Tag: грешка

Германски експерт смета дека депонија во сливното подрачје на езерото е грешка

Изградба на депонија во сливното подрачје на Охридското езеро со застарена технологија  од пред 30 -40 години е рамна на самоубиство. Ова е уште еден аргумент  против изградбата на регионална депонија во Годивје. Пораката доаѓа од  светски познатиот експерт за енергетика Манфред Шуберт со кој градоначалникот на Дебрца остварил средба.  Зоран Ногачески, градоначалникот на Дебрца има нов аргумент со кој ќе го разубедува министерството за животна средина да не се гради регионална депонија во Годивје туку да бара друга локација во Југозападниот плански регион. Ногачески деновиве остварил средба...

Continue reading

Американскиот претседател ја призна својата најголема грешка

Барак Обама ги откри својот најдобар и најлош ден во својот мандат Американскиот претседател Барак Обама рекол дека најголема грешка во својот осумгодишен мандат е хаосот кој настана во Либија по уривањето на Моамер Гадафи, но исто така утврдил дека интервенцијата во Либија била исправна одлука. “Требаше да интервенираме, но не се припремивме за она што следеше потоа”, признал Обама во интервју за Fox News. САД и другите западни држави во 2011 година за време на востанието против Гадафи извршија низа воздушни напади за да го “заштитат населението”. Но, откако Гадафи беше убиен од страна на неговите...

Continue reading

По грешка банка уплатила шест милијарди долари на свој клиент

Инцидентот се надоврзува на низата скандали во таа инвестициска банка Најголемиот заемодавач во светот, Deutsche Bank (DB), случајно на еден свој клиент му дозначил шест милијарди долари по впишување на погрешни бројки, објавија медиумите. Таа грешка во јуни ја направил помлад член на тимот на DB за продажба на девизи, објави Bloomberg. Шест милијарди долари се пратени на клиент во американскиот Hedge фонд, а парите се вратени еден ден подоцна. Тоа се случило бидејќи вработениот користел бруто наместо нето бројки, се наведува во соопштението. Инцидентот се надоврзува на низата скандали во таа...

Continue reading

Иванов: НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на Македонија

Ги браниме интересите на Алијансата иако не сме дел од неа. Одамна ги исполнивме стандардите и критериумите, а сепак останавме блокирани. Време е и Алијансата да ги брани своите интереси со тоа што ќе ни го дадат одамна заслуженото место, истакна претседателот на РМ Горѓе Иванов на 19 Конференција на началниците на генералштабови на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба, што денес се одржува во Охрид. НАТО прави стратегиска грешка со блокирањето на нашата земја, истакна претседателот на РМ Ѓорге Иванов, во своето обраќање пред учесниците на 19 Конференција на началниците на генералштабовите...

Continue reading

Samsung на удар на критики поради грешка во Galaxy Note 5

Станува збор за фантастичен уред со силен хардвер но… Откако Apple минатата година ги претстави новите модели на своите iPhone, дел од корисниците се пожалија на проблеми со превиткување на екранот што конкурентските компании веднаш го искористија и почнаа со исмевање на тие уреди.Помалку од една година откако го исмејуваа Apple, во проблеми со новиот модел се најде и Samsung. Оваа компанија зад која е тежок период во кој бележат пад на продажбата и профитот, неодамна ги претстави давата нови модели Galaxy S6 Edge+ и Galaxy Note 5. Станува збор за фантастични уреди кои ги карактеризираат...

Continue reading

Microsoft за пронаоѓање грешка во софтверот дава 100.000 долари

Нов играч во индустријата за наградување но добро се снаоѓа Компанијата Microsoft е релативно нов играч во индустријата за наградување за пронаоѓање грешки, но и во ова подрачје добро се снаоѓа.Имено, минатата седмица објавена е надоградба на оригиналната програма и наградата за оние кои ќе пронајдат безбедносен проблем во софтверот на Microsoft наградата е зголемена двојно и сега изнесува 100.000 долари.Со други зборови, тоа е износот кои може да се добие ако се пронајде грешка во апликациите на Microsoft квалификувани за Bounty for Defence категоријата, пишува Softpedia.Microsoft истовремено...

Continue reading

Најчеста грешка на возачите кои ја прават со клима уредот во автомобилот

Клима уредот помага, но треба да се знае како правилно да се употребува   Големите горештини знаат да бидат вистинска неприлика при возење на автомобил, а најмногу при долгите патувања на море. Клима уредите помагаат, но треба да се знае како правилно да се искористат на најдобар можен начин. Angel Suarez, инженер во техничкиот центар на Seat, објаснува дека една од најголемите грешки која возачите ја прават е тоа што не го проветруваат возилото пред да ја вклучат климата.“Ако ги отвориме прозорците околу 30 секунди пред вклучувањето на климата, првиот удар на горештината ќе се распрска сам...

Continue reading

Неверојатен гаф на австралиската влада

Лични податоци на светски лидери протекоа во јавност Австралиската канцеларија за емиграција и заштита на границите направила тежок гаф и по грешка објавила лични податоци за 31 светски лидер кои учествувале на самитот G20, одржан во Австралија кон крајот на 2014 година. За да биде пропустот уште поголем, со слободна проценка одлучиле за ова да не ги известат светските лидери кои биле засегнати со ова прашање. Личните податоци, на светските лидери на последниот самит G20 одржан во Австралија, се откриени по човечка грешка, а меѓу откриените податоци на светските лидери се и најмоќните – Barack...

Continue reading

drva

Кражба на дрва во струшко Татеши

Полициската станица- Струга Струга поднесе кривична пријава против А.П.(61) и К.И.(53), за сторено кривично дело „кражба“.   Полициската станица- Струга Струга поднесе кривична пријава против А.П.(61) и К.И.(53), за сторено кривично дело „кражба“. На 24.11.2014 година, во с.Горно Татеши, струшко, извршен е претрес на семејната куќа на А.П., каде се пронајдени два кубни метри огревно дрво даб, за кои немал соодветна документација. Од извршен разговор со синот на A.П. утврдено е дека K.И. наводно предходно по грешка   исекол дрва од парцела на  A.П., а како извинување ги донел пронајдените дрва...

Continue reading



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top