Министерката за култура се дума за директор на Охридско лето

По скоро еден месец од завршувањето на конкурсот министерката конечно најде време да одржи интревју со пријавените кандидати за оваа директорска позиција.

 |  Валентина Неловска  | 
Ohridsko leto logo
Охридско лето лого

Kanceska MilevskaМинистерката за култура Елизабета Канческа Милевска од вчера размислува кој ќе биде новиот директор на Фестивалот Охридско лето. По скоро еден месец од завршувањето на конкурсот министерката конечно најде време да одржи интревју со пријавените кандидати за оваа директорска позиција. За секој кандидат биле предвидени 15 минути разговор. По враќањето од Скопје ТВМ контактираше со дел од охридските кандидатите. Тие истакнаа дека интервјуто протекло во коректна и пријатна атмосфера , каде што министерката посветила максимална внимание за нивните понудени програми.Сега се во исчекување каква одлука ќе донесе Канческа  Милевска. Кандидатите ги образложувале своите програми како ќе менаџираат со оваа институција. Презентирани биле модели за финанскиска стабилизација на фестивалот, но била предлагана и нова органзиациона поставеност. По вчерашниот разговор сега се очекува најдоцна до  почетокот од декември да се знае дали ќе биде назначен директор од пријавените 11 кандидати, или, пак  ќе има повторен избор, како што викендов најави Канческа Милеска.

За атрактивната директорска функција на оваа културна институција има голем интерес.  Како што информираат од Министерството  за култура до нив пристигнале 12 апликации и  програми. Како кандидати за директор на фестивалот Охридско лето  беа споменувани имињата на Наташа Спасеска, Јованчо Стрезоски, Стојан Савески, Васко Ложанкоски, Томе Џамтоски, Александра Белеска, Борис Петкоски, Климент Недевски, Климент Наумов, Мери Георгиева и Анита Котеска.

Инаку, Фестивалот Охридско лето е со долгогодишна традиција, а  основан е во 1961 година. Фестивалот го финансира Министерството за култура на Република Македонија и спонзори од кои дел припаѓаат на Клубот на пријатели на Фестивалот.
Од 1994 год. Фестивалот е редовен член на Европската асоцијација на Фестивалите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top