„Ние сме слуги на студентите“

Меморандум за соработка помеѓу Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички технологии.

 |  Крсте Голабовски  | 
memorandum
меморандум

Меморандум за соработка помеѓу Државниот Универзитет во Тетово и Универзитетот за информатички технологии.Покрај размената на академските и научните кадри, соработката помеѓу двата универзитети ќе се прошири и во сферата на меѓусебно логистичко помагање.

„Ние сме слуги на студентите“. Со овие зборови, ректорот на Универзитетот за информатички технологии, „Св.Апостол Павле“, ја објасни улогата на професорите, пред својот колега од Државниот универзитет од Тетово, Агрон Река, со кој денес беше потпишан меморандум за соработка. Ректорот на Универзитетот за информатички технологии, Благоја Самакоски потенцира дела средините со широка етничка и религиозна содржина, во образованието даваат кадри кои понатака во животот имаат поуспешна кариера. Соработката помеѓу двата универзитети освен во размената на академските и научните кадри, ќе се прошири и во сферата на меѓусебно логистичко помагање.

memorandumРекторот на Државниот Универзитет во Тетово, Агрон Река, кажа дека сеуште мора да се работи на соработката помеѓу седумте универзитети во земјава. Иако таа постоела и порано, но едно е да се постигне договор за соработка, а друго е истиот договор да се спроведе. Река додаде дека на овој универзитет 10% од студенското тело го сочинуваат македонци. Со потипушувањето на овој меморандум, ќе се подигне квалитетот на образованието во двата Универзитети.

Река вели дека освен логистичкото помаѓање, соработката ќе се спроведе и преку, меѓусебна заедничка работа на проекти, формирање на тркалезни маси и се она што е во прилог на студентите. Државниот Универзитет во тетово е основан во 1994 година, за да легално почне со работа во 2005-та година. На него функционираат 11 факултети, 10.500 студенти од кои 2000 се во мирување. Последна новина од овој универзитет, е формирањето на Факултетот за медицински науки које е во третата година од своето функционирање.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top