Костоски: Охрид ќе биде градилиште, но со новата Влада со пратеници од ВМРО-НП

Носителот на кандидатската листа од ВМРО- НП Ванчо Костоски на денешната прес конференција го потсети Антонио Милошоски, дека во 2011 година ВМРО-НП како опозиција, барале изградба на автопатот Кичево- Охрид. Додаде дека тогаш премиерот Никола Груевски кажал дека на граѓаните не им било потребно изградба на автопати, бидејќи над 80% од нив патувале по локални и регионални патишта и според нивната физибилити студија тоа за нив било неисплатлива инвестиција.

 |  Николоска Биљана  | 
narodna
народна

Ванчо Костоски носителот на кандидатската листа на 5 та изборна единица од ВМРО – НП, на ТВ дуел на локално ниво го повика Антонио Милошоски носителот на листата на ВМРО – ДПМНЕ. Костоски сака да ги изнесат аргументите пред јавноста за инвестициите, за работата на Владата за овие 8 години, за историјата на ВМРО – ДПМНЕ од 1990 година. kostoskiКостоски на денешната прес конференција порача дека Охрид ќе биде вистинско градилиште, но со Влада во која најголем број пратеници ќе бидат од ВМРО-НП. Исто така Костоски потенцираше дека од Владата на ВМРО – ДПМНЕ често зборуваат и најавуваат странски инвестиции преку кои ќе се отворат многу слободни работни места, но се тоа било предизборна лага.

„Меѓутоа нагло после тоа кога видоа дека ги губат овие избори тоа ќе се случи прво на 13 вечерта со претседателските избори понатака и на 27 знаејќи ги рејтинг листите кои што не се во нивни прилог почнаа да зборуваат за изградба и ветување на се и сешто. Деновиве имав прилика да патувам низ Кичево и Струга и никако да видам каде е камен темелникот поставен за изградба на автопатот кој што го најавија во ноември дури зедоа и кинеска фирма која што треба да го гради пред два месеци поставија и камен темелникот не може да се забележи ни трага од тоа а камо ли некакви активности за отпочнување со градба на автопат“ – вели Костоски.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top