Ознака: Грција

Zoran Jolevski

Продолжуваат преговорите за името

Post Views: 2 Посредникот на ОН Метју Нимиц првпат на заедничка маса ќе ги седне новиот македонски преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски и грчкиот Адемантиос Василакис.На оваа рунда преговори, според најавите во Скопје и во Атина, не се очекува  нов предлог од Нимиц, туку треба да бидат прецизирани позициите на двете страни, да се разгледаат идеи и сугестии во врска со преговарачкиот процес. И Македонија и Грција остануваат на официјалните позиции – македонската за двојната формула, едно име што ќе се договори за билатерална комуникација со Атина и уставното за сите други,...

Continue reading

Општина Охрид остварува добра соработка со Грција и Албанија во искористување средства од ИПА фондовите

Post Views: 9 Општина Охрид има добра соработка со соседните земји во искористување средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка, информира градоначалникот Константин Георгиески. Oпштина Охрид подготвува проектни апликации за искористување на средства за заеднички проекти за прекугранична соработка со градови од Албанија и Грција. „Имаме апликации и други проекти со Корча и со Грција. Со Грција е на високо ниво соработката. Имаме апликации за електрични велосипеди, возила и чамци. Со Корча аплициравме за изградба на трим патека на просторот во поранешна Касарна , па ќе видиме...

Continue reading

megunaroden sud

Македонија и Грција на суд во Хаг

Post Views: 2 Претставници на Грција и Македонија денес треба да се сретнат во Меѓународниот суд за правда, во Хаг, во најновата рунда од долгогодишниот спор меѓу двете земји околу македонското име. Македонија ја тужи Грција за блокирање на зачленувањето во НАТО , што е во спротивност со билатералната спогодба што Скопје и Атина ја потпишаа во 1995. Прашањето за историското наследство на името Македонија кое покрива географска територија на двете страни од границата, стана исклучително чувствителна тема во двете земји, која ги влоши политичките односи меѓу Атина и Скопје.       {loadposition...

Continue reading

Грција сепак пречка за членство на Македонија во ЕУ

Post Views: 0 Амбасадорот на Унијата во Македонија Ерван Фуере пак вели дека правилата се базираат на објективни и ригорозни проценки.Македонскиот вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски смета дека извештајот на европската комисија во ноември ќе биде објективен и дека ќе ја даде вистинската слика за тоа што се случувало изминатата година, но не изостави да ја спомне и Грција. „Извештајот за прогрес на Европската Комисија за нас ке биде реален одраз на состојбите и основа за годишната работа на Македонија врзана за евроинтегративниот процес. Она што јасно го кажуваме е дека...

Continue reading

pozar

Не стивнуваат пожарите во Грција

Post Views: 6 Во Грција не стивнуваат шумските пожари на полуостровот Пелопонес, на Крит и во регионот на Коринт поради што се евакуирани повеќе села и е прогласена вонредна состојба. Шест од вкупно осум авиони „Канадер“ се оштетени и се повлечени од гаснењето, има настрадани пожарникари, кои се хоспитализирани, соопштуваат денеска медиумите во Атина. Огнот во областа Ахаја, северно од градот Патра, на полуостровот Пелопонес, беснее од вчера и досега уништил ниви и насади. Во некои региони на областа е прогласена вонредна состојба. Вчера биле евакуирани и жители од село во близина...

Continue reading

znaminja

Грција сеуште без влада

Post Views: 1 Последни обиди за формирање влада во Грција, со мали изгледи за успех. Сириза одби да учествува во влада на национален спас, нови избори се’ поизвесни. Рачно изработена бомба експлодираше пред даночна канцеларија во Атина предизвикувајќи штета, но не и повреди. Се смета дека направата била подготвена од плински боци – метод што го користат анархистичките групи. Експлозијата се случи додека во земјата се прават последните обиди за формирање влада. Разговорите за формирање кризна влада ќе продолжат денеска во кабинетот на претседателот Каролос Папуљас, каде ќе учествуваат...

Continue reading

Andeas Papandreu

Папандреу поднесе оставка

Post Views: 7   Лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу, официјално поднесе оставка на функцијата претседател на партијата.На негово место, како што се очекува, ќе биде избран актуелниот министер за финансии Евангелос Венизелос. “Донесов тешки одлуки. Тие можеби скапо ме чинеа политички, но вредеа за трудот”, изјави Папандреу, кој само ја потврди оставката најавена во ноември минатата година, кога беше избрана нова коалициска влада. Партиските избори ќе бидат на 18 март, а Венизелос само кусо рече дека пред ПАСОК е тешка мисија за обнова на Грција”. На партискиот собир...

Continue reading

Czhakimarkakis

Грција да го промени името

Post Views: 0 Германскиот европратеник со грчко потекло Јоргос Шацимаркакис оценува дека Грција поради должничка криза со која се соочува има потреба од нов имиџ и предлага ново име за меѓународна употреба кое ќе и помогне на земјата за нов почеток. – За многумина во Европа името Грција асоцира на нефункционален политички систем, непотизам. Како дел од еден чесен нов почеток грчкиот Устав треба да се промени и земјата да се преименува во Хелас на сите јазици, вели Шацимаркакис во неделното издание на германскиот весник „Билд“. Тој појаснува дека „Хелас“ е името кое Грците го...

Continue reading

Грција 24 часа парализирана од штрајкови

Post Views: 0 Грција денеска ќе биде парализирана од генерален 24-часовен штрајк на работничките синдикати и на јавната администрација. Илјадници членови на синдикатите се очекува да излезат на масовниот протест во центарот на Атина, со цел да го изразат своето незадоволство од владините мерки кои влијаат на социјалните и финансиските можности на граѓаните на Грција. „Повикуваме на протест како реакција на континуираната политика на казнено штедење, сиромаштија и целосно истоштување на народот. Проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените се многу и постојани и уште еднаш...

Continue reading

greece bankrupht

Ероу: Нека банкротираат, тие се виновни што грешеле

Post Views: 4 Кенет Ероу професор во пензија и добитник на Нобелова награда за економија во интервју за “Дојче веле“ вели дека Грција мора да банкротира бидејќи нејзиниот долг веќе го отплатуваат другите земи членки. “Нека банкротираат. Тие се виновни што грешеле. Ми се чини дека Европа е доволно богата за да го прими тоа“, додава Ероу. Неспособноста да се подмират обврските по основ на обврзници едноставно значи еден лош долг да биде токму и така третиран. Европските банки во својата актива немаат многу грчки обврзници и најдобро би било да ја прифатат загубата по истите. Идејата...

Continue reading

ne za shtedenje

ЕУ нема план Б за грчкиот „ден Д“

Post Views: 4 Германскиот министер Волфганг Шојбле на последниот состанок на министрите за финансии на земјите членки на ЕУ во Луксембурк одговарајќи на новинарско прашање“ што ако Грците не го усвојат новиот пакет мерки за штедење“, тој сосема неочекувано рекол, “Одлуката е на Грција, ние секоја одлука ќе ја почитуваме. Нашиот совет е да оди по патот кој е договорен, но имаме разбирање за секаква одлука и сме подготвени на се’“. Оваа последна реченица на германскиот министер би требало да делува смирувачки, но тоа не значи ништо друго туку дека финансиските експерти веќе долго време...

Continue reading

protesti Atina

Билд: ЦИА предупредува на воен преврат во Грција

Post Views: 0 ЦИА предупредува на воен преврат во Грција заради жестоките економски мерки и очајната состојба на земјата, пишува германскиот весник „Билд,,.Според таблоидот, ЦИА во својот извештај споменувала дека протестите по улиците на Атина можат да доведат до растечко насилство и на тој начин до револуција и оти како последица на тоа грчката влада ќе ја загубела контролата во земјата. Весникот наведува и извештај на ЦИА во кој се споменувало евентуален воен преврат, во случај ситуацијата во Грција да излезе надвор од контрола. {loadposition content9}

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top