1 Мај празникот на трудот помина без протести во Охрид

1 мај празникот на трудот во Охрид помина без протести.

 |  Валентина Неловска  | 
carsija
carsija

Први мај празникот на трудот помина без протести во Охрид. Попладнето по  расчистувањето на дождливите облаци охридската  чаршијата беше полна со луѓе и гости кои го празнуваа овој ден.Ohrid  И познатото излетничко место во Синдикални по традиција беше полно со посетители. Слободниот ден граѓаните го поминаа во прошетка, а некои во кафеана. Недостуваа  само расчадените скари кои ги попречи врнежливото, променливо време.  Охриѓани поделени околу мислењето  зошто македонските работници не го креваат гласот за своите права.

Едни се без одговор зошто нема протести,  други мислат дека граѓаните немаат навика и им е убаво. Некои сметаат дека работниците се максимално експлотирани и стравуваат да не бидат избркани од работните места ако се побунат за своите права.

Синдикални Светските медиуми, пак  јавуваат за протести на работниците од Истанбул до Хонг Конг. Во земјава само членови и претставници на неколку синдикални здруженија со транспренти протестираа пред Собранието и Владата во Скопје. Барањата на синдикатите и на граѓаните што ги поддржаа се: Законот за минимална плата да не дискриминира и ефективно да ги казнува прекршителите, правото на штрајк да се ослободи од законските стеги, а правото на синдикално организирање да не биде мртво слово на хартија. Сојузот на синдикати на Македонија, пак  1 Мај го одбележа со собир на  плоштадот „Македонија“ и одржување седница за измените во Законот за безбедност при работа и здравје.

{loadposition content9}

 

 

 

 

 

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top