Охрид во парламенот ќе го претставуваат тројца пратеници

Охрид во парламенот ќе го претставуваат тројца пратеници.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohrid
Ohrid

Според досега обработените податоци на Државната изборна комисија познати резултатите од двојното гласање на вториот круг претседателски избори и на предвремените парламентарни избори.
 Во вториот круг на гласање за претседател на Македонија,  кандитот на Вмро Дпмне Ѓорѓе Иванов  поддршка добил од  534.699 граѓани, а  за Стево Пендароски кандидат на социјал демократите 398.050 гласачи го заокружиле неговото име.  
Во општина Охрид за Ѓорѓе Иванов  својот глас  го дале 19.481 гласачи, а за Стево Пендароски 13.185 охриѓани.
OhridРезултатите од предвремените парламентарни избори покажуваат дека излезноста на гласачите била поголема во споредба со претседателските. 1.140.202 гласачи ја оставриле граѓанска должност. Од нив довербата на СДСМ ја дале 283.930 гласачи, а на Вмро Дпмне 481.289. Според податоците резулатите во  албанскиот политички блок се дека 153.583 гласачи ја дале  довербата на ДУИ , а на ДПА 66.392 граѓани. Од останатите политички партии за Гром се определиле 31.610 граѓани, а за Вмро НП 16.772.
Според обработените податоци на ДИК изборните резулати и во  општина Охрид покажуваат дека за предвремените парламентарни избори мнозинството  охриѓани довербата ја дало на Вмро Дпмне  со 17.801 гласови. За СДСМ се определиле 9.252 галсачи. Според досегашните обработени  резултати на ДИК, кои може да претрпат промени произлегува  дека во 5-та изборна единица Вмро Дпмне добива 11 пратенички мандати, СДСМ   6, и ДУИ 3 пратенички места.        

A.Nikoloski Од охридските кандидати на Вмро Дпмне во 5-та изборна единица влегуваат 2- ца пратеници  Сашо Василески и Александар Николоски.  Василески за ТВМ изјави дека во идниот парламентарен состав максимално ќе се вложи за својот град. Негова заложба ќе бидат лобирање за поголеми странски инвестиции, напредок на Охрид во сите сегменти на општественото  живеење, кaко и целосна ренесанса на градот, онака како што доликува за еден ваков град. Старо новиот пратеник, Александар Николоски исто така ги посочи своите започнати заложби за Охрид. Николоски ги наброја проектите за ранливите категории на граѓани и пензионерите, изградбата на патната инфраструктура, хотели  и нови работни места во неколу фабрики.
Од ОО на СДСМ до затварање на дневникот не се произнесоа за изборниот процес. На нашето прашање дали сепак може да се случи некои од пратенците на СДСМ ипокрај изјавата на лидерот Заев за непризнавање на изборните резултати  сепак да седнат во  пратеничките клупи, идниот претеник  Томислав Тунтев  не се произнесе и се повика на синоќешната  изјава на лидерот Зоран Заев.

„ По затварање на изборните места, кога пребројувањето на гласовите не е започнато го соопштувам нашиот став. СДСМ и коалицијата не го признаваат изборниот процес  на парламентарните и  претседателските избори“ , рече Заев.

За некого очекувано за некого  не во ИЕ 5-ка ДПА не освои пратенички мандат што не е случај во последните три изборни циклуси  кога оваа партија секогаш имала по едно пратеничко место. За ваквиот исход на изборниот резулата во многу влијаше отвореното конфронтирање на Зијадин Села со  лидерот Тачи, по што се потврди  дека Села е влијателна политичка  личност и дел од албанските гласови  отидоа кај ДУИ. Дали со овој негов потег може да се предизвикаат сериозни  турбуленции во врвот на партијата и оставка на Тачи како што бараше Села oстанува незивесно. Од струшкиот огранок на ДПА не сакаа да ги коментираат изборните случувања. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top