Post Views: 1
Криминалците повеќе нема да можат да се штитат со државјанството на својата држава. Ова го предвидува новопотпишаниот договор за екстрадиција кој неодамна на Министерскиот форум за внатрешни работи и правда, го потпишаа Министрите за правда на Македонија и Црна Гора, Блерим Беџети и Душан Марковиќ. Министерот Марковиќ истакна дека регионалната соработка е еден од најдобрите инструменти за заштита од делувањето на криминалот како во регионов, така и пошироко.
„Со овој договор ние го стеснуваме просторот за криминалците. Со потпишувањрто на овие договори, криминалците...
Post Views: 19
НВО „Карабеј Махале“ и весникот Уфук органзиараа панел конференција насловена како „10 години од Охридскиот рамковен договор и Турците“ за да се чујат нивните потреби. На панелот учествуваа бројни политичари, министри и еминентни стручни лица кои партиципирале во досегашното спроведување на Охридскиот рамковен договор ама не беа присутни преставници од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и од актуелната власт, вели Максут Али претседател на НВО „Карабеј махале“. „Во претходниот 10 годишен период иако има почетоци на спроведување на Охридскиот рамковен...
Post Views: 2
Се редат реакциите околу спорното земјиште кое државата преку тендер го продаде на најповолниот понудувач, туристичката агенција Фибула Травел. Покрај првичните реакции на сопственикот на градежното претпријатие „Трудбеник“ кој тврди дека има корисничко право на дел од парцелата 1.2 која била предмет на тендерот, сега стигнуваат и нови реакции. Последната од оваа низа реакции ни пристигна од сопственикот на приватната фирма ДООЕЛ „Маредо“, односно сопственикот на картинг патеката кај Билјанини извори. Имено тој вели дека не ја оспорува сопственоста на земјиштето и дека...
Post Views: 1
„Охридскиот рамковен договор го верифицира легитимитетот на нашата држава. После него Македонија подобро место за живеење, истакна Азис Положани Амбасадорот на РМ во ОН. Отворајќи ја Конференцијата Претседателот на РМ Ѓорге Иванов истакна дека кога станува збор за придобивките од потпишувањето на Рамковниот, не треба само да го потенцираме тоа што сме го добиле, како мирот и многу други нешта.
„ Но,Треба да се потсетуваме и на тоа што сме го изгубиле. Многу родители ги изгубија своите деца, но и многу деца ги изгубија своите родители. Некои ги изгубија своите домови,...
Post Views: 8
Сеуште не е решен проблемот со чистењето и подигањето на сметот од плажите со кои никој не стопанисува. Локалната самоуправа и годинава заедно со ЈП Охридски комуналец организираат чистење на плажите околу поголемите села и населби кои гравитираат околу Охридското езеро, но сепак помалите плажи со кои никој не стопанисува оставени неуредени.
„Ако централната власт стопанисува со Охридското езеро, ако капетанијата им наплаќа на бродовите прикотвени на пристеништата, тогаш е нормално дека тој што стопанисува тој треба да организира и чистење или да плати на некој што...
Post Views: 5
Мешовитата Комисијата за надзор на плажите издадени под концесија на 21,22 и 23 јуни направила контрола и констатирала прекршувања на договорите за закуп. Портпаролот на ресорното Министерство не беше достапен за да одговри кои забелешки се евидентирани, но дека има недоследности потврди членот на Комисијата, капетанот од Охридската капетанија , Љупчо Настоски.
Уредените плажи распослани на крајбрежјето се издадени под закуп дел од нив од страна на Локланата самоуправа, а дел од Министертсвото за транспорт и врски. Закупците кои имаат склучено договор со ресорното...
Post Views: 23
Лесковчани најавуваат вевчанско сценарио. „Доколку градоначалникот на Охрид, Александар Петрески не ја преиспита последната изјава дадена на вчерашната седница, во која се заканува со асистенција на службите за безбедност доколку не се дозволи пристап до броилото, нема да останеме рамнодушни“. Ваков е ставот на претставници на охридското село Лескоец, во врска нерешените проблеми со водововодно инсталациониот систем. Тие повикуваат на уште една мирољубива средба.
Велоски вели, доколку градоначалникот неможе да се справи со моменталната состојба што друг му ги мати...
Post Views: 1
Жителите на с. Лескоец денес покренаа иницијатива до координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, со која бараат започнување на постапка за склучување на договор со ЈП за регулирање и снабдување со вода на селото и отстапување на управување со водоснабдителниот и канализациониот систем, како и поништување на записник од собир на жители одржан на 05.03.2008 год.
Според нив, 10 месеци тие извезуваат вода за Охрид, а се случувало да немаат вода за своите потреби. Бараат поништување на според нив невалидениот договор за водоснабдителниот систем во селото, кој бил склучен...
Post Views: 6
Легален или нелегален статусот на детските реквизити за банџи скокови, кои пред помалку од еден месец никнаа во градскиот парк? Неодамна, првиот човек на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид, Танас Танасоски, кажа дека сопственикот на ова парче урбана опрема, поседува валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување. Станува збор за договоро за закуп на простор, кој во 2007-та година лицето Трајанчо Митрески го има склучено со Општина Охрид, договор кој истекува во 2012 година. Танасоски појасни дека ваквите договори се издаваат со амин...
Post Views: 1
Програмите за поставуње урбана опрема, кои ги носи Советот на општина Охрид, не ветуваат многу. Пример за ова е и денешниот настан, кога во градскиот парк почна поставувањето на детските реквизити за забава. И покрај апелот кој пред еден месец Градоначалникот Александар Петрески го испрати преку нашиот медиум велејќи дека нема да толерира никакви ургенции, сепак првиот човек на градот, заборави да спомне дека договорите кои закупците си ги имаат потпишано со Општината, се важечки. Така, програма или не ,денес во градскиот парк во близина на градската чешма, почна поставувањето...
Post Views: 5
Загубарот „ЕМО“ од Охрид и „Комерцијална Банка“ АД Скопје склучија договор за рамковен револвинг кредит лимит во износ 5,1 милиони евра за потребите од тековно финансирање на започнатите проекти, за издавање на гаранции, акредитиви итн.
Врз основа на овој договор се воспостави и заложно право-хипотека од прв и втор ред врз објектите на „ЕМО“.
Охридскиот загубар „ЕМО“ според неревидираниот финансиски извештај за 2010 година објави нето загуба од 234 милиони денари, додека загубата во 2009 година изнесуваше 337 милиони денари.
Неодамна компанијата која со години работи...
Post Views: 14
Меморандум за соработка помеѓу Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички технологии.Покрај размената на академските и научните кадри, соработката помеѓу двата универзитети ќе се прошири и во сферата на меѓусебно логистичко помагање.
„Ние сме слуги на студентите“. Со овие зборови, ректорот на Универзитетот за информатички технологии, „Св.Апостол Павле“, ја објасни улогата на професорите, пред својот колега од Државниот универзитет од Тетово, Агрон Река, со кој денес беше потпишан меморандум за соработка. Ректорот на Универзитетот за информатички...