Ознака: дел

ulica vo kal

Во центарот на Охрид, но сеуште во кал и прашина

Post Views: 3 Во 21-от век, а секојдневно кал или прашина пред нашите домови. Со овие зборови жителите кои живеат на улицата „Анастасија Узунова“ лоцирана во централното градско јадро, се обратија за помош до нашата телевизија. Тие велат дека веќе неколку пати се обратиле и до Локалната за помош, но оттаму само со ветувања за скоро решение на проблемот. Инаку, пред извесен период на оваа улица беа изврешени зафати на канализационата мрежа, па сега состојбата е во целост неподнослива, додаваат жителите. Се обративме до Одделението за комунален развој и сообраќај, од каде не информираа...

Continue reading

Spomenik Dolard

Просторот Мазија остана без Холандскиот парк

Post Views: 5 Засега нема трага од најавата дека Охрид ќе  добие Холандскиот парк со функционална целина која ќе го симболизира традиционалното македонско –холандско пријателство.  На терен од сработените  градежни зафати  пред 7 месеци е видлива само поплочената патека со црвени бекатон плочки и по некоја светилка. Градоначалникот Петрески признава дека паркот не е целосно завршен. 90 посто од работите за кои била надлежна Локалната самоуправа се завршени, сега се чека на холандската донација. Градоначалникот, сега оптимистички најавува дека со холанандските пријатели  ќе ги продолжат...

Continue reading

parkiranje

СВР не простува, постојано крева автомобили

Post Views: 11 Пајак Службата со полни раце работа. Постојано демне и ги подига сите автомобили кои се неправилно паркрани на јавна површина. Оваа акција посебно беше изразена изминативе денови во населбата Билјанини извори. Жителите од овој дел на Охрид бараат спас но јавно не сакаат да проговорат за новонастанатиот проблем, плашајќи се дека ако јавно проговорат тогаш ќе бидат мета во следните акции. „Никој не замерува што се подигнуваат автомобилите кои се паркирани на тротоарите или оние кои подолг период се стационирани на едно место, нам ни смета што се подигнуваат сите, дури...

Continue reading

Sobranie na RM

Закон за Охрид…конечно?!

Post Views: 8 Законот за Охрид на кој веќе две години се чека, конечно ќе се најде во собраниска процедура.Досега ниту една владеачка гарнитура не го донесе овој закон, иако беше најавуван од голем број пратеници, од најразлични владеачки гарнитури. На денешната седница на пратенички прашања, од страна на пратеникот Александар Николовски, беше поставено прашање до министерот за  култура г-ѓа Елизабета Канчевска Милевска, по однос на изработката на специјализиран закон за заштита на градот Охрид. Канчевска со одговор дека законот е веќе изработен и е доставен на мислење во соодветните...

Continue reading

Ohridsko leto logo

Министерката за култура се дума за директор на Охридско лето

Post Views: 17 Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска од вчера размислува кој ќе биде новиот директор на Фестивалот Охридско лето. По скоро еден месец од завршувањето на конкурсот министерката конечно најде време да одржи интревју со пријавените кандидати за оваа директорска позиција. За секој кандидат биле предвидени 15 минути разговор. По враќањето од Скопје ТВМ контактираше со дел од охридските кандидатите. Тие истакнаа дека интервјуто протекло во коректна и пријатна атмосфера , каде што министерката посветила максимална внимание за нивните понудени програми.Сега...

Continue reading

Otvoranje

Отворен бизнис центар на ПроКредит банка

Post Views: 6 Висококвалитетна, брза и ефикасна услуга на едно место. Синоќа во Охрид пријателите на ПроКредит банка присуствуваа на свеченоста по повод отворањето на бизнис центарот. „ Она што ја одбележува работата на ПроКредит банка покрај постојаното активно работење, нудење на нови, подобри, поквалитетни  услуги за клиентите, како новина можеме да го издвоиме и воведувањето на нови производи, бизнис пакети за многу мали и средни претпријатија, каде ги кредитираме со намалени каматни стапки. Агрокредитирањето продолжува да биде составен дел на ПроКредит банка со тоа што тука...

Continue reading

Kanceska Milevska

Кандидатите очи в очи со Канческа Милевска

Post Views: 11 12-те кандидати кои се токмат да седнат на челната фотеља на реномираниот фестивал „Охридско лето“, в понеделник очи в очи со Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска. Апликантите ќе имаат можност лично да ги презентираат своите проекти во врска со фестивалот и своите визии за развојот на истиот. Кандидатите ќе се обидат да ја убедат министерката дека токму тие се вистинскиот избор за директорската функција. Ова за ТВМ го изјавија од Министерството за култура. Инаку на конкурсот кој заврши на 26 октомври пристигнаа12 пријави. Дел од нив се потпишани со...

Continue reading

video nadzor

Постојан видео-надзор во училиштата во Охрид

Post Views: 5 Постојана чуварска служба, видео-надзор и континуирано присуство на полицијата се дел од мерките што ќе се воведат во средните и основните училишта во Охрид, за да се придонесе за намалување на наркоманијата како најголема опаснот по младата популација Тоа се дел од мерките за кои расправаше Локалниот совет за превенција за подрачјето на општина Охрид, на состанокот посветен на општата безбедносна состојба во општината, наркоманијата, справувањето со ризиците од кучињата-скитници, питачењето и уличното осветлување, како услов за безбедност во заедницата. На средбата...

Continue reading

Elizabeta Kanceska Milevska

Канческа Милевска нема време за „Охридско лето“

Post Views: 22 Министерката за култура, Елизабета Канческа Милевска деновиве е зафатена со докажување дека се е валидно околу проектот „Скопје 2014“, па не успеала да види кој се се токми за прв човек на реномираниот фестивал „Охридско лето“, иако конкурсот заврши уште на 26 октомври. Инаку од министерството за ТВМ велат дека пристигнале 12 пријави. Дел од нив се потпишани со имињата на кандидатите кои веќе подолго време се вртат во јавноста како што се Јованчо Секулоски, Наташа Спасеска, Васил Ложанкоски и Стојан Савески. Но, дел од имињата не и се познати на охридската јавност....

Continue reading

Hristo Uzunov

Чуварите во охридските училишта без плата два месеци

Post Views: 6 Чуварите кои се ангажирани за обезбедување на 9-те основни и 3 –те средни училишта, како и за детската градинка Јасна Ристеска, реагираат – не зеле плата два месеци. Чуварските служби за обезбедување на објектите се ангажирани од локалната самоуправа. Од таму потврдувааат дека на дел од чуварите исплатена им е плата заклучно со септември, а на дел платата им се исплаќа со задоцнување од неколку месеци. Објаснуваат дека, сепак  пари  за сработеното ќе добијат сите. Од локалната самоуправа информираат дека во овие услови на безработица и недостиг на финансиски средства,...

Continue reading

Ohrid

Охрид нема да учествува во трката за манифестацијата „Град на култура“

Post Views: 8 Охрид одби да биде дел од трката за манифестацијата „Град на култура за 2011 година“. Калкулантство при изборот на градот, навреди и потценувања на останатите апликанти, како и политизација на самата манифестација се само дел од причините поради кои Општина Охрид го откажува учеството на конкурсот за манифестацијата „Град на културата во 2011 година, вели Советникот за култура при Општина Охрид, Митре Вељаноски. Ланската година ни со планиран буџет од околу осум милони денари распореден за десетина културни проекти, Охрид не успеа да стане „Град на културата “.Вељаноски...

Continue reading

ucenici

Протести за екстерното оценување

Post Views: 6 Сите ученици од 8 и 6 одделение, како и дел од учениците од 7 и 5 одделение од основното училиште Свети Климент Охридски денес не следеа настава. Родителите се изненадени од ваквиот бојкот  на учениците. Се прашуваат на што се должи ваквата постапка.  Учениците од Св Климент Охридски протестираа против екстерното тестирање. Никој не сакаше од одговорните лица во училиштето да каже кој стои зад органзирањето на протестите. Дали се тоа некој од учениците или од професорите. Директорот на училиштето Славица Илиќ е на пат, а нејзиниот заменик не беше достапен за коментар....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top