Силно невреме во Грција: Загина маж во Солун

Силно невреме денес зафати повеќе делови од Грција, а во Солун загина маж откако бил повлечен со неговиот автомобил од надојдената вода.

 |   | 

Делови на Грција денеска беа зафатени од силно невреме, а во Солун загина маж откако со автомобилот бил повлечен од надојдената вода предизвикана од обилниот дожд, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од противпожарната служба на Грција, безживотното тело на мажот било пронајдено во западниот дел од Солун, додека пак во тек е потрагата по неговото возило.

Силно невреме ја зафати и Атина со обилен дожд и град, а во неколку населби од северниот дел имаше и прекини во снабдувањето со електрична енергија поради поплава на трафостаница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top