата на ВМРО – НП, Ванчо Костоски. Тој обвинува дека политиката на Владата на ДПМНЕ, допринела земјава да биде во меѓународна изолација и да биде на последно место за влез во Евро интеграциите. Секојдневното задолжување на земјава кое се крие од граѓаните било посебен проблем, според Костоски, а зголемувањето на пензиите се должи на редовното...

Continue reading

nikola gruevski

Многу проекти и подобра иднина за Охрид, вети Груевски

Post Views: 10 Вие ништо не му должите на ВМРО ДПМНЕ. Наша обврска е да создадеме подобри услови за живот, им се обрати синоќа  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на сите присутни на градскиот плоштад Св. „Климент Охридски“ каде ВМРО ДПМНЕ заедно со коалицијата „За подобра Македонија“ го одржува митингот за предвремените парламентарни избори.  Тој рече дека народот знае да направи разлика па затоа во првиот круг на претседателските избори со толкава предност водел нивниот кандидат за претседател, Ѓорѓе Иванов. –Уште еднаш се казнети оние кои во својата политичка кариера...

Continue reading

glasanje

Сумирани првичните резултати од гласањето во Охрид

Post Views: 0 Според изборните резулатати на ДИК 30 727 охриѓани гласале вчера на 5-тите претседателски избори. Во првиот круг на гласањето мнозинството од нив го заокружиле името на претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов од Вмро Дпмне. Својот глас  за Иванов го дале 17.270 гласачи или 33,72 посто од вкупниот број на граѓани евидентирани во единствениот избирачки список. За Стево Пендароски претседателскиот кандидат  на СДСМ гласале 11.322 гласачи или 22 ,11 посто    од вкупниот број на гласачи од избирачкиот список. За  Иљаз Халими гласале 359 гласачи, а за Зоран Попоски  својот...

Continue reading

kutii

Во Охрид ќе гласаат 51 157 лица

Post Views: 5 Се е подготвено за утрешниот прв круг од  претседателски избори, велат од Општинската Изборна Комисија. Во општина Охрид право на глас според избирачкиот список има 51 157 лица.   Како што изјави претседателката на Општинската изборна комисија Марика Костадиновска, гласачите се заведени во два списоци и тоа едниот има 45 066 лица од Охрид и другиот 6091 каде се евидентирани лица кои престојуваат во странство. „Се гласа во 88 избирачки места за 85 изборни единици, едното избирачко место Скребатно е ставено во мирување бидејќи има помалку од 10 гласачи и истите ќе гласаат...

Continue reading

kostoski

Костоски: Германската фабрика е манипулација пред избори

Post Views: 5 На денешната прес конференција на ВМРО – НП Ванчо Костоски, кандидатот за пратеник, кажа дека сака да ја потсети јавноста на најавени и никогаш не реализирани инвестиции од страна на ВМРО ДПМНЕ во последните 8 години. Тој ги наброја: Француски инвеститор за фабрика за авто галантерија во состав на Откес со 1000 вработувања, Хотел Радисон во Горица , Холандски хотел во Рача , Сименс ќе го купи ЕМО, Хотел Ексцелзиор, Руски комплекс со бањи во Љубаништа, Турска болница, проектот на Субрата Рој. Колку и да сакаме да веруваме дека после овие десетици лаги за инвестиции кои...

Continue reading

narodna

Костоски: Охрид ќе биде градилиште, но со новата Влада со пратеници од ВМРО-НП

Post Views: 11 Ванчо Костоски носителот на кандидатската листа на 5 та изборна единица од ВМРО – НП, на ТВ дуел на локално ниво го повика Антонио Милошоски носителот на листата на ВМРО – ДПМНЕ. Костоски сака да ги изнесат аргументите пред јавноста за инвестициите, за работата на Владата за овие 8 години, за историјата на ВМРО – ДПМНЕ од 1990 година. Костоски на денешната прес конференција порача дека Охрид ќе биде вистинско градилиште, но со Влада во која најголем број пратеници ќе бидат од ВМРО-НП. Исто така Костоски потенцираше дека од Владата на ВМРО – ДПМНЕ често зборуваат и најавуваат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top