Ознака: законот

unasm

Загрозени работничките права во Македонија

Post Views: 0 Правата на работниците во Македонија се загрозени. Најмал е проблемот кај луѓето кои што работат во Државната администрација како и оние кои работат во големите компании, сметаат експертите за социјално економски развој во јавниот и приватниот сектор, од регионов. Зоран Павловиќ, експерт на оваа тема од Босна и Херцеговина нагласи дека состојбата во Македонија по прашањето на работничките права е многу тешка и треба да многу да се работи да се достигне Европското ниво. Додава дека само со партнерство меѓу работодавачите, претставниците на синдикатот, трудовиот инспектор,...

Continue reading

alkohol

Алкохолните пијалоци ќе се продаваат до 21 часот

Post Views: 1 Од 1-ви мај во земјава на сила е  продолженото време за продажба на алкохолните пијалоци. Ваквото продажно време на алкохолните пијалаци ќе важи се до крајот на септември.Наместо до 19 часот, според „новото правило“ во трговските објекти алкохолните пијалоци ќе се продаваат од 6 до 21 часот. Иако се продолжува продажбата на алкохолните пијалоци, сепак и понатаму останува забраната за продажба на алкохол на бензинските пумпи како и на малолетниците. Законските одредби предвидуваат за оние кои нема да го почитуваат законот предвидени се санкции „забрана за вршење дејност“...

Continue reading

carsija

1 Мај празникот на трудот помина без протести во Охрид

Post Views: 0 Први мај празникот на трудот помина без протести во Охрид. Попладнето по  расчистувањето на дождливите облаци охридската  чаршијата беше полна со луѓе и гости кои го празнуваа овој ден.  И познатото излетничко место во Синдикални по традиција беше полно со посетители. Слободниот ден граѓаните го поминаа во прошетка, а некои во кафеана. Недостуваа  само расчадените скари кои ги попречи врнежливото, променливо време.  Охриѓани поделени околу мислењето  зошто македонските работници не го креваат гласот за своите права. Едни се без одговор зошто нема протести,  други мислат...

Continue reading

isprskana

Бавен и неефикасен лек за сообраќајната некултура

Post Views: 9 Несовесните возачи воопшто не се грижат за тоа во каква состојба ќе стигнат на своето одредиште оние кои решиле пеш да прошетаат по дождот. Лекот за сообраќајната некултура кај нас за жал е бавен и неефикасен. -Според членот 129 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возач што се движи по коловоз на кој има вода е должен да го приспособи возењето така што нема да ги испрска пешаците, велосипедистите, моторџиите и слично. Полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, што значи дека мора да биде сведок на делото за да следува казна за несовесниот...

Continue reading

Охридско езеро

Туристичките агенции имаат нелојална конкуренција

Post Views: 4 Се почеста е појавата станоиздавачи и туристички водичи да го кршат законот за туристичка дејност, посочуваат засегнатите туристички работници. Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А се соочуваат со нелојална конкуренција, укажува Елида Битрак од агенцијата Елида турс. „Со голем број на нелојални станоиздавачи и туристички водичи, голем број од нив директно контактираат со други странски агенции надвор од државаат и прават аранжмани што не е во ред. На тоа треба да се стави крај“, смета Битрак.Туристичките агенции кои поседуваат  лиценца А како организатори...

Continue reading

trajko

Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“

Post Views: 2 Започна решавањето на статусот на волонтерите во градинката „Јасна Ристеска“. Директорката Розе Костоска вели дека од септември минатата година за потребите на оваа детска установа биле ангажирани 30 работници преку агенцијата за времени вработувања. Откога во јануари агенцијата ја изгубила лиценцата и згаснала работниците биле ангажирани на волонтерска основа. Од вчера започна постапката за повторно нивно времено вработување. –Ние имаме реална потреба од овие работници, дури и за повеќе од оваа бројка, но средствата моментално се тие па дел од волонтерите ќе бидат...

Continue reading

галичица

Галичица се попривлечна за посетителите

Post Views: 5 Галичица се попривлечна за посетителите. Нивниот број во последниот период е во пораст за 5 до 10%.  На главните влезови во националниот парк поставени се дигитални бројачи кои ги евидентираат возилата, пешаците, велосипедистите. Во тек е обработување на податоците за минатата година. –Секојдневно пристигнуваат барања за групна или индивидуална посета на паркот. Паркот стана препознатлива туристичка понуда. Ги обележавме и пешачките патеки во должина од 50 километри кои се наменети за пешачење од неколку категории, вели Номче Новески-ЈУНП „Галичица“. Природните...

Continue reading

sindikati

Македонија и Црна Гора разменуваат искуства околу законот за работни односи

Post Views: 3 Синдикатите на Македонија и Црна Гора ги разменија своите позитивните искуства во законодавството на двете земји, во делот на Законот за работни односи.  Темата на кој дебатираа претседателите на синдикатите на двете земји е „Социјален дијалог во рамки на проширување на земјите од регионот за интеграција во Европската унија“. Слободан Антовски од УНАСМ нагласи дека постојат многу аномалии околу вистинскиот социјален дијалог во земјава. Додава дека УНАСМ не учествува на седниците на Социјално економскиот совет, кој функционира од 2010 година и дека се многу критични кон...

Continue reading

policaec

Сообраќајната полиција од Охрид одзеде девет возачки дозволи на алкохолизирани возачи

Post Views: 6 Осум лица управувале моторни возила под дејство на алкохол, еден одбил алкотестирање а девет возачи се исклучени од сообраќај во ноќешната акциска контрола на охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај. По тие основи, сообраќајната полиција одзеде девет возачки дозволи и издаде исто толку платни налози. Синоќешната акциска контрола имаше за цел подигнување на безбедноста и заштитата во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Вакви акциски контроли ноќеска се реализираа на целото подрачје...

Continue reading

urbana oprema

Нискоградба ги бележи границите за поставување урбана опрема во Старата чаршија

Post Views: 4 Утринава екипи на јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид започнаа со обележување на границите за поставување на урбана опрема во старата чаршија. Сопствениците на угостителски објекти кои сакаат да поставуваат урбана опрема пред своите објекти, најпрво мора да го закупат тој простор, според цената која ќе ја одреди Советот на општина Охрид при носењето на Програмата за поставување урбана опрема.Инаку, секоја година согласно Законот за градба, се донесува програма за поставување на урбана опрема кој се состои од два дела, графички и текстуален. Во тие делови дефинирани...

Continue reading

vremeni objekti

Сопствениците на времени објекти незадоволни од предложените цени за закуп

Post Views: 2 Зонските цени за месечен закуп на простор за поставување на времени објекти, неприфатливи за сопствениците на постоечки објекти од ваков вид. Денес од градоначалникот Никола Бакрачески ги слушнаа новите предлог цени за кои тој потенцираше дека се за педесетина проценти пониски од претходно предложените. Предлог цените се однесуваат на времени објекти со големина од 4 до 8 метри квадратни, како и објекти со големина над 9 метри квадратни. Имено за објектите до 8 метри квадратни, цената за закуп на метар квадратен месечно во првата зона изнесува 500 денари, за втората...

Continue reading

kablovska

Кабелски оператор од Охрид заработи кривична пријава

Post Views: 1 Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Повреда на правото на дистрибутерот на технички посебно заштитен сателитски сигнал“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против едно правно лице и неговиот сопственик, 60- годишен охриѓанец. На 29-ти минатиот месец, кај правното лице-кабелска телевизија,  лоцирана во трговскиот центар “Охриѓанка“, пронајдени биле и одземени триесет и три дигитални ресивери со кои, пријавените со намера да прибават противправна имотна корист преку кабелска мрежа неовластено дистрибуирале и ставале на располагање на јавноста заштитени...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top