Tag: Грција

Грција од утре воведува нови ограничувања

Сопствениците на грчките кафулиња и ноќни клубови се загрижени дека новите ограничувачки мерки, кои овозможуваат да се служат само гости што седат, ќе ја загрозат туристичката сезона, но велат дека ги прифаќаат доколку тоа спречи ширење на коронавирусот. Грчките власти оваа недела вратија ограничувачки мерки за рестораните, ноќни клубовите и кафулињата. Правилата важат од утре и тие забрануваат да служат гости што стојат. „Тоа е чекор назад што сигурно ќе влијае на туризмот, но се чини дека е потребно за да не го изгубиме остатокот од летото. Ќе бидеме трпеливи“, рече 27-годишниот Илиас Бабацикос,...

Continue reading

Отворени сите гранични премини за Грција, ќе работат нон-стоп

По најавите дека Грција ќе ги отвори сите копнени гранични премини кон соседните земји, официјалната министерска одлука е веќе објавена во Службен весник, па така, од вчера, влезот кај јужниот сосед од Македонија можен е, освен преку Евзони (Богородица) и преку Ники (Меџитлија) и Дојран, јави дописничката на МИА од Атина. За разлика од претходно, кога преминот Богородица работеше со ограничено работно време, сега, согласно новата одлука, сите гранични премини работат 24 часа. Во одлуката „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е во сила до 8 јули 2021 година,...

Continue reading

До крајот на август делта сојот ќе стане доминантен во Грција

Делта сојот на Ковид-19 се очекува да стане доминантен во Грција до крајот на август, поради што населението треба да се вакцинира, рече претседателот на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), Панајотис Аркуманеас. Тој за телевизијата „Скај“ изјави дека 11 случаи на делта биле откриени во Атина, а таа варијанта е присутна и на Крит и Коринт. „Веќе утврдивме дека има 11 случаи на делта сојот, а денес очекуваме податоци и за повеќе случаи. Оние кои не се вакцинирани се изложени на ризик“, рече Аркуманеас, додавајќи дека мутираниот тип на коронавирусот е заразен за 50 до 60 проценти...

Continue reading

Грција испрати 20 000 вакцини во Албанија

Од Грција за Албанија денеска заминаа 20.000 вакцини „Астра Зенека“, соопштија, преку социјалните мрежи од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Додаваат дека заедно со Министерството за надворешни работи на Грција промовираат споделување на вакцини „бидејќи во борбата со Ковид-19 заедно сме посилни”. На почетокот на месецов, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија,...

Continue reading

Силно невреме во Грција: Загина маж во Солун

Силно невреме денес зафати повеќе делови од Грција, а во Солун загина маж откако бил повлечен со неговиот автомобил од надојдената вода. Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек е потрагата по неговото возило. Силно невреме ја зафати и Атина со обилен дожд и град, а во неколку населби од северниот...

Continue reading

Бразилска мутација на ковид-19 во Грција

Регистриран прв случај на бразилската мутација на ковид-19 во Грција. Прв случај на бразилската мутација P.1.2 (VOC-21JAN-02) потврдена е во Грција, а според грчките медиуми случајот е регистриран кај маж во Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Засега нема информации за тоа како конкретниот сој пристигнал во Грција. Националната организација за јавно здравје на Грција, во соопштенијата за новите случаи на Ковид-19 во земјата и за епидемиолошката слика, секој четврток ги вклучува и резултатите поврзани со потврдените мутации, па така, според последните податоци, од 1.567 анализирани позитивни...

Continue reading

Од 1-ви јули целосно се укинува полицискиот час во Грција

Од сабота полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Од сабота полицискиот час во Грција ќе биде пократок и ќе почнува во 01.30 часот, наместо 00.30 како што беше досега, а на угостителските објекти ќе им биде дозволено да пуштаат музика, соопшти попладнево заменик министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА...

Continue reading

Грција ќе испрати 20 000 дози вакцини за Македонија

Грција во координација со Европската Комисија, за нивните соседи Македонија и Албанија понуди по 20 000 дози вакцини. Во координација со Европската Комисија, Грција ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина. -Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Македонија и 20.000 дози за Албанија,...

Continue reading

Голем пожар во близина на Коринт во Грција

Властите на регионот Коринт на југот на Грција евакуираа жители на шест села на безбедно додека пожарникарите се борат со шумски пожар, соопштија властите. Сеуште нема извештаи за смртни случаи во пожарот. Најмалку шест села и два манастири беа превентивно евакуирани, поради големиот пожар што изби доцна синоќа во близина на Коринт во Грција, објави МИА. Грчката противпожарна служба со 182 пожарникари, седум пешадиски тимови, 62 возила, со 17 авиони, три хеликоптери и со помош на цистерни од општината и волонтери, се обидува да го стави под контрола пожарот. Портпаролот на противпожарната служба...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top