• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Преку институционално обединување до искористување на потенцијалот на обновливите избори на енергија

Преку институционално обединување до искористување на потенцијалот на обновливите избори на енергија

Директорот на Агенцијата на Eнергетика Дарио Николовски оствари средба со претседателот Марко Бислимоски, потпретседателот Енвер Ељмази и комесарите Андријана Нелкова – Чучук  и Атанаско Тунески на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РС Македонија.

 |   | 

Директорот на Агенцијата на Eнергетика Дарио Николовски оствари средба со претседателот Марко Бислимоски, потпретседателот Енвер Ељмази и комесарите Андријана Нелкова – Чучук  и Атанаско Тунески на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РС Македонија.
На средбата беше покренато прашањето од потребата за институционална соработка преку која на инвеститорите би им се понудила подобра презентација за инвестиции во делот на обновливите извори на енергија.

„Институционалната соработка значи директна помош на потенцијалните инвеститори при нивната одлука за вложување на својот капитал во нашата држава. Со оглед на навистина големиот број на сончеви денови со кои располага Република Северна Македонија интересот за овој вид на инвестиции кај нас е навистина голем. Овој процес со вмрежување на повеќе институции подразбира на едно место инвеститорите даги добијат сите информации кои им се потребни наместо досегашната пракса да посетуваат неколку институции. На овој начин инвеститорите одеднаш би добиле целосната слика  за условите и процедурите  од почеток до крај во процесот на реализација на инвестицијата“, рече Николовски.

На средбата директорот Николовски ги презентираше идните планови и тековните активности на Агенцијата за Енергетика со фокус на развојот на обновливите извори почитувајќи ги стандардите за заштита на животната средина.
Агенцијата за Енергетика останува посветена на подигнување на искористеноста на обновливите извори на енергија кои покрај економскиот бенефит значат и поздрава животна средина. Енергетската ефикасност во јавниот и приватниот сектор исто така носи сериозна заштеда на финансиските трошоци и придонесува за подобрување на условите за живот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top