Ознака: Грција

pepelnik

Во Грција почна акцијата: „Да ги вратиме пепелниците на маса“

Post Views: 4 Сопствениците на ресторани и барови во Грција се побунија против владината одлука за забрана за пушење на јавните места која на сила стапи од 1-ви септември и покренаа сопствена акција „Да ги вратиме пепелниците на маса“. На законот едногласно му се спротивставиле 152 здруженија кои делуваат под заедничкото име „Сојуз на ресторани и барови“, изјавил неговиот лидер Јанис Цакос. Тој рекол дека со оглед на кризата, која веќе го намалила бројот на посетители во локалите за третина, законот само ќе го доведе овој сектор во пропаст. Денеска на масите пред кафе-баровите на...

Continue reading

zabi

Жабите во Грција најавуваат земјотрес

Post Views: 1 Грчките сеизмолози предвидуваат дека наскоро може да има земјотрес во Турција и во Грција, земајќи ги како предвесник илјадниците жаби што се појавија на автопатот „Игнација“ во северна Грција, пренесуваат грчките медиуми. Прогнозата на сеизмолозите се заснова на истражувањето од британски научници минатиот месец, според кое постои директна врска меѓу жабите и сеизмичката активност. Ваквиот податок на стручњаците по сеизмологија кај нашиот јужен сосед им даде основа да објават дека е можно во наредниве денови да се случи земјотрес во регионот на Грција и на Турција....

Continue reading

Euro-up

Краткотрајна евро еуфорија

Post Views: 9 Спасоносниот фонд од 750 милијарди евра на ЕУ и ММФ го смири стравот од финансиски колапс и предизвика пораст на вредноста на еврото, но прашањето дали овој пакет ќе има долгорочен ефект, пред крајот на денот ја урна европската валута. Сумата која ќе им биде достапна на земјите од евро зоната во криза, е најголемата парична помош по онаа со која Групата од 20 лидери ја помогна светската економија по колапсот на Леман Брадерс во 2008-ма година. Набргу по објавувањето на сумата, еврото веднаш се искачи на 1,30 долари, земајќи здив по 14-месечното паѓање до речиси 1,25...

Continue reading

Bakojani

Што доби Дора Бакојани за роденден?

Post Views: 5 Водечата грчка опозициска партија Нова демократија ја казни Дора Бакојани со исклучување од своите редови, заради нејзината поддршка за мерките на социјалистичката влада Со личната одлука да гласа во парламентот за мерките за штедење, предложени од социјалистичката влада, Дора Бакојани го загуби своето место во Нова демократија, партијата во која членува веќе три децении и која некогаш беше раководена од нејзиниот татко Константинос Мицотакис, поранешниот премиер на Грција. Жестината на одговорот на нејзината довчерашна партија се огледа и во фактот дека „експресното“...

Continue reading

grcija

На „љубовта“ меѓу Германија и Грција и нема крај

Post Views: 1 ЕК, Централната европската банка и ММФ во моментов ги разгледуваат барањата на Грција, која во петокот побара од земјите на ЕУ и ММГ итно да и позајмат околу 45 милијарди евра. Но, германскиот министер за финансии Волфганг Шаубле потсетил во интервју за неделникот “Билд ам Сонтаг“ дека Германија би можела да рече “не“ ако Атина не се обврзе дека во следните години ќе води строга политика на штедење. Германија добила право на вето во процедурата на разгледување на грчките барања. Во првата фаза ЕК и Централната европската банка мораат да ги изнесат своите ставови и да...

Continue reading

Pangalos

Германија профитира од грчката криза?!

Post Views: 4 Германските банки создале профит од кризата во Грција, изјавил потпретседателот на грчката влада Влада Теодорос Пангалос, во време кога Атина очекува помош од владата во Берлин за решавање на проблемот со големите јавни долгови. “Зад ставот на Германија стои одлуката за поврзаност на вашите партнери и пријатели и дека ќе се дозволи монетарните и кредитните институции да учествуваат во таа жалосна игра, за луѓето во Германија да остварат профит“, изјавил Пангалос на инвестицискиот форум во Атина. Тој додал дека земјите од јужна Европа ги трпат штетите од падот на еврото,...

Continue reading

grcija-turcija

Турски воен брод во грчки води јужно од Атина

Post Views: 0 Воена корвета на турските воено-поморски сили е зебележана кај Сунион, нај јужната точка на полуостровот Атика, пишува грчкиот весник „Та неа“.Турската корвета минала меѓу Сунион и островот Кеа, јужно од Атина и потоа се упатила кон север во Егејското море кон Дарданелите.Според весникот, присуството на корветата во грчките води предизвикало загриженост во Атина каде што тоа се оценувало како нова форма на провокација од турска страна. „Та неа“ додава дека ова е 11-та провокација на турските воено-поморски сили од 7 ноември 2009 година и шестта оваа година. {loadposition...

Continue reading

novcanik

Продолжува „љубовта“ меѓу Германија и Грција

Post Views: 1 Германија нема да и даде ниту цент на Грција, изјави германскиот министер за економија Рајнер Брудерле, неколку часа пред средбата на германскиот канцелар Ангела Меркел со грчкиот премиер Јоргос Папандреу. – Премиерот Папандреу изјави дека не сака ниту цент, а германската Влада и нема да даде ниту цент, изјави германскиот министер по средбата со еврокомесарот за индустријата Антонио Тајани. Брудерле со оваа изјава го коментираше интервјуто на Папандреу за денешниот број на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, во кое тој уверува дека Грција не бара пари. – Не...

Continue reading

mediumi

Афродита покажува среден прст-Викторија држи свастика

Post Views: 2 Протестот е директно насочен против насловната страница на германскиот магазин “Фокус”, на кој под пораката “Измамници во Евро семејството” беше објавена слика од Венера со испружен среден прст. “Бараме германската Влада да ја осуди оваа најнепристојна публикација. Грците не се измамници. Кога имаш вакви пријатели, што ќе ти се непријатели”, изјавил Јоргос Лакуритис, претседател на Грчкиот институт на потрошувачи. Како дел од акцијата за бојкот на производите, здруженијата отпечатиле флаери кои ги делеле низ центарот на Атина. “Манипулирањето со статуа на грчката историја,...

Continue reading

Atina

ЕУ ќе се распадне поради Грчката финансиска криза

Post Views: 6 Грчката финансиска криза не му се заканува само на еврото, туку го загрозува единството на целата Европска унија и бара силен политички одговор, пишува денеска „Фајненшл Тајмс“. Тоа што се случува во Грција би можело да го загрози единството на европското семејство градено во текот на изминатите 60 години. Ако Европа на политички план не направи чекор напред во одговорот на грчката криза, ќе тргне чекор наназад и долгиот процес на европската интеграцијаќе почне да се распаѓа, оценува лондонскиот бизнис весник. Формирање единствен пазар и усвојување на заедничка валута...

Continue reading

Berlin

Германците сакаат Грција да биде исфрлена од еврозоната

Post Views: 2 Мнозинството Германци сметаат дека Грција треба да биде исклучена од евро зоната, покажуваат најновите истражувања.   Според истражувањето, 58 отсто од Германците сметаат дека, доколку е потребно, ЕУ треба да ја исклучи Грција од еврозоната. Истражувањата покажуваат дека две-третини од Германците се противат на идејата за кредитирање на Грција во висина од неколку милијарди евра. Планираното кредитирање на Грција наиде на противење и во германската влада, а и експертите сметаат дека економското закрепнување на самата земја е проблематично. Заменик претседателот на конзервативците...

Continue reading

Atina

Надворешниот долг на Грција ги тресе светските берзи

Post Views: 2 Во санирањето на тешката финансиска состојба на Грција треба да интервенира Меѓународниот монетарен фонд, а не Европската унија, „пред грчката драма да се претвори во криза“, пишува „Фајненшл тајмс“. Реакцијата на лондонскиот весник доаѓа веднаш по серијата потреси на светските берзи предизвикани од рекордниот надворешен долг на Грција. Финансиските експерти предупредуваат дека кревкото глобално заздравување може да биде загрозено од кризата во Грција и можноста таа да се префрли во Шпанија и Португалија. Меѓународните инвеститори стравуваат од расцеп во еврозоната....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top