Банџи туристичка сезона

Уште непочната туристичката сезоната, почнаа проблемите со поставувањето на урбаната опрема.

 |  Крсте Голабовски  | 
montiranje bandzi
монтирање банџи

Програмите за поставуње урбана опрема, кои ги носи Советот на општина Охрид, не ветуваат многу. Пример за ова е и денешниот настан, кога во градскиот парк почна поставувањето на детските реквизити за забава. И покрај апелот кој пред еден месец Градоначалникот Александар Петрески го испрати преку нашиот медиум велејќи дека нема да толерира никакви ургенции, сепак првиот човек на градот, заборави да спомне дека договорите кои закупците си ги имаат потпишано со Општината, се важечки. Така, програма или не ,денес во градскиот парк во близина на градската чешма, почна поставувањето на детските реквизити.

На денешното поставување на урбаната опрема во градскиот парк, реагираа и од ЈП „Охридски Комуналец“. Директорот Сашо Алче револтирано изјави  дека сопствениците на оваа урбана опрема односно реквизити, немаат набавено дозвола за користење на тој простор, нити од Секторот за урбанизам, ниту пак имаат склучено договор со ЈП за комунална усуга.

„Мене ми е навистина жал што комуналната инспекција, до овој момент нема излезено да ја констатира состојбата. Ова што се случува е грда слика. „Комуналец“ на овој простор вложи повеќе од 1.100 000 ден што за нови садници што за средување на просторот“ вели Алче.

Алче додаде дека симптоматично е што и полицијата го отстранила нивното обезбедување, се додека на лице место не дошол адвокатот на ЈП. Крајно загрижен потенцира дека на тревната површина во градскиот, парк се поврзани кабли за електрична енергија кои се под напон. Истите на одредени места се видливи со голо око, се над тревната површина и се претставуваат голема опасност за минувачите и децата.

„Не знам зошто ЕВН на според мене див начин издава приклучоци и зошто каблите се оставени необезбедени? Денес пратив известувања и до Комуналниот инспекторат и до ЕВН, затоа што не би сакал да ни се случи ново „Пливалиште“, вели директорот на ЈП „Охридски Комуналец“.

montiranje bandziСопственикот на опремата Трајанчо Митрески, пак приложи копија од договорот за закуп на простор, кој во 2007-та година го има склучено со Општина Охрид претставувана од Александар Петрески на  пет години, договор кој истекува во 2012 година. Раководителот на инспекцискиот надзор – инспекторат, Танас Танасоски не информира дека станува збор за валиден важечки договор, па со тоа нема простор за нивно делување.

Програмата за поставување на урбана опрема се носи од година во година, па најверојатно со  точката за измени и дополнувања на програмата за поставување на урбана опрема, која имаше за цел, да се предвидат локациите за поставување урбана опрема согласно законот, а истата беше повлечна од една од последните седници на советот, сигурно дека ке се најде место и за оваа циркуска атракција. Од Општината со став дека го замолиле сопственикот да ја помести опремата надвор од кружниот простор кај градската чешма, па така охриѓани наскоро банџи скоковите ќе ги прават од пред Центарот за култура. Изгледа дека и годинава, комуналните инспектори ќе излегуваат на терен, сопствениците ќе им покажуваат валидни договори, советот ќе ги изгласува програмите, а сликата на Охрид кој од година во година се повеќе наликува на некое малезиско село, ќе си остане иста.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top