Победа на ПАСОК, оставка на Караманлис

Грчкиот премиер Костас Караманлис доцна синоќа поднесе оставка на местото претседател на Нова Демократија, откако неговата партија постигна најлош резултат на избори од своето формирање во 1974 година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Andreas Papandreu
Андреас Папандреу

Грчкиот премиер Костас Караманлис доцна синоќа поднесе оставка на местото претседател на Нова Демократија, откако неговата партија постигна најлош резултат на избори од своето формирање во 1974 година.

izbori GrcijaКараманлис претходно во телефонски разговор со својот најголем ривал претседателот на ПАСОК Јоргос Папандреу го призна поразот на својата партија, која беше на власт во последните пет години.

Според резултатите врз основа на 40 насто од преброените гласачки ливчиња на вонредните парламентарни избори што се одржаа во неделата социјалистите освоија 43,7 насто од гласовите, додека за Нова Демократија гласале 37,2 насто од избирачите.

Според првичните резултати Пасок во новиот состав на парламентот би можел да има 159 од 300 пратенички места, додека на Нова демократија би и припаднале 96 мандати.
Предвремените избори 53-годишниот Караманлис ги распиша на половина од својот втор мандат под притисок на бројни скандали во неговата влада и незадоволството порази економската криза во земјата.
Караманлис победи на изборите во 2004 година, по речиси дводецениско владеење на социјалистите во Грција.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top