Ознака: Грција

Извлечени групите за Еуро 2016

Post Views: 3 Во тек на овие квалификации УЕФА ќе претстави нов концепт на одигрување на натпреварите кој ќе се вика “week of football”. Натпреварите ќе се играат од четврток до вторник, а почеток на натпреварот, најрано, ќе може да биде 18 часот. Секој ден во “week of football” ќе има осум до десет натпревари на распоредот. Целта на УЕФА е да се зголеми гледаноста.   Квалификациски групи за ЕУРО 2016 : Група А : Холандија, Чешка, Турција, Латвија, Исланд, Казахстан Група Б : Босна и Херцеговина, Белгија, Израел, Велс, Кипар, Андора Група Ц : Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија,...

Continue reading

drimkol

КУД „Дримкол“- Вевчани на Меѓународен фестивал во Грција

Post Views: 3 КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот  фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд...

Continue reading

Македонија поставува двојна ограда на границата со Грција

Post Views: 8 Новата ограда треба да биде долга 37 километри. Подготовките за поставување уште една жичена ограда во близина на веќе постоечката почнаа во саботата, а работите стартуваа во текот на вчерашниот ден. Македонското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера биле регистрирани повеќе од 2800 бегалци и мигранти кои се на пат за север, во насока на Австрија и Германија. Во моментов се поставуваат столбовите и оградениот простор изнесува до 5 метри, за да помина патролно возило, а според одлуката на надлежните институции ќе се знае колку оградата ќе биде висока. Овие...

Continue reading

Andreas Papandreu

Победа на ПАСОК, оставка на Караманлис

Post Views: 0 Грчкиот премиер Костас Караманлис доцна синоќа поднесе оставка на местото претседател на Нова Демократија, откако неговата партија постигна најлош резултат на избори од своето формирање во 1974 година. Караманлис претходно во телефонски разговор со својот најголем ривал претседателот на ПАСОК Јоргос Папандреу го призна поразот на својата партија, која беше на власт во последните пет години. Според резултатите врз основа на 40 насто од преброените гласачки ливчиња на вонредните парламентарни избори што се одржаа во неделата социјалистите освоија 43,7 насто од гласовите,...

Continue reading

logo

23 партии во трка на парламентарните избори во Грција

Post Views: 0 На парламентарните избори во Грција, кои ќе се одржат на 4 октомври, ќе учествуваат 23 партии, објави денеска весникот „Та неа“. Пет од 28 партии, кои поднеле молба за учество на изборите, не добиле одобрение од судот, бидејќи не ги исполнувале условите поставени од изборното законодавство. Станува збор за партиите „Еколози Грција“, „Политичка чистка“, „Брза демократија на дело“, „Иднина за Грците“, „Слуги на грчкиот народ“, „Нова грчка демократија“ и „Каде си, Пападопуле – Партија на грчките странци – Тероризирајте ги терористите“. Во изборната трка остануваат...

Continue reading

logo

Предвремени избори во Грција

Post Views: 3 Грчкиот премиер Костас Караманлис денеска од шефот на државата Каролос Папуљас се очекува да побара распуштање на парламентот, откако синоќа најави предвремени избори. Одлуката за распишување предвремени парламентарни избори, Караманлис ја образложи со тоа дека на државата и треба нов мандат за да излезе од економската криза. Грчкиот премиер не објави датум за предвремените избиори, кои можат да се одржат еден месец по објавувањето. Според некои најави, изборите би требало да се одржат на 4 октомври. Четиригодишниот мандат на владата на Караманлис во нормални услови...

Continue reading

Kipar

Турција нема да се одрече од Кипар

Post Views: 1 Турција никогаш нема да се одрече од своето право да биде „гарант“на Кипар, дури и ако лидерите на кипарските Турци и Грци до крајот на годината потпишат мировен договор. Ова го рече заменикот турски премиер Чемил Чичек, која на северот на Кипар одржа говор по поводу 35. годишнината од турската инвазија на оваа островска држава, што следеше пет дена по државниот удар поттикнат од Грција Турција интервенцијата ја оправда со статусот на „гарант“ заедно со Грција и Велика Британија, по договорот од 1960. со кој Кипар стекна независност од Лондон. Статусот на гарант, кој...

Continue reading

Atina

Прв случај на грипот А Х1Н1 во Грција

Post Views: 8 Грчките власти го потврдија првиот случај на заразен со новиот вирус на грип А (H1N1), јави грчката агенција АНА-МПА. На вонредната прес-конференција заменик-министерот за здравство Јанис Папагеоргиу рече дека станува збор за 19-годишен студент, кој бил во Њујорк од почетокот на годината и се вратил во Атина.Болниот бил заразен за време на престојот во САД и симптомите на грип се појавиле во Грција. Пред да биде хоспитализиран тој земал антибиотици. – Нема знаци за загриженост, тоа не е тежок, туку полесен случај, изјави заменик-министерот и додаде дека при вакви...

Continue reading

logo

Грција подготвена за евроизборите

Post Views: 0 Грција е подготвена за спроведување на изборите за Европскиот парламент, што треба да се одржат на 7. јуни, јавуваат грчките медиуми. Рекламната кампања за изборите ќе започне во сабота, на 15. мај, ќе продолжи 21 ден и ќе заврши на 6. јуни во сабота, во предвечерието на изборите. Според избирачките списоци, право на глас на евроизборите имаат 9. 866,913 лица, а за првпат со право на глас се стекнуваат 110.562 лица.                 {loadposition content9}

Continue reading

rakometna reprezentacija

Македонските ракометари во баражот, против репрезентацијата на Грција

Post Views: 3 На ждрепката во данскиот Хернинг, последниот ден од ЕП, Македонија имаше среќа, бидејќи за противник во јунскиот бараж го доби нашиот јужен сосед Грција. Селекторот Ивица Обрван чекува дека ќе го минеме противникот и ќе го продолжиме континуитетот на учества на големите европски и светски натпреварувања Машката репрезентација на Македонија имаше голема среќа при ждрепката за јунскиот бараж за претстојното Светско првенство што ќе се одржи идната година, во јануари, во Катар. Македонија беше во првиот, привилегиран барабан, а за противник го доби нашиот јужен сосед Грција....

Continue reading

nemiri

Демонстрации во Шпанија и Италија како резултат на немирите во Грција

Post Views: 0 Демонстрации во Мадрид и Барселона организирани против убиството на тинејџер во Атина во саботата, прераснаа синоќа во судири со шпанската полиција при што неколку полицајци беа повредени и 11 демонстранти беа уапсени. Во Мадрид околу 200 млади лица нападнаа полициска станица во центарот на градот.Полицијата почна кација против нив при што ги растера и уапси неколкумина од нив. Беа запалени контејнери за смет, а една филијала на банка беше каменувана. Инциденти беа регистрирани и во Рим и Болоња каде петмина полицајци и еден војник беа полесно повредени во судир со...

Continue reading

nemiri

Училиштата во Грција денеска не работат

Post Views: 0 Сите образовни институции во Грција ќе останат затворени денеска, на денот на кој е закажан погребот на тинејџерот, кој беше застрелан од полицијата во Атина. Како што јавија грчките медиуми, средните училиште се затворени по наредба на министерството за образование. Вишите установи и факултети нема да работат заради тридневниот штрајка на вработените, но и заради најава на студентски протести, додека учителите во основните училишта исто така објавија штрајк и најавија поддршка на митингот организиран од Конфедерација на синдикати. Убиството на 15 годишното момче предизвика...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top