Грција ќе испрати 20 000 дози вакцини за Македонија

Грција во координација со Европската Комисија, за нивните соседи Македонија и Албанија понуди по 20 000 дози вакцини.

 |   | 

Во координација со Европската Комисија, Грција ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија, потврди портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина.

-Грција, во координација со Европската Комисија, како што прават повеќето европски земји за нивните директни соседи, ќе им понуди вакцини на соседните земји, 20.000 дози за Македонија и 20.000 дози за Албанија, рече Пелони.

Во однос на тоа кога би можеле да пристигнат вакцините, портпаролката на грчката Влада објасни дека постои одредена процедура на техничко ниво во координација со Европската Комисија.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис пред десетина дена од Брисел изјави дека Грција ја разгледува можноста билатерално да ги поддржи соседните земји со вакцини, а министерот за здравство Венко Филипче во понеделникот откри дека Македонија очекува 70.000 дози од вакцините, од кои 50.000 од Бугарија и 20.000 од Грција./МИА.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top